Škola brzog čitanja i mudrog učenja
Информација за франшизниот ситем
„Школата за брзо читање и паметно учење“ е бизнис проект организиран во соработка со германската компнанијата "DOOR Training & Consulting" од Визбаден, Германија. Во основата на проектот е развој и имплементацијата на програма за „Брзо читање и паметно учење“, наменета за деца од училишна возраст, како и возрасни, кои сакаат низ игра и со помалку досада и трошење на време, да постигнат подобри резултати на училиште, на факултет и на своето работно место.
Идејата на програмата е учесниците во истата да научат да учат побрзо и посоодветно, и притоа тоа што ќе го научат многу години да го користат и надоградуваат во подоцнежна фаза од школувањето. Идеални кандидати за оваа програма се бистри деца, кои можеби малку се и мрзливи, или вредни, но малку дефокусирани, како и деца кои изразито сакаат еден или два предмети на училиште, а останатите предмети воопшто не ги сакаат.
Основни резултати на оваа програма:
- Подобра мотивација за учење;
- Поголема способност на филтрирање и организирање при совладување на материјалот за учење;
- Полесно памтење и потешко заборавање на обработените податоци;
- Штедење на време;
- Функционално презентирање на наученото знаење – при писмено и усно презентирање;
Клучни цели кои нашите ученици стандардно ги постигнуваат, со користење на вештините кои ги стекнале за време на програмата:
- Четири до петкратно зголемување на брзината на читање - независно од типот на читање;
- 50% подобрување во концентрацијата и разбирањето на прочитаното - независно од типот на читање;
- Способност на брзо извлекување на најважните информации од текстот, нивно форматирање во форма на клучни зборови и нивно организирање во дијаграмски приказ (мапа), како полесно би може да ја раскажат научената материја и полесно да одговараат на поставените прашања - со значително подобра долгорочна меморија на научената материја;
- Трипати побрза меморија - во однос на врсниците - на списоци, дефиниции, песни и слични единици на текст - со драстично подолго памтење на научената содржина;
- Способност за планирање во група, што може драстично да го намали времето поминато на учење (особено погодно во случаи кога детето отсуствува од училиште заради некоја причина).
Ние ви нудиме можност да станете наш локален партнер и да започнете креативен и ветувачки бизнис со отворање на „Училиште за брзо читање и мудро учење“.
Со пристапувањето во нашиот систем ќе ги стекнете сите знаења и вештини потребни за имплементирање на програмата за брзо читање.
Сопствени деловни единици
-
Франшизна единица
9 -(4 во Скопје (Центар, Карпош и Аеродром), Кочани, Кавадарци, Куманово и Охрид, Кисела Вода).
21 во Србија, 3 во Босна и Херцеговина, 5 во Црна Гора, 25 во Хрватска, 2 во Словенија, 1 во Унгарија.
Информација за примателот на франшиза
- Знаење и методи за спроведување на програмата за брзо читање, знаење и методи за спроведување на програмата за брза меморија, знаење и методи за спроведување на забрзана програма за учење, знаење и методи за спроведување на програмата за ефективно презентирање на научениот материјал;
- Обука за обучувачи (обука за обучувачи е задолжителна и трае околу 15 дена);
- Право на употреба на нашиот жиг;
- Кnow-how;
- Учебници, прирачници, скрипти;
- Сите потребни апликации и презентации за детално водење на часовите;
- Територијална ексклузивност;
- Постојана поддршка од нашата централна канцеларија;
- Поддршка во управувањето со локалниот центар;
- Поддршка при водење маркетинг кампањи;
Очекувана вкупна инвестиција
Почетна надохнада за франшизата: 3.500 до 5.500 €
- Редовна месечна претплата: 10% од прометот
- Надомест за маркетинг: /
Почетнa инвестициja
- Опремување на просториите: приближно од 1.000 до 1.500 евра
- Вкупна очекувана инвестиција за стартување на бизнисот: од 4.500 до 7.000 евра
Основни барања
Примателот на франшизата треба да обезбеди простор (училница). Училницата треба да биде опремена со основни наставни помагала (клупи и столици, табла, компјутер, монитор, печатач).
Информација за давателот на франшиза
Škola brzog čitanja i mudrog učenja
Дознајте повеќе
Издвоени франшизи
Нема издвоена франшиза
Најнови вести
Прикажи сè
Франшиза што го разубавува детството
Јована Дракулиќ, основачка на IKA со 20+ години искуство, создаде градинка што спојува знаење и љубов, сега шири концептот преку франшиза.
Научна кујничка – наука низ игра
Научната кујничка ги спојува науката и играта преку експерименти и работилници за деца, додека на франшизерите им нуди стабилен и перспективен бизн...
Ширењето на знаењето без граници
„Школата за брзо читање и мудро учење“ претставува еден од ретките домашни франшизни системи кој со години успешно се носи со сите предизвици и пос...
NYC BAGEL франшиза која мириса на успех
Њујоршки багел со сараевска душа: како еден брачен пар започна успешен бизнис и сега нуди франшиза за сите што сакаат автентичен бренд во својот град.
PROFIT franchise services, дел од групацијата PROFIT system (PROFIT system sp. z o.o.), како издавач на Franchising.mk ве информира дека не собира ниту обработува податоци испратени преку формуларот за контакт (образец за контакт). Сите информации внесени во образецот за контакт се испраќаат по електронска пошта до организаторот на франшизниот систем, како што е наведено во каталогот. Системот што ги прима испратените податоци ќе ги користи за да повратно пружи повеќе информации за сопствениот бизнис. Испраќањето на лични податоци е доброволно, а организаторот на системот кој прима податоци од образецот за контакт е воедно субјектот одговорен за собирање и обработка на лични податоци.