Maple Bear

Информација за франшизниот ситем

Школа за странски јазици
Минимален износ на инвестиција 35.000 EUR

Канадските училишта Maple Bear ги донесоа во Европа најдобрите искуства од Кандската билингвална (двојазична) методологија за образование. Maple Bear е најголемата светска образовна франшиза и една од најбрзорастечките приватни образовни брендови во светот.

Maple Bear е позициониран како најдобар (премиум) бренд.  Образовните центри на Maple Bear обично се регистрирани како локални училишта, приспособени на локалните образовни регулативи, нудејќи целосно јасна локална наставна програма со канадската програма и методологија на учење  која на децата им дава можност  да стекнт  вештини за 21 век.

Детските и предучилишни програми нудат целосно користење на англискиот јазик  или билингвална програма (во зависност од локалните правила). Основното и средното образование  опфаќа билингвало учење каде канадските наставни програми и начинот на предавање се прилагодени на локалните програми и барања на Министертсвото за образование.

„Maple Bear“ сега дава поволна можност за соработка така што на деловните луѓе и локалните образовни системи им нуди поединечна франшиза (single-unit franchise). Примателот на одделната франшиза управува со подружницата откако стекнал право да го има и води училиштето „Maple Bear“ за период од 10 години, со можност за продолжување на соработката. Лиценцата дозволува управување со сите формати на едукативниот центар – од градинки до средни училишта. Меѓутоа, примателот на франшизата нема обврска да го развива целиот спектар, туку само да отвори, на пример, градинка.

„Maple Bear“ е франшиза која нуди деловна можност:

  • на постојните приватни градинки во кои одат деца со добро познавање на англискиот јазик, а кои  би сакале да се издвојат од  конкуренцијата и да понудат на своите ученици (домашни и странски)  целосно „нурнување“  во англискиот и модерна, препознатлива методологија на подучување,  или сакаат да додадат програма за предучилишно образование  во своето портфолио, за што им е потребна поддршка од искусна мрежа.
  • на училиштата за англиски јазик кои сакаат повеќе да се насочат на образованието
  • на претприемачите кои би сакале да развијат бизнис во образовната сфера со силна поддршка на најголемиот едукативен франшизинг концепт во светот.

Сопствени деловни единици

15

Франшизна единица

  • 32 земји (Канада, Бразил, Бангладеш, Кина, Индија, Кенија, Мексико, Мароко, Непал, Филипини, Сингпур, Јужна Кореа, Шри Ланка, ОАЕ, САД, Виетнам...).
  • Србија (1), Албанија (1), Бугарска (3), Румунија (2), Украина (2)
  • + 560 училишта

Информација за примателот на франшиза

Поддршката за примателите на Maple Bear франшизата подразбира:

Поддрка пред отворање

  • Бизнис план
  • Скици за изгледот на училиштето и училницата
  • Примена и реализација на проектираниот план и постојано ажурирање
  • Водич за новите сопственици

Поддршка во работењето

  • Оперативен прирачник
  • Планови и прирачници за итни случаи
  • Прирачник за деца со посебни потреби
  • Водичи за вработените, за учениците и родителите
  • Училишен CRM ( управување на односите со клиентите)
  • Комплетен водич за вработување, заедно со описот на работењето, обврските, предлог и начин за презентација на услугите, системот на работење, наставните програми, методологијата...)
  • Помош при вработување
  • Стратегија и поддршка при запишувањето на учениците

Поддршка во наставата

  • Канадска наставна програма за деца на возраст од 18 месеци до 18 години
  • Дневен план за предавањата
  • Канадска методологија и стратегија за подучување
  • Почетна обука (на самото место) и тековна обука и советување (најмалку 4 седмици годишно)
  • Виртуелен директор за настава (Virtual Academic Director) за секој одделен примател на франшиза
  • Ажурирање на наставните програми
  • Средби на наставниците и сопствениците на училиштата

Поддршка во маркетингот

  • Веб сајт (интернет страница), социјални мрежи, прилагодување и поддршка за електронска пошта
  • Онлајн маркетинг и обука за комуникација
  • Книга со визуелни стандарди (Brand identity Rulebook)
  • Онлајн библиотека со маркетинг материјали
  • Содржини за социјалната мрежа
  • Видео материјали
  • Национални промотивни кампањи – подигнување на свеста за брендот

Очекувана вкупна инвестиција

  • Почетен еднократен надомест: 25.000 евра
  • Почетен еднократен надомест: Косово - 25.000 евра, Албанија - 25.000 евра.
  • Редовен надомест: 8%
  • Надомест за маркетинг – само во земјите со повеќе установи
  • Очекувана вкупна инвестиција – почнувајќи од 250.000 евра

Основни барања

  • Претприемачи кои веќе работат во секторот образование
  • Претприемачи без искуство на полето на образованието
  • Сопственици на училишта за англиски јазик
  • Ќе ги поддржиме и ќе им посакаме добредојде на сите кои ги споделуваат нашите вредности и имаат голема желба да работат на полето на образование

Информација за давателот на франшиза

Maple Bear CEE

Pin icon2 Grigor Parlichev Street, Sofia, Bulgaria Website icon maplebear-cee.com

Дознајте повеќе

Пополнете ја контакт формата подолу доколку сакате повеќе информации, информациите содржани во формата ќе бидат проследени директно до Maple Bear
Phone
Email
Phone

PROFIT franchise services, дел од групацијата PROFIT system (PROFIT system sp. z o.o.), како издавач на Franchising.mk ве информира дека не собира ниту обработува податоци испратени преку формуларот за контакт (образец за контакт). Сите информации внесени во образецот за контакт се испраќаат по електронска пошта до организаторот на франшизниот систем, како што е наведено во каталогот. Системот што ги прима испратените податоци ќе ги користи за да повратно пружи повеќе информации за сопствениот бизнис. Испраќањето на лични податоци е доброволно, а организаторот на системот кој прима податоци од образецот за контакт е воедно субјектот одговорен за собирање и обработка на лични податоци.