GIOVANNI GALLI
информација за франшизниот ситем
опис на франшизниот систем
Giovanni Galli (Џовани Гали) бара партнери во сите земји од поранешна Југославија, освен во Словенија - каде што веќе постои франшизен партнер. Отворени сме за повеќе опции на соработка: мастер франшиза за регион или една земја (со ексклузивни права за таа територија), но и опција со single-unit (единечна или повеќе продавници) или корнер франшиза (дел од мулти-бренд продавница).
Ние ви нудиме можност да бидете партнер на моден бренд наменет за мажите, со 3 модни линии (спортска, кежуал и класична) и одличен сооднос квалитет/цена. Се обраќаме на модерните и урбани мажи, помеѓу 25 и 60-годишна возраст, оние кои "држат до себе и до својот изглед" - како секојдневно, така и на работа.
Нашиот бренд е многу познат во Португалија, и припаѓа на групацијата Unifato, која работи во текстилната индустрија, има повеќе модни (меѓународни) брендови и две сопствени фабрики за текстил. Нашиот фокус сега е ширење во Европа.
Некои од работите што нè карактеризираат:
- Нашите производи се со висок квалитет и во главно произведени во Португалија (направени во ЕУ)
- Одлични цени и сооднос цена / квалитет
- Ние сме позиционирани во "средниот сегмент", каде што има многу малку конкуренција
- Нудиме широк избор на различни колекции
сопствени деловни единици
52 во Португалија
франшизна единица
11 (Словенија, Казахстан, Иран, Јордан, Катар, Алжир, Ангола, Египет)
фотографија на деловна единица
информација за примателот на франшиза
поддршка за примателот на франшиза
- Деловна поддршка, од моментот на потпишување на договорот за франшиза;
- Помош при изборот на локација, анализа и одобрување на локацијата на продавницата;
- Помош при дизајнирање и опремување на просторот;
- Маркетинг и адвертајзинг материјал;
- Поддршка од Giovanni Galli тимот во фазата на отворање на продавницата;
- Поддршка од Giovanni Galli мерчендајзерите - во времето на отварање, како и подоцна, при изложување на нови колекции;
- Обука на вработените за ефикасен мерчендајзинг, познавање на ИТ апликации и продажни техники;
- Совети за избор и нарачување на атикли;
- Поддршка во тековното работење, итн.
очекувана вкупна инвестиција
-
основни барања
- локал со добра локација, по можност во прометен трговски центар (продавница со големина 100 м2, плус 30% магацински простор, излог со големина од 6 до 8 м.)
Потенцијални партнери:
- компании со искуство во модната индустрија
- компании со искуство во развој на странски франшизни концепти
- приватни инвеститори и фондови
информација за давателот на франшиза
Giovanni Galli (Unifato Group)
Lisbon, Portugal
+381 638459923
контакт особа за кандидатите
Tiago Carruço (Англиски
португалски)
дознај повеќе
погледнете ги текстовите
Бугарскиот бренд Brutale кој се карактеризира со елегантни машки костуми шиени по мерка, тргнува во експанзија во Европа. Приматели на франшиза бараат и меѓу претприемачите од овој Македонија.
Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.
PROFIT franchise services, дел од групацијата PROFIT system (PROFIT system sp. z o.o.), како издавач на Franchising.mk ве информира дека не собира ниту обработува податоци испратени преку формуларот за контакт (образец за контакт). Сите информации внесени во образецот за контакт се испраќаат по електронска пошта до организаторот на франшизниот систем, како што е наведено во каталогот. Системот што ги прима испратените податоци ќе ги користи за да повратно пружи повеќе информации за сопствениот бизнис. Испраќањето на лични податоци е доброволно, а организаторот на системот кој прима податоци од образецот за контакт е воедно субјектот одговорен за собирање и обработка на лични податоци.