Франшиза по мерка, за оние со стил!

Модата не познава граници / Бугарскиот бренд Brutale бара приматели на франшиза во сите земји од Европа
Вторник
26.11.2019
Бугарскиот бренд Brutale кој се карактеризира со елегантни машки костуми шиени по мерка, тргнува во експанзија во Европа. Приматели на франшиза бараат и меѓу претприемачите од овој Македонија.
 

На секој маж барем еднаш во животот му е потребен убав, елегантен костум. Понудата на пазарот, за волја на вистината, никогаш не била поголема и се чини им одговара на различни категории на купувачи. Без оглед на стилот или куповната моќ, купувачите се навикнати за секого да има по нешто, а да не мораат да издвојат многу пари, особено ако ја користат понудата „ready-to-wear“ (подготвени да носење), за производи кои се нудат во сите поголеми малопродажни ланци. Од друга страна се купувачите кои сакаат врвен квалитет, единствен, беспрекорен и неповторлив изглед. Тие можат да ги користат традиционалните услуги за костуми шиени по мерка. Иако се поскапи, сепак оваа индустрија повторно цути. Тоа го потврдува и сопственикот на Амокин компанијата од Бугарија, Николај Костадинов, кој пред десетина години се појавил на пазарот со брендот Брутале (Brutale) нудејќи врвни машки костуми работени по мерка. 

Живееме во време кога од готови производи преминуваме на производи работени по мерка. Под производи подразбирам облека, телефони, автомобили, велосипеди, мебел, модни додатоци. Иако облеката не го прави човекот, сепак многу говори за него. Затоа и не изненадува фактот што се почесто  мажите согледуваат дека конфекцискиот не може да биде во истиот ранг со добро скроениот костум по мерка – вели Николај Костадинов. 

Покрај верувањето дека се работи за мал број на заинтересирани, Brutale на домашниот пазар има одлични резултати. Впрочем, компанијата денеска цели кон проширување на брендот на пазарите низ Европа.

Трендот на костумирање им оди од рака, сигурни се во квалитетот на своите производи, но и свесни дека имаат специфична и силна конкуренција. – Детектираме две групи на конкуренти: компании кои нудат готови костуми и компании кои, како и ние, нудиме шиење по мерка. Готовите можеме да ги поделиме на ефтини и скапи. Во однос на цената, не можеме да се споредуваме со ефтините готови костуми. Сепак нашите купувачи често се прашуваат дали треба да купат костум по мерка од Brutale за 700 евра, сошиен од квалитетен италијански материјал или готов костум од некој познат бренд. Разликата во изгледот и квалитетот е на страната на Brutale. Но, живееме  во светот каде „брендот“ значи повеќе. Затоа и работиме на тоа Brutale  да стане бренд во категоријата костуми шиени по мерка – објаснува Костадинов.

Нашиот соговорник е сигурен дека Brutale е еден добар пример за теоријата на влијателниот харвардски профеосор по економија Мајкл Портер кој тврди  дека „пазарот може да се освои на два начини: со понуда на поефтин или на подобар производ од конкурентот“. – Ние нудиме подобар производ и тоа има своја цена. Но, Brutale е точно на средината - поскапи сме и поквалитетни од сите брендови на готови костуми, а поевтини од премиум брендовите на костуми шиени по мерка – објаснува Костадинов. – При тоа користиме само италијански материјали со врвен квалитет, главно од најстарите и најценети произведувачи во светот. Квалитетот и видот на ткаенината секако влијаат на крајната цена – вели Костадинов и прецизира дека цената на Brutale костумите се движи од 500 до 1500 евра. 

Се смета дека костумите по мерка се резервирани само за одредени купувачи. Но Костадинов вели дека базата на нивни клиенти е широка. – Само во земјите од Европската Унија живеат околу 216 милиони возрасни мажи и сите ни се целна група. Доколку, пак, треба да издвоиме типични купувачи на брендот Brutale, тоа се мажи кои секојдневно носат костум: бизнисмени, архитекти, правници, државни службеници, политичари, банкари, вработени во корпорации и многу други. Но како што веќе рековме, секој маж, барем неколку пати во животот ќе има потреба од костум, за одредени пригоди. Заради тоа и не треба да се бега од добро скроен костум по мерка – вели Костадинов. 

Целта да се привлечат што повеќе купувачи и да се прошират на европските пазари ги довело и до развивањето на франшизен модел на работа. – Со години успешно работевме во Бугарија по што одлучивме да развиеме и понудиме франшиза.  Во светот на бизнисот има различни стратегии на раст. Една од нив е работење на што поголема територија. Свесни сме дека водењето бизнис во некоја друга земја не може да се сведе само на инвестиција бидејќи, пред се, се работи за разбирањето на локалната култура и комуникацијата со купувачите. Затоа и ни се потребни франшизни партнери кои ќе ги нудат нашите производи и услуги на локално ниво – вели Костадинов.

За да се престават на пазарите кои најмногу влијаат на нивното работење, Brutale отвориле и канцаларии во Лондон и Милано. – Поимањето на елегантен машки костум, без сомнеж, се поврзува со Англија и ние сакаме да понудиме таков костум, подобрен и прилагоден на денешните трендови. Канцаларијата во Милано, пак, е задолжена за комуникацја со нашите италијански добавувачи. – објаснува Костадинов. Brutale моментно има и седум професионални кројачи кои патуваат низ Европа, имаат средби со клиенти и земаат мерки за костуми. – Но сакаме да се прошируваме, да бидеме присутни на локалните пазари во секоја земја од Европа – истакнува Костадинов. 

Франшизните партнери на брендот Brutale, вели нашиот соговорник, ќе можат многу лесно да отпочнат и раководат со оваа работа. Благодарение на обуката и поддршката која ќе ја добијат и немањето потреба од купување на скапи машини за шиење, вработуваат професионални кројачи, се грижат за резервите. – Тие треба само да земаат мерка и да ги продаваат костумите. Ние го сработуваме останатото: го произведуваме нарачаното и го испорачуваме на партнерите во рок од 15 дена, каде и да е во Европа – вели Костадинов. 

Франшизна единица може да се отвори со 20.000 евра (без ДДВ) доколку франшизниот партнер се определи само за продажба на костуми, или со 25.000 (без ДДВ) доколку во понудата вклучи и кошули по мерка. – Овие суми ги покриваат сите трошоци за франшизниот надомест,, примероците на костуми и материјали, пренесување на знаење и обуки. Нема скриени трошоци од наша страна, а примателите на франшизата нема да мора да плаќаат редовен надомест или надомест за маркетинг – објаснува Костадинов. 

Според востановената практика, примателите на франшизата на давателот му ги плаќаат костумите по големопродажна цена, а крајната цена со маржата за примателот, главно зависи од условите на локалниот пазар. – Ние ја препорачуваме висината на маржата, но нашите партнери најдобро го познаваат пазарот каде работат, па можат да ја зголемуваат или намалуваат. Времето за враќање на инвестираното зависи од повеќе фактори: почетната инвестиција, тековните трошоци за работа, прометот. Нашиот деловен модел е профитабилен, но и покрај тоа, примателите на франшизата треба вредно да работат и да ги следат препораките за работење – напоменува Костадинов. 

На одлуката да направат посебен франшизен пакет кој вклучува и изработка на кошули по мерка, пред се, влијаело искуството – Тоа ни покажува дека купувачите сакаат слободен избор. Во САД и Европа има многу брендови кои нудат само кошули по мерка. Сите носат кошули, но секој маж не сака да носи костум, нели? Сепак различната маржа за понудата на костум и кошула е доволно голема за да се игонира. Сметам дека провизиите во нашиот франшизен модел се формирани така да бидат јасни и праведни за двете страни. Оттука, колку повеќе производи понудите, толку е подобро – смета Костадинов и додава дека примателите на франшизата ќе имаат можност да понудат и џебни шамивчиња и вратоварски со исклучителен квалитет made in Italy.

Иако станува збор за биснис кој ја вклучува и продажбата, Brutale не бара од своите приматели на фрншиза да отворат продавница или продажен салон. Како ќе работат на промоцијата на брендот или како ќе стигнат до купувачите, примателите ќе можат да научат на обуката.  – Свесни сме дека работиме на одреден пазар и би рекол дека имаме многу искуство со сите маркетинг канали. Примателите нема да имаат проблем да дојдат до клиентите бидејќи знаеме што функционира најдобро. Покрај тоа, партнерот ќе помине обука и за продажба и маркетинг. Ќе уредува и своја локална веб страница и профили на социјалните мрежи, а ние ќе ги советуваме и помагаме да бидат што повеќе забележливи – вели Костадинов. 

Можно ли е да се направи совршено скроен костум само со помош на земените мерки.? Костадинов вели дека ризикот од рекламација е минимален. – Обуката за земање на мерка низ која минуваат примателите, како и за технологијата која ја користиме, води кон тоа дека можните грешки се исклучително мали. Се разбира, се зависи од случај до случај. Ако примателот на франшизата не ги зел добро мерките што доведува до рекламација, тогаш тој има обврска да ги надомести трошоците за изработката на костумот. Ако пак ние сошиеме костум кој не одговара на земените мерки, тогаш трошокот е наш. Сепак, сметајте на тоа дека малите корекции можат да се направат и во локалните продавници, со што сите  заштедуваат  време и пари – ние, примателот на франшиза и клиентот објаснува Костадинов.

Совршени кандидати за оваа франшиза, нормално се луѓето кои ги интересира модата. Не е нужно да имаат искуство во областа, иако искуството во продажбата ќе им биде од голема помош. – Меѓутоа и тоа не е задолжително, бидејќи, да повторам, на партнерите ќе им пружиме целосна обука и за земање на мерки и за продажба. Значи, да поедноставиме, бараме исклучително мотивирана личност, која пред се, знае да слуша. Личноста која е исклучително комуникативна и способна да остварува контакт со различни луѓе, секако ќе има подобра појдовна позиција кога ќе започне со работа – вели Костадинов.


Николај Костадинов, компанија Ампокин / „Живееме во време кога од готови, преминуваме на производи правени по мерка. Иако облеката не го прави човекот, сепак тоа многу зборува за него. Затоа и не е за изненадување што се повеќе мажи увидуваат дека конфекцискиот костум никогаш не може да биде на исто рамниште со добро скорен костум по мерка“.
Санда Србиновска
Новинар

најчитани

Полека и сигурно до франшиза /06.07.2021

Доколку водите мал бизнис што може лесно да се „реплицира“, франшизингот е идеален начин за проширување на вашиот бизнис. Сепак, кои се основните предуслови за развој на успешна франшиза?

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Кога ќе се спојат пријатното и полезното /06.02.2019

Ивана Коприванац стана примател на Husse франшиза во пресуден момент во животот. Иако со досегашните резултати е задоволна, смета дека претприемачот секогаш мора да тежнее кон подобро.

Создавање на нови искуства - оваа франшиза од регионот така го освојува светот! /02.12.2019

Carwiz е rent-a-car франшизa од Хрватска која продолжува со ширењето на мрежата на неколку континенти. Ни откриваат како го создале франшизниот систем и што е потребно за освојување на светските пазари.

Топ-500 американски франшизи според Entrepreneur: храната и натаму број 1... /04.02.2020

Анализата на листата на 500 најуспешни американски франшизи која ја подготвува и објавува списанието Entrepreneur покажува дека бизнисите поврзани со храна и натаму се меѓу најпосакуваните франшизи.