Малац Генијалац

Информација за франшизниот ситем

Образовна програма за деца
Минимален износ на инвестиција 4.000 EUR

Училиштето по ментална аритметика „Малац Генијалац” претставува посебен вид на едукација, наменет за здрав развој на детскиот мозок. „Малац Генијалац” во својата основа ја има менталната аритметика, која претставува проверена програма за развој на менталните способности кај децата, а настанала како резултат на долгогодишно работење на психолози, педагози и други стручњаци од областа на едукацијата и образованието. Програмите на менталната аритметика потекнуваат од Источна Азија и долги години наназад широко се употребуваат во повеќе од 50 земји, насекаде низ светот.

„Малац Генијалац” сака да се прошири и низ територијата на Македонија. Токму затоа е креиран франшизен пакет на училиштето по ментална аритметика „Малац Генијалац”. Франшизата „Малац Генијалац” ја нудиме на сите заинтересирани, во сите градови на Македонија, но и на заинтересираните партнери за мастер франшизата, во останатите земји од регионот.

Ви нудиме целокупен франшизен пакет, осмислен и тестиран во повеќе од десетина постоечки школи. „Малац Генијалац” е работа со „своја мисија” – работа во која секојдневно ќе уживате, но и работа која подразбира разумна инвестиција и брза заработка.

Сопствени деловни единици

5 во Скопје (Центар, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Карпош)

Франшизна единица

7 во Македонија -  Кавадарци, Kуманово,  Кичево, Штип, Велес,Oхрид, Битола

337 франшизи во 16 земји

Информација за примателот на франшиза

Со влегувањето во франшизниот систем, примателот на франшизата добива:

• знаење и право на употреба на ментални аритметички методи
• сертификација на наставникот
• право на употреба на лого
• know-how
• обезбедување на студентски сет
• патентирани интернет портали
• сите потребни апликации
• територијална ексклузивност
• постојана поддршка од централната канцеларија
• поддршка за маркетинг
• насоки и поддршка за наоѓање на вистинската локација за училиштето
• упатства за дизајнирање на архитектонски решенија за училиштето и училниците
• поддршка за вработување и обука на вработените
• поддршка при започнување бизнис

Очекувана вкупна инвестиција

• Цената на франшизата зависи од опфатената популација, од 1500 ЕУР до 6000 ЕУР
• Надомест (royalty fee) е 10% од месечната школарина
• Договорот за франшиза се потпишува на четири години, со можност за бесплатно продолжување по истекот на договорениот период
• Вкупната очекувана инвестиција во дизајнирање и опремување на почетниот простор е 1000 - 3000 ЕУР

Основни барања

Примателот на франшизата треба да е правно лице - д.о.о. или трговец поединец. Може да го користи правното лице кое веќе го има, или треба да основа ново.

Приматели на франшиза можат да бидат (на пример): сопственици на училишта за странски јазици, сопственици на спортски клубови, сопственици на едукативни центри, сопственици на игротеки, сопственици на училишта ...

Малац Генијалац може да биде единствена работа, но исто така може да биде дополнителна активност, односно може да се додаде како дополнителна работа.

Примателите на франшиза пожелно е да бидат ориентирани кон претприемништво и да сакаат целосна финансиска независност.

Примателот на франшиза треба да обезбеди простор каде ќе се одвива наставата. Може да биде наменски простор или може да биде простор веќе користен за слични намени.

Училницата треба да биде опремена со маси и столови, бела магнетна табла, телевизор, голем наставен абакус, а за предавачот потребен е лаптоп.

Информација за давателот на франшиза

Анса д.о.о.

Pin iconБлагоја Стефковски бр.106, Скопје Website icon malacgenijalac.mk

Дознајте повеќе

Пополнете ја контакт формата подолу доколку сакате повеќе информации, информациите содржани во формата ќе бидат проследени директно до Малац Генијалац
Phone
Email

PROFIT franchise services, дел од групацијата PROFIT system (PROFIT system sp. z o.o.), како издавач на Franchising.mk ве информира дека не собира ниту обработува податоци испратени преку формуларот за контакт (образец за контакт). Сите информации внесени во образецот за контакт се испраќаат по електронска пошта до организаторот на франшизниот систем, како што е наведено во каталогот. Системот што ги прима испратените податоци ќе ги користи за да повратно пружи повеќе информации за сопствениот бизнис. Испраќањето на лични податоци е доброволно, а организаторот на системот кој прима податоци од образецот за контакт е воедно субјектот одговорен за собирање и обработка на лични податоци.