YES INTERNATIONAL

Информација за франшизниот ситем

Школа за странски јазици
Минимален износ на инвестиција 4.000 EUR

YES INTERNATIONAL е модерно училиште за странски јазици и образовен центар со 15 години успешно работење на пазарот.
Нудиме иновативни програми за деца, тинејџери и возрасни возрасни, комбинирајќи класични методи со современи дигитални технологии.
Присутни сме во растечкиот сектор на приватното образование и настава по странски јазици, со силен бренд и изграден углед.

По што се издвојуваме?

  • Интегрирани програми за брзо и функционално усвојување на јазикот
  • Фокус на практична примена на јазикот и развој на комуникациски вештини
  • Иновативна комбинација на јазици, математика и логичко размислување (уникатна на пазарот)
  • Персонализиран пристап кон учењето
  • Користење на дигитални алатки и интерактивни платформи во наставата
  • Висок квалитет на наставата со континуирана обука на наставниот кадар
  • Организација на кампови (локални и во земјите чиј јазик се изучува)
  • Работилници во рамките и надвор од редовната настава
  • Натпревари и други креативни настани
  • Логички игри на странски јазик

Што нудиме преку франшизата?

  • Целосно развиен и докажан бизнис модел
  •  Функционален образовен систем
  • Готови наставни програми и материјали
  • Поддршка при отворање и управување со образовен центар
  • Софтверска и техничка поддршка
  • Маркетинг алатки и поддршка при брендирање
  • Континуирана обука и професионален развој на вработените
  • Членство во мрежата на успешни YES INTERNATIONAL франшизни партнери
  • Помош при избор на локација и уредување на просторот

За кого е соодветна YES INTERNATIONAL франшизата?

  • Претприемачи заинтересирани за областа на образованието
  • Сопственици на постојни школи за јазици и образовни центри
  • Професори и едукатори со визија за развој на сопствен центар
  • Инвеститори кои сакаат да влезат на стабилен и растечки пазар

Зошто токму сега?

  • Глобален раст на интересот за изучување на јазици
  • Сѐ поголема потреба од современи и квалитетни едукативни програми
  • Недостаток на стандардизација во многу локални заедници — можност за диференцијација
  • YES INTERNATIONAL нуди препознатлив бренд, ефикасна методологија и целосна поддршка за брз развој на бизнисот

Нашата мисија:

Образование за современиот свет — да се учат јазици, да се развива умот, да се прошируваат хоризонтите.

Придружете се на франшизната мрежа на YES INTERNATIONAL и заедно да ја обликуваме иднината на образованието!

🌐 www.yesinternational.mk

Сопствени деловни единици

2

Информација за примателот на франшиза

Што добива примателот на франшизата?

🎓 Детално разработени наставни планови и материјали

🎓 Целосен систем за управување со училиште

🎓 Софтверска и техничка поддршка

🎓 Сѐ што е потребно од наставен прибор

🎓 Континуирана обука и стручно усовршување на кадарот

🎓 Маркетиншка и поддршка за брендирање

🎓 Активни маркетинг кампањи

🎓 Ексклузивитет на одредена територија

🎓 Континуирана поддршка во работењето

🎓 Можност за продажба на материјали под брендот YES INTERNATIONAL

🎓 Пристап до целокупниот know-how систем

Очекувана вкупна инвестиција

Финансиски услови

• Почетна франшизна такса: 1.500 – 3.500 ЕУР

• Редовна месечна надомест: 200 ЕУР

• Надомест за маркетинг: Нема

• Неопходни почетни инвестиции (опремување на простор): околу 1.000 – 1.500 ЕУР

Како заработува примателот на франшизата?
Извори на приход:

• Редовна настава во сопствениот YES центар

• Соработка со локални образовни институции

• Организација на училишни работилници

• Летни кампови и едукативни излети

• Тематски работилници и едукативни настани

• Настани во организација на YES INTERNATIONAL

• Продажба на производи и промотивни артикли под брендот YES

Поврат на инвестицијата

Очекуван поврат на почетната инвестиција: од 6 до 12 месеци

(во зависност од ангажманот и деловниот пристап на сопственикот)

Основни барања

ОСНОВНИ БАРАЊА НА СИСТЕМОТ

Примателот на франшизата треба да обезбеди простор — училница погодна за изведување настава.
Училницата треба да биде опремена со основни наставни средства:

  • Маси и столици
  • Бела табла или паметна табла
  • Компјутер
  • Телевизор
  • Печатач
  • Стабилна интернет врска
  • Капацитетот на училницата треба да овозможува работа со 6 до 12 ученици истовремено.

Кој може да се стане наш фрашизер?

Искуството во образованието не е задолжително, но е секако посакувано. Нашиот систем е погоден за:

  • Претприемачи кои веќе работат со деца (сопственици на школи за странски јазици, предучилишни институции, едукативни центри)
  • Професори, едукатори и ентузијасти кои сакаат да започнат или да прошират сопствен бизнис во областа на образованието
  • Лица со изразена мотивација да развиваат квалитетни едукативни содржини, да работат со деца и да постигнат лично и професионално исполнување
  • Бараме партнери кои веруваат во моќта на знаењето, имаат желба за развој и ја препознаваат вредноста на образованието како дејност што носи промени — и по резултати и со срце.

Информација за давателот на франшиза

Yes International/ Јес Интернешнл

Pin iconЈане Сандански, Ckopje Website icon yesinternational.mk

Дознајте повеќе

Пополнете ја контакт формата подолу доколку сакате повеќе информации, информациите содржани во формата ќе бидат проследени директно до YES INTERNATIONAL
Phone
Email

PROFIT franchise services, дел од групацијата PROFIT system (PROFIT system sp. z o.o.), како издавач на Franchising.mk ве информира дека не собира ниту обработува податоци испратени преку формуларот за контакт (образец за контакт). Сите информации внесени во образецот за контакт се испраќаат по електронска пошта до организаторот на франшизниот систем, како што е наведено во каталогот. Системот што ги прима испратените податоци ќе ги користи за да повратно пружи повеќе информации за сопствениот бизнис. Испраќањето на лични податоци е доброволно, а организаторот на системот кој прима податоци од образецот за контакт е воедно субјектот одговорен за собирање и обработка на лични податоци.