Нови клиники за убавина во регионот - јасна цел за 2020

Слика 1 DepilConcept / Првите франшизирани клиники на овој португалски систем за епилација беа отворени во Србија во текот на 2019 година.
Среда
29.01.2020
Почетокот на годината обично е време за рекапитулација и анализа на претходното работење. Што го обележи португалскиот ланец за депилација DepilConcept во овој период ни кажува Алешандре Лоренсо, сопственикот на брендот.
 

DepilConcept се појави на португалскиот пазар пред 13 години, нудејќи услуги од областа на долгорочно отстранување на влакна, фоторејувенација и третмани за нега на сите типови кожа. Денес под овој бренд работат повеќе од 100 клиники, со 200.000 клиенти. Покрај растот и развојот на деловните активности на домашниот пазар, мрежата на франшизата се разви и во Полска, а во последната година тие се појавија во нашиот регион. И тоа е само почеток, објавува г-дин Лоренсо, основач и сопственик на DepilConcept.

Како прво, на што ќе се сеќавате во 2019 година, што беше значајно за DepilConcept?

Годината зад нас, можам да кажам, беше најдобрата година за ланецот „DepilConcept“ досега. Ја потврдивме и јакневме нашата позиција како лидер на пазарот во Португалија и Полска, а минатата година влеговме на нов пазар - Србија, каде веќе треба да се отвори трета клиника веќе на крајот на февруари годинава. Покрај тоа, просечниот обрт на сите наши франшизи значително се зголеми.

Што би рекле дека биле најзначајните пресвртници за брендот во текот на овие 13 години постоење?

Во време кога размислувавме да започнеме бизнис, депилацијата и трајното отстранување на влакна беа само дел од услугите кои што се нудат во класичните салони за убавина.

Сепак, побарувачката за овие услуги беше толку голема што сфативме дека ќе биде добар потег ако сакаме да развиеме посебен, специјализиран бизнис под посебна марка. Така се појави системот за франшиза DepilConcept. Успехот на DepilConcept и неговиот понатамошен развој може да биде најдобриот доказ дека сме донеле правилна одлука. Неколку години откако започнавме со работа во Португалија, решивме да се обидеме и со полскиот пазар. Следеа години на криза, така што во тој период се фокусиравме на овие два пазара, и како резултат станавме лидери на пазарите во Португалија и Полска. Минатата година ги отворивме првите клиники за франшиза на пазарот на овој регион - во Србија, и секако продолжуваме да бараме нови приматели на мастер франшиза и во други земји.

Кои се целите за 2020 година?

Оваа година, ќе се фокусираме на посилна поддршка за нашите франшизи - ќе понудиме поголема обука за вработените во клиниките, натамошно подобрување на квалитетот на нашите услуги и работа на нови кампањи и дигитален маркетинг, сè за да привлечеме повеќе клиенти кои ќе ги користат услугите на DepilConcept.

Како понатаму ќе се развива мрежата на франшизи?

Нашите цели се многу едноставни - да одржуваме водечки позиции во Португалија и Полска, да го удвоиме бројот на клиники во Србија, да ја отвориме нашата прва филијала во Босна и Херцеговина и да најдеме приматели на мастер франшиза на три нови пазари - меѓу кои е секако и Македонија.

 

Слика 2 Алешандре Лоренсо, сопственик на марката DepilConcept / "Оваа година ќе бидеме фокусирани на посилна поддршка за нашите франшизи".

погледнете ги текстовите

Забавувај се и заработувај /21.09.2019

Зошто рекреацијата и семејните забавни паркови се многу перспективни бизниси? Траболина парк WOOP! е добар пример за тоа, и можност за претприемачите кои се заинтересирани за да вложат во оваа област, да дојдат до успешна франшиза.

Со DepilConcept до сопствен бизнис /05.08.2019

Од април 2019 во Србија работи DepilConcept, португалски франшизен систем специјализиран за епилација. Примателите на мастер франшиза за овој пазар откриваат што го издвојува DepilConcept од другите - како концепт и како бизнис.

DepilConcept доаѓа во Србија /11.03.2019

Португалскиот бренд во областа на долготрајното отстранување на влакната DepilConcept ја отвора првата франшизна клиника во Белград. Примателот на мастер франшизата најавува ширење на мрежата и јакнење на брендот.

СКОК ЗА ПРОФИТ /13.02.2019

Jump Planet, полскиот концепт на забавен парк со трамбулини нуди франшиза и во земјите од регионов. Што се очекува од примателите на франшиза?

Давателот е како добар тренер /01.02.2019

Успехот кој DepilConcept го постигнал во Полска може да послужи како добар пример за соработка, особено што DepilConcept наскоро ќе започне со работа и во Србија.

најчитани

Каков бизнис може да стане франшизата? /26.10.2018

Успешното работење може да доведе до отворање на работилници или филијали, отворање на нови фирми или - по пат на франшиза. Во споредба со првите два начини, деловен развој по пат на франшиза бара помали инвестиции и носи помал ризик.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Како да се подготвите за улогата примател на франшиза? /06.05.2019

Кој бизнис? Има ли пазар за тоа што сакам да го работам/понудам? Имам ли доволно пари за отпочнувањае бизнис? На крајот, дали ќе ми се исплати оваа работа?

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Modeli širenja franšiznih sistema /25.10.2018

Секој франшизен систем бира или креира начин на меѓународна експанзија кој најмногу му одговара. Меѓутоа, мже да се каже дека постојат пет основни начини на ширење, односно модалитети во кои франшизните системи се присутни на пазарот. Како да се одбере вистинскиот?

популарно во форумот