Одличниот Surf’n’Fries е веќе во Белград. Дали наскоро го гледаме и во Скопје?
Ланецот ресторани Surf’n’Fries, познат по помфритот, необичните сосови и оригиналната амбалажа, пристигна и во соседството. Првиот ресторан од овој франшизен ланец отворен е во Белград.
Одличниот гастрономски концепт Surf’n’Fries се шири во непосредниот регион - во Србија отворен е во центарот на Белград!
Примател на франшизата е Дарко Михаиловиќ, претприемач со искуство, кој веќе работел во франшизен систем. Повеќе години тој бил примател на светски rent-a-car фрашизи. – Меѓутоа, во една пригода, додека беше во странство, мојот син наишол на брендот Surf’n’Fries. Ми испрати фотографија и ми предложи да отвориме ресторан во Белград. Пребарувајќи на интернет, дознав дека се работи за франшиза и одлучив да го послушам. За почеток зедовме одделна франшиза за овој објект на Обилиќев венец. Што натаму...ќе зависи од работењето. Секако, добро би било наскоро да отвориме уште најмалку два ресторани – објаснува Михаиловиќ.
Тој верува во франшизата како деловен модел. – Не би започнувал работа која не е франшизна и тоа е единствената причина зошто повторно започнав со нов бизнис. Многу е полесно со стандардизирани процеси и пишани постапки за работа кои се добиваат преку франшизната соработка – истакнува Михаиловиќ.
Surf’n’Fries е синџир на брза храна кој работи низ целиот свет и има повеќе од 50 ресторани. Револуционерен чекор направија со пласирањето на помфритот (кој е составен дел од секоја гастрономска поуда) како главно јадење. Посебно привлечни се оригиналните сосови и практичното пакување во кое се служат помфритот и сосовите со што се овозможува помфритот да се јаде во секој момент...движејќи се, дома или во канцеларија.
Иако компирчињата се во основната понуда на овој синџир, може да се порачаат и уште неколку видови на храна: пилешки крилца, пилешки медаљони, бургери.... Дел од менито е наменет за деца.
Surf’n’Fries во подготовката и продажбата на компирчињата воведе три новитети: сечење на компирот, со што се добива помфрит со заоблена форма кој овозможува полесно натопување во сосот и подобра подготовка, потоа подготовка без масло што го прави помфритот поздрав, но подеднакво вкусен, и веќе споменатото пакување кое го олеснува носењето на помфритот и двата соса, па дури и крилцата и медаљоните. Оваа оригинална Surf’n’Fries амбалажа, всушност има статус на исклучително решеие во категоријата Surf’n’Fries пакувања за храна на светско ниво.
Кога станува збор за франшизата, постојат неколку модели на ширење на мрежата:
- Surf’n’Fries Store - класичен фиксен продажен објект, каков што е во Белград
- Surf’n’Fries Standalone - самостоен објект кој може да се смести во затворен простор како што се аеродромите или трговските центри или пак отворени трговски центри
- Surf’n’Fries Shop-in-Shop е помал формат наменет за помал затворен простор како што се бензински станици, кина и слично
Покрај фиксните модели, постојат и два вида подвижни Surf’n’Fries објекти:
- Surf’n’Fries Mobile - објект во форма на подвижна тезга од еден и пол метар квадратен, како и
- Surf’nFries на тркала - приколка со целосно опремена кујна, погодна за различни манифестаци
Surf’n’Fries веќе во речиси 20 земји низ светот, а ресторани има и во земјите од регионов: Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Дали наскоро ќе најде и свој примател на франшиза во Македонија?
Погледнете во каталогот
Издвоени франшизи
Нема издвоена франшиза
Други концепти од секторот Гастрономија
Најнови вести
Прикажи сè
Научна кујничка – наука низ игра
Научната кујничка ги спојува науката и играта преку експерименти и работилници за деца, додека на франшизерите им нуди стабилен и перспективен бизн...
Ширењето на знаењето без граници
„Школата за брзо читање и мудро учење“ претставува еден од ретките домашни франшизни системи кој со години успешно се носи со сите предизвици и пос...
NYC BAGEL франшиза која мириса на успех
Њујоршки багел со сараевска душа: како еден брачен пар започна успешен бизнис и сега нуди франшиза за сите што сакаат автентичен бренд во својот град.
Силен бренд и посветеност на работата
„Малец Генијалец“ е бренд познат низ целиот регион. На пазарот во Северна Македонија сѐ уште постои потенцијал за проширување на франшизната мрежа.