Нови пералници на франшизната мапа - едноставно и профитабилно
Мрежата на пералници за облека LG Laundry Lounge се шири во Хрватска. Оваа франшизна единица отворена е во Кастав, во близината на Ријека.
Иван Кукуљан е новиот примател на LG Laundry Lounge франшизата во Хрватска. Пералницата за облека која работи на принципот самопослужување ја отворил во гратче во близина на Ријека, во Кастав. Неговата сопруга, која исто така ќе биде вклучена во работата, повеќе години работела во туризмот, од каде што и потекнува нивната идеја за отворање на перални на принципот самопослужување, вели Кукуљан. Можноста за развивање на бизнисот ја гледаат во зголемувањето на побарувачката за овој вид услуги и подобрите услови на пазарот.
– Кастав е во голема експанзија, економски и демографски. Таквата состојба ги зголемува потребите за ваквите услуги во пералните – вели Кукуљан. Според него, LG Laundry Lounge им бил интересен како бренд бидејќи е добро позната марка за технички уреди.
– Силината на брендот е важна заради маркетиншките активности. Отворени сме и за понатамошно ширење на мрежата и отворање на нови простори - вели тој и додава дека во овој момент најважно им е клиентите да бидат задоволи.
Во компанијата Bright World, задолжена за ширење на концептот и давање на франшизата LG Laundry Lounge во земјите во источна Европа, велат дека бројот на клиентите во пералниците во Европа се зголемува и дека луѓето не ја носат во нив својата облека само заради перењето, туку и заради еколошката свесност. Имено, во машините во пералниците лесно можат да се исперат поголеми количини облека отколку во обичните машини, што значи дека се користат помалку хемиски средства, вода, струја...- Ние би рекле дека не се работи само за едноставни услуги, туку за искуство кое потрошувачите го имаат во нашите пералници – велат во компанијата Bright World.
Според нив, LG Laundry Lounge може да биде идеална дополнителна работа. Се работи за бизнис кој не бара голема ангажираност, а користењето на машината е автоматизирано. Самите перални се уредени како пријатно место во кое луѓето можат да се послужат со кафе, да користат интернет или да гледаат телевизија.
Покрај во Хрватска, LG Laundry Lounge во регионов работи и во Србија и Црна Гора. Концептот потекнува од Њујорк, каде е отворена првата франшиза на LG пералниците.

Други концепти од секторот Услуги за индивидуални клиенти
Најнови вести
Прикажи сè
Научна кујничка продолжува да расте во Македонија
Научна кујничка веќе работи во Северна Македонија, каде нејзиниот едукативен концепт е приспособен на локалниот пазар и им е достапен на децата...
YES International: Од училиште за јазици до франшизен систем
Современо училиште за странски јазици од Северна Македонија влегува во светот на франшизингот и на партнерите им нуди разработен образовен систем...
Крилца за успешен бизнис
Како од пилешки крилца да се создаде успешен бизнис и франшиза, објаснува Зоран Виденовиќ од „Крилца и Пивце“.
Royal Nanny: Кога довербата се претвора во систем
Дадилката не е само работа. Тоа е повик, доверба и уметност.