Преку франшиза во светот на гејмингот
Кога и самиот започнал сериозно да размислува за отворање на Еспортс арена, Дејвид Косир, сопственикот на концептот Friendly Fire, се потпрел на „доброто чувство“ кое што произлегувало од неговото лично искуство од минатото. Во својата младост, вели тој, како и многу други од неговата генерација, посетувал компјутерски игротеки и уживал во одличната атмосфера и незаборавните часови играње со своите пријатели. Идејата за сопствена Еспортс арена сепак, созревала со текот на годините, така што првата локација била отворена во 2017 година во Загреб, во рамките на трговскиот центар Авенија Мол. Денеска, под Friendly Fire брендот функционираат осум Еспортс арени. – Две се во фаза на изградба и наскоро ќе бидат отворени, а за уште неколку сме во финална фаза на преговори - вели Дејвид Косир.
Интересно е тоа што, проширувањето на ланецот на арени пред неколку години, беше поттикнато и со давање на франшизата. Сега, вели Косир, тие се отворени за соработка со претприемачи од цела Европа. Важно е сепак, идните приматели на франшизата да бидат заинтересирани за развој на бизнисот и светот на гејмингот - индустрија која од година во година станува сè попопуларна и бележи постојан раст.
Кога и зошто се решивте да понудите франшиза за вашите Еспортс арени?
Иако франшиза на концептот отсекогаш била крајна цел, на почетокот не се оптеретувавме со тоа, бидејќи арените кои што сами ги водевме беа доста профитабилни. Мислевме дека франшизата е нешто што не чека за 10 години.
Како и да е, во 2018 година започнавме со тестирање на франшизно работење во Босна и Херцеговина. Таа приказна се покажа како успешна. Минатата година понудивме франшизи на меѓународниот пазар. Јас би рекол дека, главната причина за нашето насочување кон франшизата е тоа што сфативме дека секоја од нашите локации е многу попрофитабилна кога ја води примател на франшиза, во однос на самостојното работење. Примателот е всушност, вклучен во секојдневни активности многу подлабоко и попродуктивно отколку што бевме ние, со оглед на нашиот ангажман поврзан со водење на повеќе арени во различни држави.
За кои пазари - земји, градови - сте заинтересирани?
Friendly Fire е специфичен бидејќи, за разлика од некои други франшизи, работи подеднакво добро, како во мали, така и големи средини. Имаме примери за успешна франшиза во градови со неколку милиони жители, па се до места со по неколку илјади жители. Ние исто така, успешно работиме во економски развиени и неразвиени средини. Нашиот сегашен фокус е секако насочен кон Европа.
Кои би биле идеалните приматели на оваа франшиза? Кои услови треба да ги исполнат?
Идеалниот примател на франшизата е личност која има искуство во претприемништво и го познава светот на гејмингот. Се разбира, мора да има затворена финансиска конструкција за изградба на објектот. Ние претпочитаме луѓе кои се целосно подготвени да се посветат себе си на секојдневно водење на сопствена Еспорт арена. Секако, на почетокот повеќе се залагаме за „single unit“ приматели на франшиза. Ја имаме таа среќа нашата франшиза да биде доста популарна и со повеќе или помалку непостоечка конкуренцијата, со можност за избор на потенцијалните кандидати за кои сме сигурни дека ќе бидат успешни.
Каков know-how и поддршка добива примателот на франшизата?
Friendly Fire се истакнува со поддршката која што им ја дава на своите приматели на франшизата во сите сегменти - од изградбата, преку управувањето, маркетингот, па се до ИТ. Имаме тим кој што им е достапен на примателите на франшизата во секое време. Главната предност на франшизата Friendly Fire е нашиот софтвер кој ги автоматизира сите процеси во Еспортс арената и заштедува многу време и пари на нашите приматели. Наплата, анализа, извештаи, каса, управување со клиентите, родителска заштита, ГДПР компатибилност, мобилна апликација, десктоп апликација, управување со сервер, мрежна конфигурација, Еспорт лиги и турнири, систем на награди и лојалност - се само некои од карактеристиките на нашиот софтвер.
Како е организирана обуката за примателите на франшизата?
Обуката на нов партнер за франшиза е темелна и опфаќа три фази. Во првата фаза, примателот доаѓа во нашиот тренинг центар во Загреб и во текот на три недели учи сè за Friendly Fire, преку практични примери, во најблиската арена. Втората фаза се одвива во неговата франшизна единица пред отворањето, каде што сме присутни две недели пред самото отворањето, притоа водејќи го низ самиот процес на отворање, како би се одвивало сè во најдобар ред. Третата фаза трае до три месеци по отворањето, при што сме често присутни и му помагаме на нашиот примател на франшиза да воспостави стабилно секојдневно работење.
Од каде ја набавува примателот опремата и производите за арената?
Опремата се набавува од нас, а поради нашите договори со добавувачите, цената е значително пониска од истата опрема на пазарот. Исто така, постои можност за изнајмување опремата, што значително ги намалува потребите од финансиски средства. Што се однесува до производите кои што се продаваат во арената - како на пример сокови и закуски, примателот има слобода да ги набави по сопствен избор.
Кои локации се идеални за ваков тип на концепт? Какви се препораките?
Friendly Fire не бара „prime“ локација затоа што корисниците доаѓаат таму плански. Со други зборови, успешноста на франшизата не зависи од тоа дали е на скапа и истакната локација. Препорачуваме простори кои имаат површина од најмалку 120 м2, а искуството покажа дека локациите со густо население и млада популација се најдобри.
Колку примателот треба да инвестира во започнувањето на бизнисот? Кои финансиски обврски би ги имал кон давателот на франшизата?
Инвестицијата, се разбира, зависи од земјата, односно од пазарот на кој би се отворила франшизата. Во земјите од Балканот, би биле доволни околу 60.000 евра доколку примателот на франшизата ја изнајмува опремата од Friendly Fire, односно околу 120.000 евра, доколку примателот самостојно ја купи потребната опрема. Примателот го плаќа почетниот надомест за франшизата при потпишувањето на договорот, а по започнување на работењето, тој би бил обврзан да плаќа одреден процент од прометот како франшизен надоместок.
За крај, што би им порачале на потенцијалните приматели на франшизата - зошто е ова перспективна деловна можност и зошто би требало да ја земат франшизата Friendly Fire?
Во време на неизвесност, можеме да бидеме сигурни дека гејминг индустријата и во иднина ќе расте. Инвестирање во Friendly Fire франшизата е инвестиција во докажан концепт со силна поддршка, голема побарувачка од крајниот корисник и мала или никаква конкуренција на пазарот.
погледнете ги текстовите
LG Laundry Lounge, синџирот на пералници за алишта со самопослужување, наскоро ќе добие нови франшизни единици во Скопје, Љубљана и Прага. Давателот на франшизата со совет до своите приматели во време на COVID-19 задолжително да се придржуваат кон правилата.
Мрежата на пералници за облека LG Laundry Lounge се шири во Хрватска. Оваа франшизна единица отворена е во Кастав, во близината на Ријека.
Carwiz е rent-a-car франшизa од Хрватска која продолжува со ширењето на мрежата на неколку континенти. Ни откриваат како го создале франшизниот систем и што е потребно за освојување на светските пазари.
ProfitApp International е сопственик на истоимената апликација во чија основа е програмата за лојалност, која ги поврзува компаниите од различни гранки со купувачите. Ова е прва црногорска франшиза која бележи експанзија во регионот.
Иако приватните музеи на Балканот се вистинска реткост, „Музејот на илузии“ отворен пред три години во Загреб веднаш стана хит.
најчитани
Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.
Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…
Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?
Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.
Директ Букер за кратко време стана бренд во Дубровник – не само како агенција за издавање приватно сместување, туку и компанија која ја промовира туристичката понуда на целиот регион. Своето знаење го преточија во франшиза.