Безбедно доставување на храна

Најбезбедно е без директен контакт
Најбезбедно е без директен контакт / Рестораните кои учествуваа во кампањата за безбедна достава, имаа обврска да направат посебни тампон зони за преземање на храната - тоа е просторија потполно одвоена од ресторанот или место на безбедна оддалеченост од просторот во кој што престојуваат вработените.
Понеделник
12.04.2021
Минимален контакт со клиенти, редовна употреба на средства за дезинфекција, и постојана проверка на здравствената состојба на доставувачот - се главните принципи за сигурна достава на храната. Како еден франшизен систем ги применува сите овие принципи во пракса?
 

После првиот бран од пандемијата и карантинот, повеќето угостители мораа брзо да реагираат и да смислат како да ги надоместат загубите поради скратеното работно време, односно целосното затворање на локалите. Помал проблем секако имаа угостителите со веќе развиена „take awаy“ услуга  и достава, а останатите можеа да се потпрат на индустријата која доживува успех и на овие простори - сервис за доставување на храна.

Денес, можеме да кажеме дека, пандемијата немаше негативно влијание врз компаниите кои што нудат курирски услуги за достава на храна на домашна адреса.
Напротив, новите околности дополнително придонесоа за популаризација и раст во овој сектор, на глобално ниво. Меѓутоа, вонредните околности исто така, бараа и вонредни хигиенски мерки, со што и овие сервиси мораа да се прилагодат на епидемиолошките протоколи, како би можеле да им гарантираат на своите клиенти безбедна достава. Пренесуваме искуство на една полска компанија.

Stava го започна својот бизнис во 2014 година, како прв сервис за достава на храна во Полска, пазар со околу 40 милиони жители. Денес, не само што е најголема гастро служба за достава во оваа земја, туку е и една од ретките која има развиена франшизна мрежа (28 франшизни единици низ цела Полска). Со првиот бран на пандемијата, Stava започнала кампања #bezpiecznedowozy (безбедна достава), и заедно со претставниците на угостителскиот секор и експертите за безбедност на храната го подготвила ,,Кодексот на добрата пракса’’, кој бил одобрен и од страна на Главниот санитарен инспекторат во Полска. Протоклите кои беа усвоени од Stava сега важат за сите останати франшизни партнери, кои работат во рамките на овој систем, а порталот Franchising.pl* открива како тие се применуваат во нивното секојдневно работење.

Пред сè - дезинфекција

Сепак, се започнува со едукација на доставувачите. - Пред започнување со работата, доставувачите мораа да поминат низ детален, специјализиран курс што ги подготвил за работа во моменталните услови. Пред се, мораа да научат како да ги следат сите сигурносни и хигиенски процедури при превозот на храната од ресторанот до дестинацијата - вели Павел Аксамит, претседател на компанијата Stava.

Па така, доставувачите се обучени да го дезинфицираат работниот простор, возилата и опремата која ја користат.

Како изгледа еден работен ден на доставувач во услови на пандемија? Пред да замине по пратката, доставувачот ќе ги измие рацете, ќе стави маска и заштитни ракавици, ќе измери температура и ќе го пополни соодветниот здравствен образец. - Сето ова е потребно за да обезбедиме максимална сигурност за луѓето што би дошле евентуално во контакт со доставувачот - посочува Аксамит.

Доставувачите ќе обрнат внимание и на тоа дали опремата за пренос на храната е претходно дезинфицирана - во тој случај таа е обележана со посебна налепница. Доколку е потребно, доставувачот сам ја дезинфицира торбата за пренос на храната, најчесто со помош на озонатор.
- Постапката за дезинфекција се применува секој ден, а се дезинфицира и целата канцелариска опрема, а особено предметите кои што вработените најмногу и најчесто ги користат, како што се терминалите за наплата, кваки, пенкала, картички за гориво, документи и телефони, вклучувајќи ги и приватните телефони на доставувачите - објаснува Аксамит. - Комплетна дезинфекција се прави и во автомобилите, се дезинфицираат клучевите, воланот, безбедносните ремени, како и помалку очигледните места како што се: капачето за гориво, рачните сопирачки, менувачот на брзини, копчињата за светло или климатизација - додава тој.

...безбедно преземање

Ланецот за сигурна достава не смее да биде загрозен дури и за време на двата клучни процеси во испорака на храната - при преземањето на храната од ресторанот и доставување до потрошувачот.

- Одговорните служби за доставување доследно ги применуваат протоклите кои се развиени и верифицирани со НАССР системот поради новите закани на вирусот SARS-Cov 2. Со ревизија на системот овозможивме воведување на засилен хигиенски режим и прилагодување на протоклите. Еден од елементите е и безконтактната достава од ресторанот до потрошувачот, која што вклучува што помалку контакти на доставувачот со вработените во ресторанот и потрошувачите, пропратено со одржување на строг хигиенски режим - објаснува Joanna Terelak-Subramanian, микробиолог и експерт за безбедност на храна, креатор на платформата НАССР Online.

Рестораните кои учествуваа во кампањата за безбедна достава, имаа обврска да направат посебни тампон зони за преземање на храната - тоа е просторија потполно одвоена од ресторанот или место на безбедна оддалеченост од просторот во кој што престојуваат вработените. Вработениот во ресторанот нарачаната храна ја носи до тоа одредено место. Штом го напушти ова место, доставувачот го презема јадењето, го става во дезинфицирана торба, специјално дизајнирана не само да одржува оптимална температура на храната, туку и да ја заштитува хигиенски. Благодарение на оваа постапка, доставувачот избегнува директен контакт со вработените од ресторанот.

...и безбедна достава

Поради безбедност, доставувачите не би требало да влегуваат во згради - најдобро е ако купувачот излезе надвор и ја земе нарачката од местото договорено со доставувачот. Целта е што помалку да се користат лифтовите и заедничките скали. Меѓутоа, животот често пати се одвива по непланирани сценарија, па се случува доставувачот да мора да влезе во зградата. Во тој случај најбитно е доставувачот да носи заштитна маска и ракавици. 

Доколку нарачката е веќе платена онлајн, доставата е потполно безконтактна и сигурна, поради што овој начин на плаќање се препорачува најмногу. Меѓутоа, доколку плаќањето се врши при испорака, најдобро би било купувачот да плати со картичка. Терминалите за плаќање се дезинфицираат пред и после секоја трансакција. Сепак, доколку купувачот плати во готовина, парите исто така мора да бидат соодветно дезинфицирани.

*Порталот Franchising.pl, ,,сестрински’’ портал на
регионалните портали Franchising.rs и Franchising.mk, е медиумски парнер на кампањатa #bezpiecznedowozy (безбедна достава).


погледнете ги текстовите

Кога кафето ќе стане повеќе од задоволство /12.08.2021

Франшизниот ланец МЕРОН планира да го прошири својот концепт на кафетерии во сите земју од Европската Унија. Отворени се за соработка и со претприемачите од земјите во регионот.

CHIPAS пристигна во градот Високо, БиХ /29.04.2021

Првата франшизна единица на сараевскиот ресторан CHIPAS во Босна и Херцеговина се отвара во градот Високо.

Од крофнички до франшиза /27.10.2020

Приказната за „Јети фритули“ од Макарска е добар пример како од мал семеен бизнис може да се направи франшиза. Како се градел овој концепт, што е потребно за профитабилно работење и кои би биле посакувани приматели на франшизата?

Добриот вкус на Steiku Haoss ресторан /10.10.2020

Синџирот семејни ресторани Steiku Haoss од Летонија планира да се прошири и на пазарите во светот. Франшизата е достапна и за претприемачите од регионов.

Icy Bobo од сега е YORTIE /20.07.2019

Франшизниот систем Icy Bobo, како концепт за продажба на сладолед подготвен на тајландски начин, во целост е ребрендиран. Сега работи под брендот YORTIE.

најчитани

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

Франшиза по мерка, за оние со стил! /26.11.2019

Бугарскиот бренд Brutale кој се карактеризира со елегантни машки костуми шиени по мерка, тргнува во експанзија во Европа. Приматели на франшиза бараат и меѓу претприемачите од овој Македонија.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

популарно во форумот