CHIPAS пристигна во градот Високо, БиХ
Шармантниот ентериер, домаќинска атмосфера, мени базирано на квалитетни оброци со пилешко месо и паста, и сето тоа по поволни цени, претставува “добитна комбинација“ за сараевскиот ресторан CHIPAS. Покрај сега веќе култниот “матичен“ ресторан и слаткара во центарот на Сараево, отворен е голем репрезентативен CHIPAS ресторан и во сараевската населба Пофалиќи, а пресвртна точка во развојот претставуваше отварањето на првата франшиза во странство - од јуни 2020 година, CHIPAS работи и во градот Шчеќин во Полска.
Во текот на оваа година, CHIPAS ќе забележи уште еден “историски“ момент, со оглед на тоа дека е потпишан и првиот франшизен договор во Босна и Херцеговина, со кој се започнати подготовките за отварање на ресторан во градот Високо.
Продлабочена повеќегодишната соработка
Примателот на франшизата за градот Високо, е друштвото “Месна индустрија Вимар“, потврдува Муамер Чолиќ, идејниот создавач и сопственик на CHIPAS Concept. Како што наведува, станува збор за успешна компанија, со повеќегодишно искуство во месната индустрија, со која што CHIPAS, исто така, успешно соработува.
Повеќегодишното деловно познавање и соработка беше само една од причините зошто “Вимар“ се реши за купување на CHIPAS франшизата. Со оглед на непостоечкото искуство во угостителската дејност, ваквиот чекор беше логичен - најмногу поради преносот на знаењето, обуката и поддршката која што ќе биде обезбедена од страна на CHIPAS како давател на франшизата.
Друга поволна околност е што “Вимар“ во Високо поседува зграда од четири спрата, која што според првобитниот план вклучувала и угостителски објект во приземјето. Кога беше објавено од страна на CHIPAS дека, значително го намалува потребниот износ за купување на франшиза, сопственикот на “Вимар“ прати барање, и речиси во истиот ден, по направената презентација и состанок со давателот, одлучи да преуреди дури три нивоа од зградата во Високо за потребите на ресторанот CHIPAS. - Коцките едноставно се наредија - тие имаа полуподготвен објект, а ние идеална франшиза за нивниот град, кој што нема ваков сличен објект, односно слична ресторантска франшиза - изјави Чолиќ..
Договорот беше потпишан во март, а планирано е ресторанот да се отвори во текот на оваа година. - Ова е нашата прва локална франшиза и затоа ни е многу важно се да биде како што треба. Тоа е и една од причините поради која лично се вклучив во овој проект. Сакаме да се покажеме во најдобро можно светло, затоа што немаме две шанси за добар прв впечаток - истакнува Муамер Чолиќ со насмевка на лицето.
Предности на добрата локација
Ресторанот во Високо, согласно зборовите на Чолиќ, ќе биде на исклучително добра локација. Самиот објект се наоѓа во центарот на градот, во многу прометна улица, со многу паркинг места во непосредна близина. Освен тоа, среќна околност е и тоа што, улицата е затворена за сообраќај, во текот на целото лето од 18 часот до полноќ. - Улицата всушност, се претвара во пешачка зона со штандови кои што се поставуваат сезонски за разни пригоди и манифестации, што секојдневно генерира голем проток на луѓе, а со тоа и голем број на потенцијални муштерии за CHIPAS - објаснува Чолиќ.
Фото: CHIPAS - објектот во Високо
Објектот се состои од три дела, што претставува уште една новина за CHIPAS, објаснува Чолиќ. Во приземјето е сала за гости со 50-60 места, а планирано е во тој дел да се смести и концептот CHIPAS Sweets & Cakes - продажба на колачи и торти. На првиот спрат е одвоена кујната, а на вториот, исто така, сала за гости со 40 места, како и голема тераса која ќе се користи како летна бавча, со дополнителни 60 места. Инаку, кујната е поврзана со специјално дизајниран лифт, кој ќе служи како комуникација на кујната со долниот и горниот спрат.
Со примателот на франшизата е договорен формат на ресторан без келнери, објаснува Чолиќ, така да CHIPAS во Високо ќе биде базиран на самопослужување. На издвоен пулт ќе се вршат нарачките на храна, а пејџер на масата ќе ги известува гостите веднаш штом храната ќе биде подготвена, како би можеле да ја подигнат. - Утврдено е дека овој формат е поисплатлив и пофункционален, а ние веќе го тестиравме и докажавме преку работењето на нашиот ресторан во населбата Пофалиќи во Сараево - подсетува Чолиќ.
Обуката е половина од работата
Додека се реновира објектот и прилагодува на стандардите на франшизата, во сараевскиот ресторан е веќе организирана обуката за менаџерот кој што ќе го води CHIPAS во Високо. - Во овој случај, станува збор за девојка која што нема искуство во угостителството, но со искуство на други слични позиции, што представува добра појдовна точка. Секое утро, околу десет дена, таа доаѓаше во CHIPAS во Сараево, и ги помина сите фази од почеток до крај: од прием на роба, контрола на квалитетот на примената роба и манипулација, преку задолжување и раздолжување, па се до документација, листа за хигиена и слично. Обуката исто така, го опфати и односот со вработените, муштериите и комплетниот систем на функционирање на CHIPAS. Сметав дека најдобро се учи во пракса - укажува Чолиќ на сеопфатното пренесување на знаењето, додавајќи дека менаџерот ќе има шанса за дополнително утврдување на знаењето барем седум дена пред започнување со самостојно раководење на објектот во Високо, - Секако, под наш надзор и советување во почетокот - истакнува тој.
Обуката за останатите вработени ќе биде организирана во CHIPAS во Сараево, а нивното работење ќе биде под дополнителен надзор и две недели по отварањето на ресторанот во Високо. - Планиравме во почетокот да пратиме и еден од нашите менаџери, кој ги познава сите процеси, да го надгледува работењето и да ги корегира грешките кои што секако ќе постојат во почетниот период. На тој начин би ги надминале почетните “детските болести“ заедно и многу полесно. - тврди нашиот соговорник.
CHIPAS во Високо ќе го понуди целото мени, и покрај тоа што станува збор за многу широка и разновидна понуда, овозможено во најголем дел и од значајниот напредок во подготовката на полупроизводите, како што објаснува Чолиќ. Франшизните објекти, практично имаат еден добавувач и се добиваат од едно место - од централната кујна на CHIPAS: од поховано пилешко, готови сосови, зачинети салати, помфрит, па се до брендираните салфетки, готови колачи и торти.
- Другиот важен добавувач, инаку наш стратешки и долгогодишен партнер со кој имаме исклучително добра соработка, е Coca-Cola - додава Чолиќ.
Фото: Широка понуда на оброци од пилешко месо и паста
Отварањето на ресторанот во Високо претставува крупен чекор за CHIPAS, раскажува нашиот соговорник. Пред се, го означува почетокот на франшизниот развој на домашниот пазар, но исто така, дава и можност за целосно тестирање на франшизниот систем, на локација блиску до “централата“. - Токму од причина што Високо не е далеку од Сараево, можеме многу полесно да ги контролираме стандардите, квалитетот и ширењето на самиот систем, особено сега, во време на пандемија, кога се се одвива побавно и потешко, со бројни пречки на патот - вели Чолиќ.
Добрите можности се раѓаат и во тешки времиња
Пандемијата, како и насекаде во светот, ги наруши во потполност вообичаените текови на работењето, внесе општа несигурност, и сеуште, претставува најголема пречка кон развојот. - Ние може да кажеме дека, CHIPAS до сега успешно се бореше со сите овие предизвици поврзани со пандемијата. Меѓутоа, во целокупното опкружување веќе се осеќа огромен замор, сè станува поскапо и поприлично е тешко одржувањето на здраво работење во услови на постојани ограничувања, прекинувања на работењето, полициски час, скратено работно време - укажува на сериозноста на ситуацијата Чолиќ.
Сепак, додава тој, дури и кога обемот на работењето беше драстично намален, CHIPAS не застана. - Го искористивме тоа време да се преиспитаме и да унапредиме некои други сегменти кои ќе ја зајакнат конкуретската предност на CHIPAS - вели Чолиќ. Како пример за тоа, наведува дека беа создадени и амбалажирани сопствен мајонез и тартар сос, додека во делот со слатките, беа создадени сопствени полнења за колачи, како и преливи за торти и колачи. - На тој начин, осигуравме нашите производи да имаат секогаш ист стандард, ист вкус, мирис, боја и конзистенција. И не само што е поприлично намалена зависноста од другите добавувачи, туку станавме и доста поконкурентни и во поглед на цената. Со оглед на тоа што сè произведуваме во нашата сопствена фабрика, јасно е дека производите ги набавуваме и можеме да ги продаваме по најповолни цени - објаснува Муамер Чолиќ.
Фото: CHIPAS - Sweets & Cakes
Првата франшиза во странство, отворена во Шчеќин во Полска, бележеше одлични резултати се до избувнувањето на пандемијата. Сепак, и за тоа кратко време, колку што имаше можност за работење во нормални услови, CHIPAS успеа да покаже со колкав потенцијал располага и на какви резултати примателите на франшизата од Полска можат да сметаат, веднаш штом се стабилизира ситуацијата. - Се надеваме дека сè ова наскоро ќе помине, и дека животот ќе се врати во нормала, затоа што имаме многу голем интерес да продолжиме со тоа што го започнавме и да го развиваме и понатаму работењето во Полска - истакнува Чолиќ.
погледнете ги текстовите
Франшизниот ланец МЕРОН планира да го прошири својот концепт на кафетерии во сите земју од Европската Унија. Отворени се за соработка и со претприемачите од земјите во регионот.
Минимален контакт со клиенти, редовна употреба на средства за дезинфекција, и постојана проверка на здравствената состојба на доставувачот - се главните принципи за сигурна достава на храната. Како еден франшизен систем ги применува сите овие принципи во пракса?
Приказната за „Јети фритули“ од Макарска е добар пример како од мал семеен бизнис може да се направи франшиза. Како се градел овој концепт, што е потребно за профитабилно работење и кои би биле посакувани приматели на франшизата?
Surf'n'Fries, познат по помфрит и оригинална амбалажа, влезе во еден од најпребирливите пазари – американскиот. Како се одвиваа подготовките и какви се реалните можности за развој, открива Андреја Чолак.
Синџирот семејни ресторани Steiku Haoss од Летонија планира да се прошири и на пазарите во светот. Франшизата е достапна и за претприемачите од регионов.
најчитани
Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.
Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.
Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?
Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.
Околностите ги натераа Војислав Пековиќ и Александра Милосављевиќ да отворат училиште за ментална аритметика „Малац генијалац“ во Скопје, наместо во Белград. Велат дека, потенцијал за отворање на нови училишта постои речиси во сите градови во Северна Македонија.