Самопослужно перење, како и насекаде во светот

LG Laundry Lounge

LG Laundry Lounge е франшизен концепт кој е првично промовиран во Њујорк, од каде што благодарение на компанијата Bijeli svijet, примател на франшизата за земјите од Источна Европа, прво пристигна во Загреб.

Примател на мастер франшизата и дистрибутер на LG машините за перење и сушење за територијата на Србија е компанијата VAT. Милан Лончаревиќ, сопственик и директор за нови проекти на компанијата, за Franchising порталите кажува дека со бизнисот на дистрибуција и сервисирање LG машини се бави две години, и дека истовремено имаат разговарано со многу зиантересирани претприемачи за отварање на франшизни перални. - Имавме многу барања, но неверојатно е тоа што луѓето во Србија многу сакаат да импровизираат, а кога станува збор за LG Laundry Lounge франшизата, стандардите се јасни и прецизни. Франшизата, како бизнис концепт сé уште не е разбирлива за сите, а јас мислам дека почитувањето на однапред поставените правила всушност води до успех. За среќа, постојат луѓе кои го разбираат ова и конечно е отворена првата франшизна LG перална во Белград - вели тој.

Пералницата во населбата Белвил ја отвори семејството Арсиќ, сопствениците на компанијата Laundrette. Велиборка Арсиќ вели дека таа и нејзиниот сопруг Дејан година дена размислувале да започнат бизнис, но преку бизнис модел на франшиза. - Година дена го следевме порталот за франшизинг и баравме нешто во што може да се пронајдеме. Во една прилика, кога носевме некои работи на хемиско чистење, зборувавме за тоа како во Белград не постои можност нешто да однесеш на перење и тоа да биде готово за 15 или 20 минути, како и дека не постојат самопослужни перални. Мојот сопруг се потсети дека на Franchising порталите има читано за франшизата LG Laundry Lounge - и така ние,  всушност сосема случајно, се одлучивме за оваа гранка - објаснува Велиборка Арсиќ.

Таа вели дека потребата за правни лица за ваков вид на услуги одамна постои во Белград, но дека истат станува сè повеќе и повеќе потребна и за физичките лица - како жители, така и за туристи кои ги има се повеќе во Белград. - Кога размислував за потребата, тргнав од самата себе. Мајка сум на три деца, цел живот работев во компании и ми остануваше многу малку време за себе. Мислам дека жените не мораат да седат дома и чекаат да машината заврши со перење,  бидејќи можат да направат многу повеќе паметни работи во тоа време. Затоа ја одбравме населбата Белвил, која поради близината на трговскиот центар и другите објекти нуди бројни можности. Самата перална е од салонски тип и во неа може да се седне и да се прочитаат весници, да се погледне ТВ, да се користи бесплатен Wi-Fi. Нашата цел беше да се подобри квалитетот на животот на луѓето, а на странците да им понудиме услуга која до сега ја немале во Белград, а да нашиот град го приближиме до светот - вели Велиборка Арсиќ.

Иако сé уште ја запознаваат јавноста со самопослужната перална, првите реакции според неа се позитивни и луѓето влегуваат да се распрашаат за новата услуга. За разлика од западните пазари, каде што воопшто нема вработени во ваков тип перална, во Белград секогаш ќе има некој што ќе им помогне со употребата на машините за перење. - Многу е едноставно да се користи, но во оваа фаза секогаш е потребно да се биде таму. Покрај тоа, поради локалната валута не можевме да воведеме плаќање со жетони, па затоа е неопходно некој да ја наплати услугата - објаснува таа.

Милан Лонкаревиќ верува дека постои потенцијал за отворање на перални во центарот на Белград, но и во Нови Сад, Ниш и Крагуевац. - Постојат луѓе кои се со напредно размислување за развој на бизнисот, особено оние кои имаат можност да патуваат и да видат како работите функционираат во странство. Сепак, реалноста е дека, кога го гледаме регионот, Словенија секогаш доминира, по што следат Хрватска, а потоа и Србија. Тоа е случај со трендовите во овој бизнис - заклучува тој.

Франшизниот систем на LG Laundry Lounge е заинтересиран за проширување на своето работење и во Македонија.

Други концепти од секторот Услуги за индивидуални клиенти