Давателот е како добар тренер
Соработката во Полска започна во 2011 година кога ланецот од Португалија за трајна депилација DepilConcept го пронајде примателот на мастер франшиза. Тој, согласно договорените обврски и овластувања, би бил задолжен за промоција на брендот, отворање на Центар за епилација и соработка со новите партнери - одделни приматели на DepilConcept франшиза.
Полска, за воља на вистината, е голем пазар со речиси 40 милиони жители, но трајната депилација овде одамна не е новост. Идеата да се развие специјализиран биснис кој нуди само една услуга – депилација – во тоа време можеби и не била добра, особено што повеќето козметички салони во Полска тежнееле да понудат што поразлични услуги. За да ја прошири мрежата на центри, примателот на мастер франшиза требал да пронајде, но и да ги увери другите претприемачи, потенцијални франшизни партнери, дека вака поставениот бизнис, на крајот ќе биде исплатлив. Покрај обуките, пренесувањето на know-how, помошта при изборот на локација и маркетингот, една од најпривлечнаите ставки на франшизниот пакет била и „гаранцијата за профитабилност“ како збир на бизнис знаења и препораки кои примателите би ги добивале на почетокот од работата. Ако овие знаења правилно се применат, DepilConcept гарантирал дека примателите на франшизингот ќе имаат сигурен приход, доволен веќе првиот месец да се покријат трошоците за работењето.
Набрзо се потврдило дека DepilConcept нема проблем да привлече муштерие. Одделни приматели на франшизата за само шест месеци од почетокот на работењето почнале да размислуваат за отворање на нови единици. Под брендот DepilConcept денеска во Полска работат 48 центри.
- Спортистите се борат за медаљи, а примателите на франшиза за добивка. Тоа е нивната награда. Покрај упорноста и работата, успехот зависи и од „тренерот“ – забележува Маријуш Влочковски, примател на мастер франшиза од брендот DepilConcept, кој е задолжен за развивање на концептот во Полска. Бидејќи DepilConcept наскоро би можел да ги отвори првите франшизни преставништва и во регионот, во Србија, побаравме да ни објасни, од сопствено искуство што се очекува од примателот на оваа франшиза и каква поддршка за возврат ќе добие.
За почеток – кој е идеален примател на DepilConcept франшиза?
Тоа не мора да биде лице од дејноста. Идеален кандидат за оваа франшиза всушност е личност која има работно искуство, која е навикната да работи и да презема одговорност за својата работа. Личност која знае колку труд треба да се вложи во развој на бизнисот и која е свесна дека ништо не е бесплатно. Меѓутоа, DepilConcept е заинтересиран и за соработка со сопствениците на бизниси кои веќе работат во оваа дејност, но кои немаат доволно знаење и поддршка за успех.
На кој начин Вие како давател на франшиза во Полска им помагате на своите партнери?
Мислам дека франшизингот е како спорт. Давателот на франшизата треба да биде тренер кој ќе создава шампиони, а неговата основна работа е да им помага на играчите да постигнат успех во зададената дисциплина. Ние на тој начин им пристапуваме на своите франшизни партнери. Секогаш сме тука да им кажеме што да работат, што можат да подобрат, за што им треба дополнителна обука. Им даваме и помош кога се работи за посебно знаење или поголеми вложувања како што е маркетингот, промоцијата на брендот и слично. Како што најдобрите спортисти добиваат медаљи, за примателот на франшизата наградата е пред се профитот кој го определува работата. Но, не треба да се заборави и на другата поддршка – добриот давател на франшизата најдобро се препознава во тешките моменти, кога ќе се појават проблеми.
Конкретно, што значи тоа?
Сметам дека навистина добар давател на франшиза може да помогне во различни ситуации, дури и во оние кои не се предвидени со договорот. Но, тоа не значи дека ќе ја толерираат мрзеливост на примателот на франшизата. Сепак има ситуации кога помошта им е навистина потребна. На пример, неодамна еден од нашите партнери мораше да отпушти работник од кој долго време не беше задоволен. Но тој ги поттикна да реагираат останатите работници, па преставништввото се соочи со проблеми. Во друг случај, примателот на франшизата се нашол во тешка животна состојба, па заради семејни причини морал да го згасне бизнисот.
Може ли давателот на франшизата да стори нешто во вакви околности?
Се зависи од тоа колку сакате да се ангажирате. Ние решивме да помагаме колку можеме. Направивме план за подобрување на бизнисот и испративме свои луѓе да им помогнат на преставништвата кои се во невоља. Им отстапивме менаџер и козметичар кои успеаја да го одржат потребниот квалитет на услугите и профитабилноста на Центарот. Исто така организиравме и плативме кампања за да привлечеме нови клиенти. На крајот успеавме да вработиме и обучиме нови работници, да го одржиме нивото на приходи за да се покријат тековните трошоци и да ги задржиме клиентите . Активностите траеа околу четири седмици и сето тоа го направивме со сопствени средства, Од позиција на целата мрежа, таков потег навистина е исплатлив.
Меѓутоа, не може да се очекува давателот на франшизата лично да го спасува секое франшизно преставништво кое ќе се најде во невоља?
Така е, но во изклучително тешки ситиуации, добриот давател на франшиза ќе помогне. Тоа треба да го доживеат како своја должност и одговорност кон партнерите, иако таквите случаи често ја надминуваат рамката на франшизна соработка.
Кои се најважните одлики на добриот примател на франшиза?
Треба да биде свесен за своите одлуки, добро да размисли зошто запоинува бизнис. Примателот на франшизата не смее своеволно да го менува системот на работа или селективно да применува know-how. Франшизниот систем е збир на најдобрите работни практики кои кога ќе се применат гарантираат успех, но и кои бараат доследна примена и спроведување на точно определените процедури на дневно ниво.
Конкуренцијата во оваа гранка е силна. Има ли место за нови центри во Полска?
На Полскиот пазар работат неколку десетини илјади различни салони за нега и убавина. Тоа се главно мали фирми кои опстојуваат благодарение на редовните и лојални клиенти. Во таквите салони повеќето работи ги врши една личност која едновремено е и козметичар и раководител, но со малку раководно искуство. Постои и мислење дека е најважно да се има поширока понуда на услуги и дека со специјализираната понуда тешко може да се преживее.
Ние го тврдиме спротивното – салонот кој нуди се, всушност со ништо посебно не се издвојува на пазарот. Денеска клиентите се многу повеќе информирани, пообразовани се и имаат поголеми барања. Оттука и нивните очекувања за темелно стручно знаење. Затоа и го бираат DepilConcept. Така потврдуваат дека бараат современо опремен салон со услуги на високо ниво и третман кој е во согласност со најновите трендови и знаења од областа на козметиката и естетската хирургија.
погледнете ги текстовите
Почетокот на годината обично е време за рекапитулација и анализа на претходното работење. Што го обележи португалскиот ланец за депилација DepilConcept во овој период ни кажува Алешандре Лоренсо, сопственикот на брендот.
Зошто рекреацијата и семејните забавни паркови се многу перспективни бизниси? Траболина парк WOOP! е добар пример за тоа, и можност за претприемачите кои се заинтересирани за да вложат во оваа област, да дојдат до успешна франшиза.
Од април 2019 во Србија работи DepilConcept, португалски франшизен систем специјализиран за епилација. Примателите на мастер франшиза за овој пазар откриваат што го издвојува DepilConcept од другите - како концепт и како бизнис.
Португалскиот бренд во областа на долготрајното отстранување на влакната DepilConcept ја отвора првата франшизна клиника во Белград. Примателот на мастер франшизата најавува ширење на мрежата и јакнење на брендот.
Jump Planet, полскиот концепт на забавен парк со трамбулини нуди франшиза и во земјите од регионов. Што се очекува од примателите на франшиза?
најчитани
Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.
Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.
Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?
Бугарскиот бренд Brutale кој се карактеризира со елегантни машки костуми шиени по мерка, тргнува во експанзија во Европа. Приматели на франшиза бараат и меѓу претприемачите од овој Македонија.
Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.