DepilConcept доаѓа во Србија
Португалскиот бренд во областа на долготрајното отстранување на влакната DepilConcept ја отвора првата франшизна клиника во Белград. Примателот на мастер франшизата најавува ширење на мрежата и јакнење на брендот.
Во средината на март во Белград ќе биде отворена првата клиника на португалскиот бренд DepilConcept. – За DepilConcept.дознавме уште пред три години - раскажува за нашиот портал Немања Никодијевиќ, директор на компанијата која е примател на мастер франшизата на овој бренд. – Но, во тоа време работевме во друга гранка, стекнувавме први работни искуства. Кога посакавме да напредуваме, повторно се вративме на DepilConcept – објаснува како дошле до овој фрншизен систем.
Одлуката за започнување на соработката со португалската компанија, како што вели, не било тешко да се донесе. – Се работи за бренд кој функционира и работи повеќе од 12 години во една комплексна гранка. Со своите резултати покажаа дека можеме да имаме доверба во нив, бидејќи брендот систематски ја врши својата работа, компанијата многу добро е организирана, особено во однос на стручната и навремена поддршка, што за нас како приматели на нивната франшиза беше една од најважните работи кога размислувавме да започнеме со соработката – објаснува Никодијевиќ. – Како што за нашите идни франшизни партнери од Србија една од најважните работи ќе биде ние како мастери да бидеме добро организирани – напоменува тој.
DepilConcept за нив бил вистински избор што се потврдило и кога лично се запознале со сопствениците и вработените и виделе како работи компанијата. – Откако се запознавме со протиколите и формата на работа, ни стана јасно дека ова е нашата вистинска приказна - истакнува нашиот соговорник.
Подготовките за отворањето на првата клиника привршуваат. За една недела, како што е најавено DepilConcept, сместен на аголот на улиците „27 Март“ и „Таковска“ во Белград, ќе ги прими првите клиенти.
Отворањето на оваа подружница за примателите на мастер франшизата е всушност прва задача. – Како и сите мастери, ние работиме две работи – потсетува Никодијевиќ – Покрај тоа што ја отвораме и водиме својата клиника, имаме задача и понатаму да го шириме овој бренд, односно да продаваме одделни франшизи – вели тој и додава дека со португалската компанија се договориле со продажбата на франшизата да започнат веднаш по отворањето на клиниката.
- Благодарејќи на нашата голема база на податоци, уште сега ги воспоставивме првите контакти и постои голема можност веднаш да започнеме со ширење на брендот. Сметаме дека Србија има одлични услови за оваа дејност. Кога размнислуваме за ширење на мрежата не ги земаме во предвид само големите градови. Заради пристапната цена на франшизата, како и исклучително поволните цени на самите третмани и добрата организираност на компанијата и работата, мислиме дека има потенцијал и помалите места да бидат многу добар пазар за развој на DepilConcept - вели нашиот соговорник.
DepilConcept е бренд во сопственост на португалската компанија Grupo Concept под која моментно работат повеќе од 100 клиники. Специјализирани се во областите за долготрајно отстранување на влакната, фотоподмладување, третмани кои негуваат секој тип на кожа. Освен во Португалија, франшизната мрежа ја развиваат во уште неколку земји, меѓу кои се и Бразил и Полска. Низ клиниките на DepilConcept во последните 12 години минале повеќе од 200.000 клиенти.
Проверениот и потврден португалски бренд, продолжува со ширење на мрежата на Балканот. По Србија, нивната потрага по нов партнер, примател на мастер франшиза се префрла во Република Северна Македонија.
Погледнете во каталогот
Други концепти од секторот Убавина и фитнес
Најнови вести
Прикажи сè
Научна кујничка – наука низ игра
Научната кујничка ги спојува науката и играта преку експерименти и работилници за деца, додека на франшизерите им нуди стабилен и перспективен бизн...
Ширењето на знаењето без граници
„Школата за брзо читање и мудро учење“ претставува еден од ретките домашни франшизни системи кој со години успешно се носи со сите предизвици и пос...
NYC BAGEL франшиза која мириса на успех
Њујоршки багел со сараевска душа: како еден брачен пар започна успешен бизнис и сега нуди франшиза за сите што сакаат автентичен бренд во својот град.
Силен бренд и посветеност на работата
„Малец Генијалец“ е бренд познат низ целиот регион. На пазарот во Северна Македонија сѐ уште постои потенцијал за проширување на франшизната мрежа.