CHIPAS ги поместува границите
Во сараевската населба Пофалиќи, од почетокот на јули 2018 отворен е нов концепт на рестораните CHIPAS – концепт кој ги обедини сите претходни CHIPAS формати. Како што објаснува сопственикот и идеен творец на концептот, Муамер Чолиќ, на 900 метри квадратни сместен е и ресторанот CHIPAS, познат по специјалитетите од паста и пилешко, потоа слаткарницата CHIPAS Sweet&Cake, како и новиот сегмент CHIPAS Kids Pizza. Главен партнер на овој проект од почетокот е компанијата Coca-Cola.
Покрај импозантната големина и богатата понуда, новиот објект донесува уште неколку новини. Кујната се простира на 140 квадрати, а за разлика од класичните ресторани, целосно е издвоена со стакло, па гостите можат да уживаат и во подготовката на храната. Посебен дел е одвоен за децата. Имено, Чолиќ ја осмислил и работилницата CHIPAS Kids Pizza, каде децата можат самите да подготват пица.
- Морам да признаам дека таа идеа ја добив на патување. Нешто слично видов на повеќе места – во Сингапур, Дубаи и мислам дека идеата е одлична. Работилницата ќе трае половина час за група од 12 деца кои ќе добијат тесто и неопходни состојки за да, со помош на аниматор, направат пица по својот вкус. За да биде искуството целосно, имаме и фотограф, а доделуваме и дипломи за завршениот курс - објаснува Чолиќ.
Заради големината и специфичноста на отворениот простор, новиот CHIPAS е уреден во индустриски стил и дава различни можности. – Станува збор за повеќефункционален објект кој ни дава големи можности за организирање на различни настани, различни видови на прослави, а планираме и да го понудиме под закуп за одредени пригоди. Ентериерот е многу интересен и мислам дека тоа дополнително ќе ги привлече луѓето - објаснува Чолиќ.
CHIPAS во Пофалиќи е осмислен како самопослужување, што значи дека нема да нуди услуга од келнер. На одвоен пулт ќе се порачува храната, а „брмчалото“ на масата ќе ги известува гостите кога храната ќе биде подготвена за да можат да ја земат.
Во однос пак на пијалакот, посебно партнерство е договорено со компанијата Coca-Cola, па делови од ресторанот се уредени во знакот на тој пијалак. Пијалакот ќе се служи на шанк, а покрај сокови и Coca-Cola пијалаци, гостите ќе можат да се напијат и пиво и кафе. На новата локација ќе работи и Coca-Cola продавница за сувенири во која ќе можат да се купат различни предмети со познатото лого на компанијата од Атланта. - Coca-Cola е нашиот генерален и клучен партнер во овој проект, па затоа се е во знакот на брендовите CHIPAS и Coca-Cola - вели Чолиќ.
За доброто на идните приматели на франшиза
Бидејќи сега веќе има два ресторани, а размислува за што подобари и побрзи услуги, Муамер Чолиќ на посебна локација изградил и централна кујна. Сместена на 170 метри квадратни, во неа ќе се извршуваат одредени подготвителни работи – миење на салатата, подготовка на друг зеленчук, сечење на пилешкото. Со тоа ќе се намали времето за подготовка на оброците и ќе се зголеми ефикасноста на работниците во самиот ресторан. Централната кујна, според зборовите на Чолиќ ќе биде главната поддршка за идните приматели на франшизата. – Претходно сите сили ни беа насочени на отворањето на овој нов објект. Но, паралелно го унапредуваме системот, со што франшизната мрежа полесно би се развивала. Имено, преговаравме со една фабрика за сосови која би правела сосови по наш рецепт, би поставиле стандарди и континуиран квалитет, со што би ја олесниле работата и подготовката на јадењата за примателите на франшизата. Реализацијата на оваа идеа е следната фаза – најавува Чолиќ.
CHIPAS на Сараево му е познат како ресторан на квалитетна храна по најповолни цени. Основата на менито е пилешко и паста, а целта е секој гостин да биде услужен што е можно побрзо. Веднаш до првиот ресторан, Чолиќ отворил и слаткарница CHIPAS – Sweet&Cake која, како што споменавме исто така е дел од новиот концепт. За оние кои размислуваат за отворање на ресторан од овој тип, CHIPAS од минатата година нуди и франшиза.

погледнете ги текстовите

Франшизниот ланец МЕРОН планира да го прошири својот концепт на кафетерии во сите земју од Европската Унија. Отворени се за соработка и со претприемачите од земјите во регионот.
Првата франшизна единица на сараевскиот ресторан CHIPAS во Босна и Херцеговина се отвара во градот Високо.
Минимален контакт со клиенти, редовна употреба на средства за дезинфекција, и постојана проверка на здравствената состојба на доставувачот - се главните принципи за сигурна достава на храната. Како еден франшизен систем ги применува сите овие принципи во пракса?
Приказната за „Јети фритули“ од Макарска е добар пример како од мал семеен бизнис може да се направи франшиза. Како се градел овој концепт, што е потребно за профитабилно работење и кои би биле посакувани приматели на франшизата?
Surf'n'Fries, познат по помфрит и оригинална амбалажа, влезе во еден од најпребирливите пазари – американскиот. Како се одвиваа подготовките и какви се реалните можности за развој, открива Андреја Чолак.
најчитани

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…
Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.
Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.
Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?
Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.