Можност за бизнис на пазарот за итни транспортни услуги

Flash Europe / Тие кои размислуваат да понудат премиум услуги за итен транспорт, сега имаат можност да станат дел од компанијата која е број 1 во Европа кога станува збор за овој вид на услуги.
Вторник
07.05.2019
Flash е европски лидер во давање на професионални услуги за итен транспорт кој отпочнува со нова франшизна програма. Целта е проширување на мрежата на превозници и партнери низ Европа. Приматели на франшизата бараат и во земјите од регионов.
 

Речиси и да не постои идустриски сектор кој  повремено не користи итни транспортни услуги. Колку е важна оваа  услуга, а во некои случаи и од суштинско значење, најдобро знаат бизнисите на кои репутацијата и ефикасноста им зависат токму од тоа колку брзо ќе ги испорачаат бараните производи до купувачот или за колку време ќе го добијат резервниот дел, ако дојде до хардверски дефект. Можноста да се потпрат и да сметаат на доверлив партнер кој дава услуги за итен превоз во тој случај станува предност, велат во компанијата  Flash Europe,  компанија која изградила репутација на европски лидер давајќи итни транспортни услуги.

Притисокот на конкуренцијата и високите очекувања на денешните купувачи, натера голем број на компании да ја сменат стратегијата за нарачки. Резервите денеска се сведуваат на минимум, а производите се нудат на „барање“- ја објаснува состојбата на пазарот Франк ван Дорн, франшизен менаџер во компанијата Flash Europe. – За овие 38 години работа видовме колку управувањето со набавките и итниот транспорт станаа клучен чинител  за секое претпријатие – додава Ван Дорн.

На овој фрагментиран, но растечки пазар, објаснува тој, услугата за итен транспорт е алка која го зајакнува целиот синџир на набавките. Како што покажува практиката, индустриските и малопродажните гигани се почесто се потпираат на компаниите кои се специлизирани за ургентен превоз бидејќи само така можат да ги одржат своите производни линии „во движење“, воспоставувајќи ја воедно и контролата на резервите.

Но, кога одлучуваат за партнерот кој ќе им обезбеди логистички услуги, големите компании поставуваат и одредени услови. – Меѓународните групи бараат одредени стандарди, а ги фаворизираат глобалните решенија. Сакаат партнери кои се приспособуваат  на нивните процеси и кои ги разбираат нивните приоритети. Овде не се работи само за превоз и испорака. Се работи и за прилагодување кон клиентот и транспарентноста на процесот на достава. Денеска тоа е тоа што гигантите во малопродажбата и индустријата го бараат. Глобалните играчи кои можат да се усогласат со новите приоритети – вели Френк ван Дорн.

За да се приспособи на новите трендови на пазарот на набавки, Flash  разви глобална мрежа за поддршка со подружниците во повеќе од 18 земји. – Тргнувајќи пред се од потребите на своите клиенти и превозници, компанијата осмисли и соодветни технолошки алатки кои ја олеснуваат контролата и целиот процес на транспорт и испорака – вели Ван Дорн и додадва дека токму на стратегијата која во фокусот ги става потребите на клиентите и доставувачите Flash го изгради успешниот деловен модел – модел кој овозможи во текот на 2018 година неговите курири да извршат 480.000 испораки и да поминат повеќе од 300 милиони километри.

Можност и за претприемачите од овој регион

Во следните години компанијата ќе работи на проширување на логистичката мрежа со отворањето на франшизни подружници на одбрани пазари. – Тоа ќе биде резултат на новата франшизна програма. Доколку сакаме да ја прошириме и зајакнеме  нашата мрежа, треба да изнајдеме соодветни партнери на локалните пазари – доверливи и амбициозни претприемачи заинтересирани за логистика, но пред се треба да бидат претприемачи или компании кои веќе се занимаваат со транспорт. Се покажа дека во оваа работа тие се всушност не само наши природни туку и идеални партнери – вели Ван Дорн.

Со потпишувањето на договорот за мастер франшиза, нашиот франшизeн партнер, метафорички кажано „застанува зад воланот“ и тргнува на сериозен пат. Неговата основна улога ќе биде да изнаоѓа, контактира, обучува и да ја развива мрежата на одделните приматели на франшизата, применувајќи го на својата територија проверениот модел на работење на компанијата Flash – вели Ван Дорн.

Првата фаза на развивање на франшизната мрежа е завршена на пазарот во Турција.  Flash Europe за таа територија пронајде примател на франшизата кој веќе воспоставил две single unit франшизни единици. -  Потрагата по нови партнери продолжува низ Европа. Тоа значи дека бараме мотивирани инвеститори и партнери заинтересирани за логистика кои како наши франшизни партнери би ја развивале мрежата и во земјите од овој регион, - вели Ван Дорн.

Иако на новите пазари влегуваат барајќи пред се приматели на мастер франшиза (Master Franchise), Ван Дорн потврдува дека  предвид ќе ги има и оние кандидати кои ќе се јават за одделна франшиза (Unit Franchise).

Претприемачите и компаиите кои ќе станат приматели на Flash франшизата можат да сметаат на повеќе поволности. Покрај тоа што ќе работат под заштита на реномиран бренд, партнерите на располагање ќе имаат и повеќе алатки кои ќе им ја олеснат секојдневната работа – оперативен прирачник со сите постапки и стандарди на работењето, наменски креиран софтвер за поддршка на логистиката за испорака, а ќе добијат и целосен пристап до широката мрежа на професионални доставувачи од цела Европа. Не помалку важно е и тоа што ќе добијат и база на клиенти со кои компанијата веќе соработува. Меѓу досегашните клучни клиенти кои ги користат услугите на компанијата Flash Europe се и Volkswagen, General Motors, Renault, Continental, Hella, Caterpillar, Bosch...

- Покрај ова, нашите  идни партнери треба да го имаат на ум и следново: пазарот за итен транспорт  е сектор кој расте неспоредливо побрзо од кој и да е друг транспортен сектиор! И тоа на глобално ниво. Доколку планирате да понудите премиум услуги за итен транспорт, сега имате можност да станете дел од компанијата која е број 1 во Европа кога станува збор за овој вид на услуги - нагласива Ван Дорн.


Frenk van Dorn, франшизен менаџер на Flash Europe / Пазарот за итни транспортни услуги е сектор кој расте неспоредливо побрзо од кој и да е друг транспортен сектор.

погледнете ги текстовите

Icy Bobo од сега е YORTIE /20.07.2019

Франшизниот систем Icy Bobo, како концепт за продажба на сладолед подготвен на тајландски начин, во целост е ребрендиран. Сега работи под брендот YORTIE.

Тимот како движечка сила /25.06.2019

Размислувате за ширење на дејноста со давање на франшиза? Се прашувате што е потребно за да се создаде стабилен франшизен систем? На самиот почеток потребен ви е тим кој ќе се занимава со оваа задача.

Замрзнати ролнички /11.06.2019

Франшизниот систем Icy Bobo, концепт за продажба на сладолед подготвен на тајландски начин, предвидува проширување на мрежата низ Европа. Свои партнери бараат и во нашиот регион.

Силата на големото франшизно семејство /07.06.2019

Шведски Husse е еден од ретките франшизни системи кој својата мрежа ја развива во сите земји од регионот. Приматели на мастер франшиза од минатата година имаат и во Босна и Херцеговина.

Франшизно училиште во 21 век /23.05.2019

Канадскиот франшизен образовен систем Maple Bear започнува со развивање на мрежата во земјите од централна и источна Европа. Кој може да стане и што можат да очекуват примателите на оваа франшиза?

најчитани

Учи, создавај, заработувај /28.05.2019

Роберт Стопа вложил неколку илјади евра за да ја купи франшизата Едукидо. Инвестираното многу брзо го вратил и купил лиценца да развива бизнис во уште две дејности во Полска.

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Идеа за работа во заштитата на телефонот /27.04.2019

Американската франшиза Mobile Outfitters, специјализирана за услуги за заштита и стилизирање на мобилните телефони со квалитетна фолија, веќе неколку години работи во Хрватска и Србија. Бараат приматели за франшизата и во Македонија.

Самопослужно перење, како и насекаде во светот /18.12.2018

Првата франшиза на LG Laundry Lounge е отворена во Србија, во населбата Белвил во Белград. Потенцијал за ширење на мрежата постои и во другите градови од Србија како и поширокиот регион.

Како да се подготвите за улогата примател на франшиза? /06.05.2019

Кој бизнис? Има ли пазар за тоа што сакам да го работам/понудам? Имам ли доволно пари за отпочнувањае бизнис? На крајот, дали ќе ми се исплати оваа работа?

популарно во форумот