Замрзнати ролнички

Icy Bobo

Приказната за Icy Bobo сладоледите е од зимата 2015 година кога Рок Јакше и Лариса Цасар од Словенија патувале во Тајланд каде за прв пат виделе штандови за сладолед кој се подготвува и послужува во форма на ролнички. Овие зарзнати ролнички преставуваат специфичен начин на подготовка на сладолед и настанале токму во оваа азисказемја. Од останатите ги издвојува тоа што се подготвуваат  на самото место, пред купувачите. На змрзната плоча се сецка и меша основата за сладолед со други состојки, а потоа со шпакла се прават ленти и се формираат ролници од сладолед.

Веднаш се вљубивме во концептот и одлучивме да го преставиме во Европа. Пролетта 2016 година продажна единица  е отворена во Љубљана, Словенија. Веднаш станавме хит – вели Рок Јакше, еден од идејните творци на концептот.

Благодарејќи на одличните реакции на потрошувачите, но и заради тоа што за кусо време почнале да им се јавуваат претприемачи заинтересирани за концептот, одлучиле да осмислат и понудат франшиза.  Следната година отвориле уште едно сопствено продажно место во Љубљана и една франшиза во Марибор. Набргу отворени се две франшизи во Хрватска и една во Германија.

Го сменивме концептот за правење на сладолед и внесовме свежи состојки: овошје, зачини, чоколадо, суво овошје, додатоци,зелен чаj,  кои ги сечкаме и ги подготвуваме на самото место за секој потрошувач одделно. Основата се подготвува секојдневно без вештачки бои и ароми. Ролничките рачно се прават, а има неограничен број на состојки како и различни основи – веганска, млечна, со јогурт. Така  целосно го сменивме изгледот и вкусот на традиционалниот сладолед. Icy Bobo  ролничките не само што се вкусни, туку се и вистински мали уметнички креации. Интересно е тоа што замрзнатите ролнички станаа најмногу фотографиран сладолед во светот – вели Рок Јакше.

Квалитетниот производ е тука, а кога станува збор за самиот франшизен модел, Јакше вели  дека успешноста во работата ја потврдиле на три пазари. – На нашите приматели на франшиза им даваме единствени продажни штандови кои се комбинација на луксузниот дизајн и функционалноста. Можат да сметаат и на големопродажни цени за репроматеријалите, поддршка во маркетингот и рекламирањето на социјалните мрежи, но и постојана поддршка за сите прашања. Секако овој модел подразбира и обука за продавачите, оперативен прирачник со детални појаснувања за процесот на работа, како и дополнителни инструкции поврзани со секојдневното работење. Кога станува збор за самиот сладолед, се работи за италијански премиум суровини, а примателот добива и наши рецепти. Пакетот вклучува и брендирани пакувања и работни униформи. – објаснува Јакше.

Icy Bobo бара два вида на приматели на франшиза. Првите би биле приматели на одделна франшиза, луѓе без претходно претприемничко искуство, но кои имаат силна желба да работат и учат. Втората група  се претприемачи заинтересирани за кобрендирање  кои веќе имат продавница или компатибилен бизнис. – Сепак би сакале да ја прошируваме дејноста и со помош на мастер франшиза. Примател на мастер франшиза  би требало да биде некој кој вистински е подготвен и способен да ја развива мрежата на подрачјето на целата држава. Всушност, подготвени сме во Европа и во земјите од Балканот да ја шириме мрежата на различни начини – вели тој.

Тој додава дека Icy Bobo  би можел да биде добар семеен бизнис таму каде што сезоната на сладолед трае подолго, но може да се смести и во затворен простор со што примателот на франшиза би можел да работи цела година. Исто така, според неговите зборови ова е и одлична можност за дополнителен приход, со оглед на тоа што штандот е мобилен и може да се користи само во текот на летото.

Други концепти од секторот Гастрономија