Провери и поправи

Domino's Австралија / Софтвер со вештачка интелигенција вграден во камера – оценува дели Domino's пицата е направена според спецификациите.
Вторник
18.06.2019
Од што е направена и како треба да изгледа совршената Dominos’s пица? Вештачката интелигенција го знае одговорот.
 

Ретко се случува некој да отиде во ланец на ресторани за брза храна, а при тоа да не знае каква храна и услуга ќе добие. Повеќето од нив работат во системот на франшизинг, следат строго утврдени стандарди и речиси секогаш се одликуваат со висок степен на униформност. Не е премногу да се каже дека нема поголеми разлики во квалитетот и услугата, без разлика дали сте влегле во ресторан во Америка или на некое друго место во светот, во рамките на истиот ланец. Униформираноста меѓутоа не се поврзува само со изгледот на ресторанот. Во големите франшизни синџири, кои можат да имаат и по неколку десетици илјади рсторани во својата мрежа, речиси сите процеси се стандардизирани – од подготовката и сервирањето на храната, па се до одржувањето на хигиената и управувањето со човечките ресурси. Од една страна тоа обезбедува изедначен квалитет во рамки на целата мрежа, а од друга овозможува голем број приматели на франшиза да ја водат работата на ист начин дури и кога се далеку од матичната компанија – давател на франшиза.

Сепак отстапките се нормална појава. Колку и да сме навикнати во рестораните за брза храна да нема големи изненадувања, може да се случи оброкот кој го добивате ниту малку да не потсетува на тој од рекламните фотографии. Деновиве еден ланец најави дека ова ќе го промени, и со помош на технологијата ќе воведе систем кој на клиентите ќе им гарантира дека храната која ќе ја добијат, ќе биде според стандардите на ланецот.

Се работи за Domino’s, која на пазарот во САД е еден од трите најголеми ланци на кои основниот производ им е пица. Моментно, Domino’s има 16.000 ресторани од кои повеќе од 10.000 се на странскиот пазар, а речиси 97% од рестораните се водат од страна на приматели на франшизата. Како и сите ланци за брза храна, Domino’s е принуден постојано да е во чекор со новите навики и очекувања на потрошувачите. Во споредба со своите најголеми конкуренти може да се каже дека имаат предност во иновациите во делот на обезбедување врвни услуги. Имено, Domino’s прв во 70-тите години од минатиот век го вовел правилото „30 минути испорака или бесплатна пица“, а во овој милениум ги поместува границите, потпирајќи се на современата технологија. Така, во 2016 година во Нов Зеланд го започна проектот за испорака со дронови, а во 2017 во одделни градови на Германија и Холандија извадија на улиците автономни возила, како средство за дистрибуција на пиците. Но, оваа година технологијата се вмеша и во процесот на подготовка на храна, поточно во процесот на мониторирање и оценување дали подготвената храна е според сите стандарди на Domino’s.

Поточно, во рестораните за брза храна на Domino’s во Австралија и Нов Зеланд, започна да се имплементира систам за мониторинг на погдотовката на храната со специјална камера, наречен DOM Pizza Checker – кој претставува прв паметен скенер од овој тип во светот, кој како што се наведува во соопштението, ќе го проверува квалитетот на пицата пред да биде испорачана до потрошувачите. Со тоа најчестиот приговор на купувачите, дека пиците не изгледаат како на рекламните фотографии, би требало да биде решен.

Уредот го развила компанијата Dragontail Systems и како што се појаснува во соопшението, е едноставен софтвер со вештачка интелигенција, развиван низ процес на машинско учење, кој ја скенира секоја пица и проценува дали е направена според спецификацијата на Domino's франшизата. Се претпоставува дека камерата може да го препознае видот на пицата и врз таа основа е способна да анализира дали состојките правилно се измерени и распоредени, за на крајот да процени дали пицата е спремна за испорака или пак треба да се направи нова.

Domino's наведува дека ова е прв чекор во користењето на вештачката интелегенција (AI), бидејќи и овој проект како и во претходните случаи за сега е ограничен на локалниот пазар – Австралија и Нов Зеланд.  Интересно е што оваа технолошка иновација потекнува од еден од примателите на мастер франшизата на Domino’s, кој е задолжен за рестораните на Domino's во седум држави (Австралија, Нов Зеланд, Франција, Белгија, Холандија, Јапонија и Геманија). Меѓутоа, Американскиот ланец  најавува дека проектот на овој примател на франшиза наскоро би можел да стане стандард и за целата Domino's франшизна мрежа.

Domino’s е присутен и во нашата земја, како и во соседните земји: Србија, Косово, Бугарија, Грција.

Првиот Domino's ресторан во Македонија е отворен во Скопје во септември 2012 година, вториот во декември истата година, а третиот Domino's ресторан е отворен во март 2014. Во нив се вработени околу 70 лица кои го покриваат речиси целото подрачје на град Скопје бидејќи се лоцирани во различни општини. 

Франшизниот бренд Domino's во Република Северна Македонија стигна преку примателот на мастер франшизата Паул Тсоулоуфрис, а концептот го развива заедно со уште тројца партнери.


Domino's Австралија / Софтвер со вештачка интелигенција вграден во камера – оценува дели Domino's пицата е направена според спецификациите.

погледнете ги текстовите

Кога кафето ќе стане повеќе од задоволство /12.08.2021

Франшизниот ланец МЕРОН планира да го прошири својот концепт на кафетерии во сите земју од Европската Унија. Отворени се за соработка и со претприемачите од земјите во регионот.

CHIPAS пристигна во градот Високо, БиХ /29.04.2021

Првата франшизна единица на сараевскиот ресторан CHIPAS во Босна и Херцеговина се отвара во градот Високо.

Безбедно доставување на храна /12.04.2021

Минимален контакт со клиенти, редовна употреба на средства за дезинфекција, и постојана проверка на здравствената состојба на доставувачот - се главните принципи за сигурна достава на храната. Како еден франшизен систем ги применува сите овие принципи во пракса?

Од крофнички до франшиза /27.10.2020

Приказната за „Јети фритули“ од Макарска е добар пример како од мал семеен бизнис може да се направи франшиза. Како се градел овој концепт, што е потребно за профитабилно работење и кои би биле посакувани приматели на франшизата?

Sвездата од Јадранот на американскиот пазар /20.10.2020

Surf'n'Fries, познат по помфрит и оригинална амбалажа, влезе во еден од најпребирливите пазари – американскиот. Како се одвиваа подготовките и какви се реалните можности за развој, открива Андреја Чолак.

најчитани

Каков бизнис може да стане франшизата? /26.10.2018

Успешното работење може да доведе до отворање на работилници или филијали, отворање на нови фирми или - по пат на франшиза. Во споредба со првите два начини, деловен развој по пат на франшиза бара помали инвестиции и носи помал ризик.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Како да се подготвите за улогата примател на франшиза? /06.05.2019

Кој бизнис? Има ли пазар за тоа што сакам да го работам/понудам? Имам ли доволно пари за отпочнувањае бизнис? На крајот, дали ќе ми се исплати оваа работа?

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

популарно во форумот