Frank van Doorn, Франшизен менаџер на компанијата Flash Europe / Како даватели на франшиза, ние ќе ги понудиме своите системи, мрежата на превозници и портфолиото на клиенти, додека франшизниот партнер би придонесувал со своите локални контакти и знаења за пазарот.
Четврток
27.06.2019
Flash Europe кој е европски лидер во давање професионални услуги за итен транспорт, започнува со франшизна програма во овој регион. Кој може да стане примател на франшизата, открива франшизниот менаџер Френк ван Дорн.
 

Логистичката мрежа на Flash Europe која ја покрива Европа, заедно со подружниците во повеќе од 18 земји и над 8000 професионални возачи, и овозможија на компанијата да започне и нова франшизна програма. Имено, Flаsh имаат намера да најдат франшизни партнери, доверливи и амбициозни претприемачи, заинтересирани за областа на транспорт и логистика, кои итните транспортни услуги би ги понудиле и во земјите од регионов. Пазарот за итни транспортни услуги е сектор кој расте неспоредливо побрзо од кој и да е друг транспортен сектор и тоа е првиот податок кој ќе биде многу важен за нашите идни партнери – истакнува на почетокот од разговорот Френк ван Дорн (Frank van Doorn), франшизен менаџер на компанијата Flash Europe. Пазарните услови последниве години многу се изменети. Многу компании работат на намалување на залихите, претпочитаат испорака „по барање“, без оглед на тоа дали се работи за B2B или B2C клиенти. Тоа се новите глобални трендови кои директно влијаат на развојот на пазарот за итен транспорт. Имено, индустриските и малопродажните гиганти се почесто им се обраќаат на компаниите специјализирани за ургентен транспорт. Во оваа област Flash Europе е број 1 компанија во Европа – вели Ван Дорн, и сето ова ќе биде предност за нашите франшизни партнери – додава тој.

Насочени сте кон развивањето на логистичката мрежа и изнаоѓање приматели на франшиза на локалните пазари. Што го прави пазарот во Северна Македонија привлечен и специфичен?

Северна Македонија е интересен пазар. Забележуваме дека се повеќе се интегрира во економскиот простор на Европската унија, додека традиционално добро е поврзана со Бугарија и Турција. Во Турција од почетокот на годинава започнавме да развиваме франшизна мрежа и веќе имаме примател на мастер франшиза со две одделни франшизи. Во Бугарија планираме да отпочнеме со работа во втората половина на 2019 година.

Северна Македонија бележи раст на производните активности во различни сектори. Ова особено се однесува на автомобилскиот каде неколку наши клиенти успешно управуваат со производните погони во земјата. Мислам на компаниите како што се Adient, Dräxlmaier, Marquardt и други. Не се сомневам дека итните транспортни услуги ќе им бидат потребни, а уверени сме дека со воспоставување на франшизната мрежа во Северна Македонија успешно ќе го развиеме бизнисот.  Се разбира сето тоа само со вистински партнери, а сигурни сме дека ќе ни се јават локални претприемачи кои имаат желба заедно со нас да ја создаваат оваа приказна.

Ние би ги понудиле своите системи, мрежата на превозници и портфолиото на клиенти, додека пак франшизниот партнер би придонел со своите локални контакти и знаења за пазарот.

Flash пред се бара примател на мастер франшиза. Би размислувале ли  и за одделни франшизи доколку има заинтересирани за таква форма на соработка?

Во идеален случај развивањето на некој пазар започнува преку примател на мастер франшиза. Но, од десегашните искуства со другите пазари, понекогаш развивањето може да започне со еден или повеќе одделни приматели на франшиза. Процесот на изнаоѓање и интеграција на мастерот и одделните приматели може да оди паралелно, така што се добредојдени сите кандидати за одделна франшиза кои имаат амбиција да го развиваат бизнисот во одделни делови од Северна Македонија. Најмногу и заради праксата примателот на одделна франшиза да премине во мастер носител на франшизата. Тоа е често и посакувана појава. Всушност, малку кандидати сакаат и имаат сила веднаш да ја преземат улогата на мастер.

Кои претприемачи би биле идеални кандидати за Flash франшиза?

Веруваме во тоа дека потенцијалните кандидати треба да имаат одредено искуство од транспортната област. Тоа секако треба да бидат претприемачи кои ги привлекува транспортот и логистиката, за да можат да се вклопат во нашата ДНК. Исто така кандидатите треба да покажат дека можат успешно да водат бизнис. За нас идеални се 2PL или 3PL провајдери – регионални 2PL или 3PL компании кои како наши одделни приматели на франшиза многу лесно би можеле да понудат итни транспортни услуги и да го прошират постојното портфолио на услуги, но и успешно да ја развиваат франшизната мрежа на Flash на територијата на целата држава. Се на се, отворени сме за сите претприемачи кои сакаат да ни се придружат на овој пат на развојот на перспективните услуги за итен транспорт.

Кои ќе бидат клучните предности за примателите на Flash франшизата?

Накратко, примателот на мастер франшизата има двојна полза – влез на профитабилен и брзорастечки пазар на достава „по барање“ и  соработка со европскиот лидер Flesh во областа на итниот транспорт.

Истото се однесува и за примателите на одделната франшиза. Вратата која до сега можеби и не можеле да ја отворат бидејќи настапувале како мали или малку познати превозници, сега ќе биде отворена и за нив благодарение на постоечките договори  и контакти на компанијата Flash со различни важни клиенти, од различни сектори, од сите делови на Европа.

Во оваа дејност брзината е навистина важна, или подобро кажано, клучна. На пример, ако до сега локалната компанија можела да дава некој вид на итен транспорт, предизвик било да се најде брзо решение. Ако клиентот во Северна Македонија се јави и праша дали може да се преземе пратка од северот на Германија, повеќето компании би имале решение за пет до седум часа. Но, не и веднаш. Со Flash тоа ќе се измени. Локалниот партнер би можел веднаш да ги контактира другите локални подружници на компанијата Flash и да ја преземе пратката од кој и да е дел на Европа, за само еден час. Тоа, ќе признаете, ќе биде неспоредлива предност од оваа соработка.

Кои се клучните задачи на примателите на франшизата? На каква поддршка од компанијата Flash можат да сметаат?

Треба да се истакне дека обврските на мастерот и одделните приматели на франшизата се разликуваат. Кога зборуваме за одделните приматели, тоа, во идеален случај, како што споменавме, би биле компаниите кои веќе се занимаваат со транспорт, имаат изградена логистика и база на клиенти. Тие ќе имаат две задачи. Прво, треба да ја развиваат работата на подрачјето кое им е доделено, што значи дека треба да им се обратат на постојните, но и на нови клиенти, да ги разгледаат потребите од итни транспортни услуги и да ги информираат клиентите дека сега нудат премиум услуги за ургентен транспорт. Ќе повторам, тие компании до тој момент можеби не можеле да ги отворат сите врати или пак тоа не им било приоритет. Ние во тој случај ќе им помогнеме, ќе им ја дадеме на располагање долгата листа наши постоечки клиенти, и партнерите ќе мораат да ги контактираат тие клиенти и да откријат дали имаат потреба за итни транспортни услуги во тој географски регион, и доколку имаат, да им посочат како можат да им помогнат.

Важно е да се каже дека одделниот примател на франшиза не мора да ги ребрендира своите возила. Може да продолжи да ги користи постојните, но не е исклучено дека врз основа на тоа што станал дел од Flash ќе одлучи да изнајми или да го збогати својот возен парк со возила кои ги немал во портфолиото – комбиња, мали камиони, доколку да речеме, до сега имал само големи камиони. Или доколку имал возила кои не ги користел често, сега, како примател на одделна франшиза, може тој дел од возниот парк да го ангажира и брендира исклучиво за услугите на  Flash. Во тој случај го става логото на компанијата Flash на возилото и вози само за Flash, не го користи за ниту една друга работа.

Значи, партнерот може да продолжи со својот бизнис, да дава услуги на досегашните клиенти, но доколку врши итни транспортни услуги како наш примател на франшиза, тоа го работи единствено под капата на нашата организација, што значи дека секоја пратка ја внесува во нашиот систем на управување со транспортот - ТМС, при што секоја пратка мора да биде забележана и транспарентна. Се разбира, ние бараме партнерот да одржува највисоко ниво на стандарди кога ќе дојде до преземање и транспорт, тоа е задолжително. Споменавме и дека треба да развива регионална мрежа на клиенти на своето подрачје, да им се обраќа на сите сектори кои имаат потреба за оваа услуга. Клучната обврска на одделниот примател на франшизата е да биде задолжен за извршување транспорт, тој мора на време да ја преземе пратката од кој и да е дел од Европа, да ја надгледува, следи преку нашиот ТМС и да ја пренесе до одредиштето.

Примателот на мастер франшизата има малку поинаква улога. Прво, тој не се занимава со транспорт, со преземање и доставување. Второ, нема да биде задолжен за клиентите, односно нема да мора да привлекува нови клиенти, да контактира и соработува со нив, бидејќи тоа е работа на примателот на одделната франшиза. Единствена задача за него е од година во година да ја развива мрежата на одделни приматели на франшиза на територијата на целата држава, што значи дека ќе биде задолжен да изнаоѓа, интегрира и професионално да ги насочува одделните приматели на франшизата.


Предности за примателите на Flash франшизата / Примателот на франшизата има двојна полза - од влезот на профитабилен и брзорастечки пазар на достава „по барање“, како и од соработката со европскиот лидер во областа на итен транспорт

погледнете ги текстовите

Со упорност до успех /30.04.2019

Што е клучно за ширење надвор од домашниот пазар, како може да се контролира франшизната мрежа и на кој начин да се заштити од плагијат, зборува Владимир Новицки, идејниот творец на системот „Малац генијалац“

Програмирано за во иднина /14.04.2019

Зошто и компаниите од регионов би требале да размислат за полската франшиза за училиштето за програмирање Coders Lab открива Гжегош Моравски, задолжен за франшизниот развој на овој концепт.

Бум на пазарот на домашни миленици /24.03.2019

Зошто годинава фокусот ќе биде на развојот на мрежата на дистрибутери, за што се зборуваше на овогодинешниот состанок на приматели на франшиза и какви резултати се постигнати, зборува Саша Милутиновиќ

Како да одбереш, а да не зажалиш? /15.02.2019

„Едноставно – одбери го најдоброто што се нуди на пазарот на франшиза!“, порачува Михал Вишњевски, директор за франшизен консалтинг во Профит систем (PROFIT system) групата.

Давателот е како добар тренер /01.02.2019

Успехот кој DepilConcept го постигнал во Полска може да послужи како добар пример за соработка, особено што DepilConcept наскоро ќе започне со работа и во Србија.

најчитани

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Со DepilConcept до сопствен бизнис /05.08.2019

Од април 2019 во Србија работи DepilConcept, португалски франшизен систем специјализиран за епилација. Примателите на мастер франшиза за овој пазар откриваат што го издвојува DepilConcept од другите - како концепт и како бизнис.

Украина е отворена за франшизи /24.07.2019

PROFIT system, една од најголемите европски консултантски компании специјализирани за франшизинг, потпиша договор за соработка со Franchise Group, која е лидер во областа на франшизното советување во Украина.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот know-how и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Идеа за работа во заштитата на телефонот /27.04.2019

Американската франшиза Mobile Outfitters, специјализирана за услуги за заштита и стилизирање на мобилните телефони со квалитетна фолија, веќе неколку години работи во Хрватска и Србија. Бараат приматели за франшизата и во Македонија.

популарно во форумот