Забавувај се и заработувај
Пред десетина години големите затворени паркови со трамболини и различни акробатски атракции беа вистинска реткост. Освен во Америка, речиси и да не постоеја во другите делови од светот. Но секако го означија почетокот на една нова, и како што ќе покаже времето, перспективна дејност во секторот рекреација и семејни забави. Последниве години, пак, трамболина парковите се појавуваат брзо и во Европа, а многу компании кои веќе ги воспоставиле и ги тестирале своите концепти и стекнале богато искуство од оваа област, развиваат и ги нудат своите франшизи. Меѓу нив е и словенечкиот трамболина парк WOOP!
Скок во бизнисот
Во 2016 година, кога реши да влезе во оваа работа, Само Хабиќ, основачот на WOOP! имал желба да направи еден од најмоделните трамболина паркови во Европа. – Нашата визија беше да го освоиме пазарот, да изградиме одржлив долгорочен бизнис и да поттикнеме понатамошен развој на индустријата со трамболина паркови. За да го постигнеме тоа, ги здруживме силите со групата истомисленици и ентузијасти „The Dunking Devils Acrobatic Team“ и на 1 декември 2017 година го отворивме првиот трамболина парк на овие простори во Љубљана – вели Само Хабиќ.
Главниот град на Словенија, Љубљана, како релативно мал пазар можеше да биде голем предизвик. Имено, отворањето на трамболина паркот секако не е мала инвестиција, па одржливото работење се постигнува со што поголем и пофрекфентен проток на посетители. Заради тоа WOOP! од почетокот е проектиран и граден како концепт кој постојано ќе привлекува муштерии со квалитетот на изработката и атрактивните содржини, истакнува Хабиќ. – Бидејќи Љубљана има помалку од 300.000 жители, а куповна моќ во Словенија е за околу 23 % помала од просекот во ЕУ, од почетокот моравме да инсистираме на совршенство - потврдува нашиот соговорник.
Тоа подразбирало и внимателно истражување на пазарот, а во потрага по најдобрите решеннија, посетиле повеќе од 30 паркови и над 20 доставувачи. – Во тоа време добивме голем број на предлози и нацрти за парк, но ниту еден не ни одговараше. Или нацртите не ги предвидуваа сите атракции, или искористеноста и протокот на луѓе на трамболините и другите делови од паркот не ги задоволуваа нашите потреби. Во некои проекти квалитетот на опремата не беше на задоволително ниво или пак опремата не беше приспособена на потребите на корисниците - раскажува Хабиќ. – На крајот самите направивме проект, а бидејќи сакавме да имаме најголемо ниво на безбедност и стандарди за квалитет, ги користевме Европските трамболини и пронајдовме доверлив партнер за целата опрема – објаснува Хабиќ со колку внимание работеле на осмислувањето на паркот.
Влегување во франшиза
Отворањето на трамболина паркот без сомнение, беше добар потег. Како нов вид на рекреација која идеално ги комбинирана спортот и забавата, WOOP! беше вистинска атракција и привлекуваше многу посетители, а по одредено време се потврди како исплатлива деловна зделка. Тоа беше и клучниот сигнал за развивање на франшиза и ширење надвор од границите на Словенија.
Претприемачите кои имаат желба да се занимаваат со оваа работа, кои добро го познаваат локалниот пазар, а кои едновремено се и остроумни, комуникативни, насочени кон продажба, имаат добра работна етика, лидерски квалитети, но можат и да се приспособат на зададените процедури и протоколи, се идеални кандидати за приматели на WOOP! франшизата, вели нашиот соговорник. – Со доволно средства и соодветна локација, патот до профитабилен и успешен бизнис ќе биде брз и сигурен, особено што нашиот деловен модел се покажа како успешен. Кога ќе се додадат и нашата стручност и соработка со најускусните партнери во индустријата, нашите приматели на франшиза добиваат одлична можност за успешен старт и долгорочен раст. Малите оперативни трошоци, можноста со работата да се управува и без присуство, како и можноста за добра заработка, го прават WOOP! единствена деловна можност - вели Хабиќ.
Моментната состојба на глобалниот пазар со трамболина парковите исто така го поткрепува оптимизмот. – Воодушевувањето со овој вид на рекреакција прво ги зафати Соединетите американски држави за во Европа да дојде во 2014 година. Индустријата со трамболина парковите забележува раст. Податоците кажуваат дека 2009 година во светот имало само три парка, во 2014 година 280, додека кон крајот на 2017 година работеле повеќе од 1000 паркови. Според предвидувањата на Меѓународната асоцијација на трамболина паркови во иднина ќе се отвораат два до три парка неделно – говори Само Хабиќ за трендот на раст на овој бизнис.
Претприемачите кои се определиле за купување на WOOP! франшиза ќе имаат стручна, цалосна и брза оперативна поддршка од давателот на франшизата. – Нашите партнери се најважниот дел од нашиот деловен систем и затоа неуморно работиме на тоа да бидат задоволни во барањето на соработка. Прво, на примателите и сите вработени ќе им биде овозможена обука, а ќе им помогнеме и во истражувањето на пазарот, во подготовката на бизнис планот, ќе им дадеме насоки за изнаоѓање на најдобра локација, Нашиот тим од стручни лица ќе работи на проектирање на паркот, а кога ќе започнат со работата партнерите со деталниот оперативен прирачник ќе имаат на располагање и тим од стручњаци кој ќе им дава поддршка кога и да имаат потреба од тоа – објаснува Хабиќ што се е содржано во пакетот системска поддршка.
Според него, примателите на франшизата не треба да се грижат за промоцијата на концептот бидејќи ќе добијат и детален маркетиншки и продажен план со сите дополнителни графички и видео материјали. – Покрај тоа, ќе им бидат достапни и најновите IT решенија, иновации и унапредувањето на системот – додава Хабиќ.
За да биде работата успешна и исплатлива, искуството покажува дека тромболина парковите треба да се отвораат во градови со повеќе од 200.000 жители и со поголема куповна моќ. – Тоа секако е најлесен и наједноставен начин, но треба да се истакне дека нашиот франшуизен модел целосно се приспособува на различните потреби на локалниот пазар, со оглед на тоа што популацијата и БДП по глава на жител секаде се различни – вели Набиќ.
Типичниот трамболина парк WOOP! зафаќа површина од најмалку 2500 квадратни метри и нуди различни атракции: скокање на трамболини од сите големини, трамболина за „помеѓу два огна“, зона за баскет, тромболина ѕид, трапез, одење по жица, базен со коцкички од пена и друго. Сите атракции се сместени во иста зона за рекреација со што посетителите со купување на една влезница можат да ги користат сите понудени игри во паркот. Од друга страна, како што истакнува нашиот соговорник, се покажа дека WOOP! е совршен и за други настани, како што се роденденски прослави, тим билдинг, работилници, групни тренинзи, промоции на производи, модни ревии, концерти, посети на Дедо Мраз. – Гледаме дека пазарот со трамболина парковите доживеа неверојатен „бум“. Затоа сме тука и даваме можност и другите на време да ја фатат искрата на овој феномен – истакнува Само Хабиќ.
погледнете ги текстовите
Почетокот на годината обично е време за рекапитулација и анализа на претходното работење. Што го обележи португалскиот ланец за депилација DepilConcept во овој период ни кажува Алешандре Лоренсо, сопственикот на брендот.
Од април 2019 во Србија работи DepilConcept, португалски франшизен систем специјализиран за епилација. Примателите на мастер франшиза за овој пазар откриваат што го издвојува DepilConcept од другите - како концепт и како бизнис.
Португалскиот бренд во областа на долготрајното отстранување на влакната DepilConcept ја отвора првата франшизна клиника во Белград. Примателот на мастер франшизата најавува ширење на мрежата и јакнење на брендот.
Jump Planet, полскиот концепт на забавен парк со трамбулини нуди франшиза и во земјите од регионов. Што се очекува од примателите на франшиза?
Успехот кој DepilConcept го постигнал во Полска може да послужи како добар пример за соработка, особено што DepilConcept наскоро ќе започне со работа и во Србија.
најчитани
Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.
Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…
Carwiz е rent-a-car франшизa од Хрватска која продолжува со ширењето на мрежата на неколку континенти. Ни откриваат како го создале франшизниот систем и што е потребно за освојување на светските пазари.
Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?
Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.