Над 200 идеи за успешни бизниси на саемот за франшизи во Варшава

Саем за франшизи
Саем за франшизи / Од 17 до 19 октомври 2019 во Вашава, се одржа 17тиот по ред саем за франшизи во организација на нашата компанија ПРОФИТ систем
Вторник
22.10.2019
За три дена, 7000 посетители на саемот на франшизи во Варшава имаа можност да погледнат и изберат помеѓу 200 франшизни брендови и бизнис идеи. Што го издвојува овој Саем и зошто се вели дека е направен „по мерка на претприемачите“?
 

Иако за неполни пет минути вратите на варшавската Палата на културата и науката ќе беа отворени за посетителите, повеќето излагачи на Саемот на франшиза се уште забрзано ги уредуваат своите штандови. Последните подготовки се во тек – дали штандовите се добро брендирани, дали има доволно флаери, дали се е на свое место. Возбудувањето кое владее на одделните штандови сведочи и за важноста на овој настан. За многу полски компании ова е одлична можност за прв пат да се сретнат со потенцијални приматели на франшиза. Ентузијазмот и подготвеноста за разговор кои се присутни кај речиси сите излагачи во моментот кога ќе им пристапат првите посетители уште еднаш потврдува дека за многу од нив овие три саемски дена можеби ќе бидат и најважни во годината за продажба на своите франшизи. Заради тоа и не е необично што посетителите често се пречекуваат од самите сопственици на компаниите.

– Сите излагачи ќе се потрудат на атрактивен и достапен начин да ги престават своите бизниси, да ги пренесат предностите на своите франшизни модели. На крајот многумина ќе го постигнат тоа што го сакаат – ќе потпишат франшизни договори – објаснува Карина Корчињска која е франшизен консултант во PROFIT system, компанијата која е организатор на овој саем.

Првите два саемски дена, во текот на работната недела, вели Корчињска, посетители главно биле искусни бизнисмени и инвеститори кои се во потрага по нови идеи и концепти, но и сопственици на мали и средни претпријатија кои сега размислуваат да развиваат франшиза од сопствениот бизнис. За нив ова е добра можност да поразговараат со консултантите, но и со излагачите на постојните даватели на франшиза. – Третиот ден е поспецифичен бидејќи тоа воедно е и прв ден од викендот, заради што и посетители главно ќе бидат луѓе кои се вработени или ангажирани во текот на работната недела. Често доаѓаат и цели семејства со деца, но во најголем број само еден од сопружниците на саемот бара начин за „нов почеток“, можност да започне сопствен бизнис, па и добра причина да ја напушти постојната работа – сликовито објаснува Корчињска.  

Колкава ќе биде атрактивноста на штандовите можеби најмногу зависи од видот на бизнисот, но како и на секој саем, шаренилото и разновидноста не изостанаа. Во секоја од шесте хали се менуваат едноставните штандови кои пред се „повикуваат на разговор“, со оние кои се посветени и живописно уредени со реплики од подружниците – супермаркети, продавници за облека, салони за масажа, пицерии, кафулиња – кои ги привлекуваат и помалку заинтересираните посетители.  Во гастроносмкото катче одделни излагачи подготвуваат храна на самото место. Така, посетителите оваа година покрај сладолед, крофни, кафе, топла чоколада или алкохолни пијалаци, можеа да пробаат и тазе поховано пилешко, но и суши и свежи харинги со шампањ за само 2 евра, концепт кој е многу успешен во Украина.

По некое правило, најголемиот број изложувачи доаѓаат токму од угостителскиот сектор. Годинава ги имаше 57. Според застапеноста, следат трговските ланци (16 брендови), секторот убавина и фитнес (15), услуги за индивидуални клиенти (15), едукација (13), банки и осигурување (11).

Во трите саемски денови низ салите на Палатата за култура и наука поминаа 7000 посетители. Кога ќе се пресмета и бројот на изложувачите и франшизните брендови, јасно е зошто Саемот на франшиза во Варшава е најголемиот франшизен настан во средна и истична Европа, а втор најголем франшизен саем во Европа. 

Саем без граници

Полска, без сомнение е голем и перспективен пазар. Стабилен, со економија која расте и со голем број на активни претприемачи. – Многу странски франшизни системи развивањето во Полска го започнале токму од овој саем. Тука ги бараат своите први приматели на франшиза, без оглед дали се работи за одделни партнери или така наречени „мастери“ кои ќе бидат задолжени за целата територија – вели координаторката на меѓународното одделение во компанијата ПРОФИТ Систем, Љиља Сиделњик. – Забележуваме дека од година во година се зголемува  бројот на изложувачи од странство. Годинава имавме дури 20 нови странски брендови и тоа од Украина, САД, Германија, Италија, Египет, Данска, Чешка, Унгарија, Словачка и Хрватска – вели таа.

Туризмот е исплатлив

Дека Полска е атрактивен пазар за развој на бизнисот и туризмот ни потврдија и преставниците на хрватската компанија Direct Booker, која за прв пат се престави на саемот во Варшава. Кога започнале со работа во 2013 година со изнајмување приватно сместување во Дубровник, сопствениците на овој концепт не ни сонувале дека само неколку години подоцна ќе имаат 20 франшизи во шест земји. Имено сфатиле дека Direct Booker е идеално решение за пазарот во кој туризмот забрзано се развива. Полска дефинитивно е еден од нив. – Саемот го доживеавме како можност да го преставиме својот бренд на еден голем пазар. Бевме изненадени кога видовме колку е голем саемот, не очекувавме ниту толкав број на изложувачи, ниту на посетители. Но ние бевме единствени од секторот туризам и по тоа бевме различни. Од друга страна, нашиот бизнис бара многу објаснување, бидејќи не се работи за класична туристичка агенција, туку за специфична услуга за посредување помеѓу изнајмувачите на приватното сместување и патниците, со користење на дигитална технологија. Сепак, од сите кои доаѓаа и кои беа заинтересирани за нашиот бизнис имаше многу квалитетни прашања – ги сумира првите впечатоци Даниела Краљевиќ, франшизен менаџер на компанијата Direct Booker. 

Големи апетити 

Пицата е едно од најпопуларните јадења во светот и според искуството, од пицерии никогаш доста. Покрај неколкуте полски системи, годинава во Варшава се преставија и два добро познати американски бренда  Little Ceasers и Papa John’s.

– На саемот за прв пат се преставивме во 2017 година и тогаш се уште немавме ниту еден ресторан во Полска – вели Јоана Завада која е маркетинг менаџер на брендот Papa John’s во Полска – Всушност сакавме да им го преставиме брендот на потрошувачите кои веќе беа запознаени со некои други американски брендови. Во тоа време ја продававме визијата и идеата за концептот пред самиот бизнис. Денеска состојбата е поинаква, имаме шест ресторани во Варшава, а според нашите проценки, би можеле да се отворат уште 15. Годинава учествуваме на саемот бидејќи сакаме да им се обратиме и на претприемачите надвор од Варшава. Всушност сакаме пицериите Papa John’s да бидат отворени и во други градови. Од досегашното искуство гледаме дека на Саемот доаѓаат луѓе кои бараат конкретни идеи, кои добро знаат што сакаат. Уште првиот ден бевме пријатно изненадени колкумина беа заинтересирани за нашиот бренд – додава Завада.

Сладоледот најслатка франшиза

Како и секоја година, штандовите со сладолед се меѓу најпосетуваните. Покрај брендовите Lodolandia или Minimelts, кои редовно се појавуваат на саемот, годинава за прв пат се престави и полскиот бренд Piccolo Ice Cream. – На штандот работиме шестмина, па сепак никој нема време за одмор – вели Михал Стиковски кој е задолжен за франшизниот разво на брендотј.  – Допрва ќе видиме какви ќе бидат резултатите, но за сега интересот ги надмина сите наши очекувања. Не сакавме да потпишуваме договори на саемот бидејќи веруваме дека таква важна одлука, како што е купувањето франшиза, не треба да се носи импулсивно. Пред се сакаме да се запознаеме со идните и потенцијални партнери и да договориме состанок за подоцна. Сакавме да ги поканиме да дојдат во нашите локали каде ќе можат, на самото место да видат како се работи.  Нашата компанија на пазарот е 45 години, ја основал мојот дедо, неговите синови исто така се во оваа работа, вклучувајќи го и татко ми, мене, мојата сопруга и нашите блиски пријатели. Сега бараме приматели на франшизата кои би биле целосно предадени на водењето на работите под брендот Piccolo. Моментно имаме повеќе од 200 локации за продажба на сладолед, а нашите производи се продаваат и во два големи трговски ланци во Полска – објаснува Стиковски. 

На Саемот се престави и унгарскиот концепт Ањуна (Anjuna) кој на домашниот пазар направил мала револуција со својот вегански сладолед на стапче, кој е без шеќер и глутен. – Покрај тоа што станува збор за природен и многу квалитетен производ, голема надеж даваме и на фактот што меѓу потрошувачите во Полска, а особено во Варшава се повеќе на цена е веганската храна. Нашиот сладолед, покрај другото, е и идеален вегански деликатес, заради што и не се сомневаме дека ќе има заинтересирани претприемачи кои овој концепт би го развивале во Полска – вели еден од сопствениците на концептот Ањума, Јожеф Салај. Ањуна се популарни и по фактот што продаваат и сладоледи за кучиња, и прометот од тоа ги донираат во стационарите за кучиња. 

„Канабисот“ носи заработка

Од пред две години Полска ја легализираше употребата на медицинскиот канабис, што влијаеше и на појавата на концептот кој нуди производи на база на оваа билка. Имено, медицинскиот канабис нема психоактивни состојки (THC), па така на пазарот во Полска во слободна продажба можат да се најдат различни прехрамбени и козметички производи кои, како што објаснуваат излагачите, содржат целосно легален индустриски коноп. 

Иако веќе со години се присутни на пазарот во Полска преку неколку трговски ланци, на Саемот сега, со целосен формат на франшиза се преставија и произведувачите и дистрибутери од Италија CBWeed, а метеж имаше и пред штандот на полскиот систем Dr Ziółko. – Веќе девет франшизни продавници работат под нашиот бренд, а уште неколку се во подготовка. Оваа индустрија расте со голема брзина и задоволни сме што конечно и во Полска конопот не е забранет, а свеста кај купувачите расте. Првиот саемски ден остваривме околу 40 разговори со луѓе кои сериозно беа заинтересирани за нашиот концепт. Бараа конкретни информации за производите, условите за соработка, градови и локации каде би можело да се отворат нови франшизни единици – вели Силвија Зиенба сопственичка на концептот Dr Ziółko Cannabis Shop.

Добро програмиран бизнис

– По втор пат сме на Саемот. Многу сме задоволни од досегашната соработка. Морам да признаам дека нашиот концепт привлече голем број на посетители – вели Пјотр Пелка, косопственик на компанијата Codin Giants.

Имено, Codin Giants преставува мрежа од училишта за програмирање кои едуцираат деца и млади заинтересирани за новите технологии и компјутерско програмирање. Првото училиште е отворено во 2015 година, а моментно во дури 55 градови во Полска работат 86 училишта за  програмирање. 60 училишта се во сопственост на  основачот, а 26 во рацете на примателите на франшиза. Но, како што потврдуваат сопствениците на овој концепт, сакаат мрежата да ја прошират и надвор од границите на Полска. Интерес пројавуваат и за земјите од Балканот. – Видовме дека насекаде во светот има голем интерес за курсеви за програмирање заради што одлучивме да им понудиме франшиза и на претприемачите од други земји. Подговени сме да дадеме мастер франшиза што подразбира продажба на правата за територијата на цела држава или одреден регион, но и одделна франшиза која подразбира отворање на само едно училиште – вели Радослав Кулеша, еден од оснивачите на училиштето за програмирање Codin Giants.

Франшизата како семеен бизнис

Веројатно најмлад посетител на овогодинешниот Саем беше петмесечната Ханја Бродовска која заедно со родителите дошла да пронајде  идеа за семеен бизнис. – Одамна зборуваме дека би сакале да отпочнеме со нешто свое. Дојдовме за да пронајдеме инспирација, а отворени сме за сите гранки. Всушност, сакавме навремено да погледнеме што се се нуди, да видиме со каков бизнис би можела да отпочнам по породилното отсуство – вели Патриција Бродовска.


најчитани

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Дали сте за суши? /07.11.2019

Sushi by A's, франшизен концепт кој се заснова на подготовка и продажба на суши во рамките на трговски ланци, ја прошири мрежата во Хрватска и Словенија и најавува влез на нови пазари.

Се гледаме на саемот за франшизи во Варшава! /01.10.2019

Најголемиот саем за франшизи во Централна и Источна Европа се одржува од 17 до 19 октомври во Варшава, Полска. Тоа е одлична можност за средба и запознавање на „двете страни“ во франшизингот - давателите на франшиза и претприемачите кои би сакале да купат франшиза.

Тимот како движечка сила /25.06.2019

Размислувате за ширење на вашиот бизнис преку франшизинг? Се прашувате што е потребно за да се создаде стабилен франшизен систем?

Училиште за програмирање за млади, бизнис со одличен потенцијал! /17.09.2019

КЛИКЕР ИТ центар за деца наскоро ќе биде отворен на три нови локации со помош на франшизниот модел на работење. Основачот Миомир Попесков открива што ова училиште за програмирање го прави различно од останатите.

популарно во форумот