Предности на франшизата
1. Познат бренд
Примателот на франшиза работи “под патронат“ на бренд кој веќе е познат и присутен во јавната свест. Така е многу полесно да се привлечат купувачите. Примателите на франшиза исто така имаат корист и од репутацијата, заштитениот трговски знак, авторските права, деловните вештини, како и други производни процедури и тајни на успех кои се во сопственост на давателот на франшизата.
2. Докажан концепт
Предност на влегување во франшизна мрежа е пристапот на знаење и информации (know-how) како и стратегии кои допринеле за нејзиниот успех. Или на кратко - пристап на информации за управување со работењето. При релативно мало капитално вложување, примателот на франшиза има пристап на пристап на решенијата за економски развој - решенијата кои инаку би морале сами да ги пронајдат, и кои би барале значително време и значителни инвестиции.
3. Поддршка од давателот на франшиза
Давателот на франшиза со потпишување на договорот за франшиза прифаќа обврска за пружање на потребна поддршка на примателите, како и тие би постигнале успех кој што е колку што е можно сличен на неговиот. Неговата обврска, меѓу останатото, опфаќа:
- Поддршка во пронаоѓањето на адекватен простор или задоволителна локација
- Помош при отварање на деловната единица
- Помош при одредување на количина и асортиман на стоката наменета за продажба
- Обезбедување на обука за примателите на франшиза и нивниот персонал во врска со: управување со работењето, подготовка на производите или практикување на услуги (пр. мени во ресторан), финансиите, сметководството, планирањето и контролата на маркетиншките и промотивни активности.
4. Поддршка на оние без искуство во конкретната област на работење
Вообичаено, примателот на франшиза не мора да поседува богато искуство во браншата во која ќе работи. Тој од давателот на франшиза добива обука за развој на бизнисот како и трајна подршка, односно основни знаења од браншата се добиваат со обуката која ја обезбедува давателот на франшиза. Примателот на франшиза добива франшизен прирачник кој објаснува како да се придвижи успешно работење во таа бранша. Освен тоа, давателот на франшиза вообичаено прибира колку што е можно повеќе информации за пазарот и деловното окружување, кое потоа го дели со своите партнери.
5. Минимален ризик, максимална сигурност
Главна предност на придружувањето на франшизен систем е во намалувањето на ризик кое го донесува деловната адинистрација. Тоа придонесува да зголеми кредибилитетот на примателите на франшиза во деловните разговори или преговорите за соработка со други претприемачи или договорни страни (вклучително и финансиски институции). Заклучокот пренесен од истражувањата и искуствата од западни пазари покажува дека бројот на банкротирани претпријатија кои работат во рамки на франшиза е далеку помал од бројот на оние кои се независни.
6. Предност на промотивните кампањи и промоција во организацијата на давателот на франшиза во сите земји во која компанијата работи
Примателот на франшиза како самостоен трговец не може да си дозволи голема рекламна кампања на национално ниво, ниту пак би имало смисол да се организира таква кампања имајќи во предвид дека се делува локално. Со придружување на франшиза и на мрежата која вклучува многу единици на франшизата, овозможува на примателот на франшиза да добива корист од влилјанието на “кровната“ рекламна кампања која ја организира давателот на франшиза за целата мрежа.
7. Подобри услови во договорите и односите со добавувачите
Давателот на франшиза преговара за условите на договорот со добавувачите за целата франшизна мрежа (на пр. снабдување Кока-Кола во секој ресторан). Истиот може да добие подобри услови на на купување само поради постоењето на франшиза, без оглед на своите преговарачки вештини.
погледнете ги текстовите

Кој бизнис? Има ли пазар за тоа што сакам да го работам/понудам? Имам ли доволно пари за отпочнувањае бизнис? На крајот, дали ќе ми се исплати оваа работа?
Со купувањето на мастер франшиза, примателите на франшизата од самиот почеток влегуваат во сериозна игра . Иако добивката во тој случај е поголема, многу поголеми се обврските.
Да се прими франшиза, да се одлучи за бизнис партнерство (агентура, како што почесто се нарекува моделот) или да се работи потполно самостојно - на свој начин, по сопствена идеја и убедување? Изборот не е лесен, секој модел има свои предности и недостатоци.
најчитани

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.
Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…
Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.
Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.
Полскиот едукативен концепт Едукидо планира ширење на франшизната мрежа надвор од границите на Полска. Покрај национална мастер франшиза се нуди и одделна франшиза.