Пример на добра пракса - во франшизингот, секогаш учиме едни од други
Една од најголемите продобивки од работењето во франшизен систем е размената на искуства помеѓу поединечните приматели на франшиза и помеѓу примателите на мастер франшиза. Состаноците на примателите на мастер франшиза се вообичаени кај големите и сериозни франшизни системи. Но, интересно е што, благодарение на иницијативноста на примателите на мастер франшиза за некои од пазарите, можат да се одржат и регионални средби. Ова особено се однесува за пазари кои се со слични карактеристики, како што се земјите од Јадранскиот регион.
Франшизниот систем од Шведска, Husse, кој е специјализиран за достава до дома на храна за кучиња и мачки, со години организира годишни собири на своите мастер приматели на франшиза од целиот свет. Годинава иницијативата ја префрлиле и на локално ниво.
Воден од мотивот дека размената на искуства е од големо значење за напредок во работењето, Саша Милутиновиќ кој е примател на мастер франшиза за брендот Husse за пазарите во Србија и Црна Гора, на почетокот од јануари организираше регионална средба со примателите на мастер и одделни Husse франшизи во Белград. Гостите беа сместени во хотел „Југославија“, а состанокот се одржа во Кинолошкиот сојуз на Србија. На состанокот присуствуваше и генералниот директор на компанијата Husse, Рони Јохансон.
- Целта ми беше мастерите и одделните приматели на франшиза од регионов, значи од земјите на поранешна Југославија, да разменат искуства и мислења во однос на работењето, да поразговараат за можните проблеми и како да се надминат. Пазарите се слични, платежната моќ на сопствениците на милениците е на слично ниво, како и односот кон домашните миленици. Идејата беше да има барем по еден преставник од секоја земја кој би можел натаму на своите колеги да ги пренесе поентите од разговорот. Одѕивот беше фантастичен. На состанокот присуствуваа 22 приматели на франшиза. Единствено, заради претходно договорени обврски, не ни се придружија колегите од Хрватска – вели Саша Милутиновиќ.
Почеток на добра практика
За значењето на ваквата средба потврдува и фактот што беше предложено регионални состаноци да се одржуваат барем еднаш годишно, а домаќин да биде различна земја.
- Како што реков, пазарите се слични, но има и одредена разлика, пред се во производите кои се продаваат или пак во начинот на промоција. Интересно е што колегите од Словенија, на пример, добрите резултати ги постигнуваат преку промоција во трговски центри. Во Белград и Нови Сад таквата промоција не е прифатлива бидејќи изнајмувањето простор во трговските центри е прескапо, дури и само за еден настан. Но, нашиот примател на франшиза од Ниш договорил промоција во трговски центар. Мислам дека и во другите помали градови таквата форма на промоција е остварлива – посочува еден пример Милутиновиќ.
Директорот Рони Јохансон одржа презентација за новите производи, посебно на оние за мачки, на кои ќе се обрне особено внимание во следниот период, вели Милутиновиќ.
- Исто така зборувавме и за cross-selling – продажба на дополнителни производи за постојните купувачи, бидејќи Husse во својата програма има и прашок за мачки, кеси за санитарни потреби и друго што е потребно за домашните миленици – вели Милутиновиќ.
Како едно семејство
Примателот на мастер франшиза за Словенија, Марко Јазбец вели дека регионалната средба била одлично оганизирана и полезна.
- Ваквите состаноци се важни бидејќи примателите на франшиза можат да стекнат и поширока слика за самиот бренд Husse. Колку и да се слични, сепак нашите пазари се разликуваат, па секој на свој начин ја престави својата работа, разменивме идеи за развој на бизнисот. Секако ваквите средби се важни и за примателите на одделните франшизи, но и за нас, мастерите, кои исто така разменуваме искуства во ширењето на мрежата и јакнење на работата и брендот Husse во регионот. Верувам дека ќе продолжиме со ваквата практика – вели Марко Јазбец.
Адемир Мехиновиќ кој е примател на мастер франшиза за Босна и Херцеговина, истакнува дека за нив состанокот бил многу важен, бидејќи работат само една година, заради што и секој совет и искуство им се важни за натамошното работење.
- Ние постојано контактираме со Сашо кој несебично ни помага, но важно ни е и дополнително да се едуцираме, со што мрежата би се развивала, а нашите купувачи би биле задоволни. Му благодариме на домаќинот за одличната организација и гостољубивоста и се надеваме дека и ние во иднина ќе организираме сличен состанок – вели Мехиновиќ.
Додава дека особено е задоволен што и одделните приматели на франшиза од Босна и Херцеговина учествувале на состанокот и можеле да слушнат корисни информации. Меѓу нив е и Ивана Римац која за прв пат со брендот Husse се запознала пред околу една година.
- Ние имаме одгледувачница на торнаци, заради што ни беше потребна храна која ќе им одговара на нашите кучиња. Тоа се кучиња за изложба заради што многу ни се важни нивното здравје и изглед. Пробавме различни видови храна, но кучињата не беа оддушевени, па и ние како сопственици. После првиот Husse оброк, сите бевме задоволни. Кучињата ја изедоа сета храна, а набрзо резултатот се покажа и на нивниот изглед – раскажува Ивана.
Набргу решиле да станат и приматели на франшизата Husse и со задоволство прифатиле да учествуваат на регионалниот собир во Белград.
- Толку убаво бевме дочекани, што имавме чувство дека со години сме дел од семејството Husse. Се запознавме со работата на другите приматели, добивме совети, што ни е особено важно, бидејќи со франшиза работиме само пет месеци. Покрај советите за продажба, полезни ни беа и предавањата поврзани со храната, бидејќи важно е добро да ги познаваме производите за да можеме најдобро да ги преставиме на потенцијалните купувачи – вели Ивана Римац.
погледнете ги текстовите
Марија Словиќ направи „оаза“ на малите производители во продавницата Domaccini. Кои производи ќе се најдат на рафтовите на нејзиниот дуќан, зависи пред се, од квалитетот на производите, затоа што квалитетот и чесноста се основните фактори на успехот.
Cbweed е италијански произведувач и дистрибутер на производи на база на коноп, кој своето производство го шири преку франшиза и е заинтересиран продажната мрежа да ја развива низ Европа.
Шведски Husse е еден од ретките франшизни системи кој својата мрежа ја развива во сите земји од регионот. Приматели на мастер франшиза од минатата година имаат и во Босна и Херцеговина.
Зошто годинава фокусот ќе биде на развојот на мрежата на дистрибутери, за што се зборуваше на овогодинешниот состанок на приматели на франшиза и какви резултати се постигнати, зборува Саша Милутиновиќ
Ивана Коприванац стана примател на Husse франшиза во пресуден момент во животот. Иако со досегашните резултати е задоволна, смета дека претприемачот секогаш мора да тежнее кон подобро.
најчитани
Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.
Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…
Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.
Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?
Оригиналниот концепт на услуги по кој се препознаваат рестораните EasyBeer и EasyWine посебно е интересен за гостите, а нивната исплатливост, за претприемачите кои се заинтересирани за оваа франшиза.