Сервисите за перење алишта – сигурен бизнис
LG Laundry Lounge, синџирот на пералници за алишта со самопослужување, наскоро ќе добие нови франшизни единици во Скопје, Љубљана и Прага. Давателот на франшизата со совет до своите приматели во време на COVID-19 задолжително да се придржуваат кон правилата.
Во услови на брз начин на живот, пералниците за алишта станаа добра можност за одржување на хигиената на облеката. Оваа потреба е поизразена денеска, кога светот се соочува со најголемата пандемија во последниот век. Давателот на франшизата за пералници со самопослужување LG Laundry Lounge на своите франшизни партнери им упати неколку совети кон кои треба да се придржува секој сопственик на пералница.
- Редовно дезинфицирајте ги површините со кои доаѓате во допир и поттикнувајте физичка дистанца меѓу луѓето во пералнницата – порачува Марио Мартинек, сопственик на компанијата „Бел свет“ (Bright World) која е задолжена и за земјите од централна и источна Европа. – Редовно користете ги и нашите програми за хигиена, како Wave force и Auto tub clean, бидејќи тие овозможуваат LG професионалните машини за алишта да бидат безбедни од хигиенски аспект. Советувајте ги своите клиенти да продолжат да ги перат алиштата во пералници. И, тоа што можеби е најважно – не паничете. Единствено што треба е да ја одржувате чистотата и безбедноста на Laundry Lounge пералниците – советува Марио Мартинек.
LG Laundry Lounge е препознатлив и се издвојува со уреденоста на пералниците. Тие се место за собирање и дружење, во кои има телевизија, интернет, детско катче, апарат за кафе. Во време на пандемија, одржувањето на физичката дистанца е императив, но како што вели давателот на франшизата, тоа не би требало да ги спречи луѓето да ги користат нивните услуги. – Редовното перење и сушење на алиштата помага да се отстранат вирусите и бактериите од нив. Затоа треба да се потсетат клиентите за температурата при перењето – колку е потопла водата, поголеми се шансите за хигиенската исправност на облеката. Не треба да се заборави и на машината за сушење. Таа е одличен сојузник во борбата против вирусите и бактериите токму заради топлината која ја создава – објаснува Мартинек.
Брендирана пералница со највисоки хигиенски стандарди
Лицата кои сакаат да отпочнат со оваа франшиза треба да знаат дека LG Laundry Lounge е како концепт „клуч на рака“. Просторот се уредува според упатствата на давателот на франшизата, со комплетна опрема, а се добиваат и готови пропагандни материјали, со што примателот не мора да се грижи за дизајнот, создавањето на рекламни пораки и кампањи.
- Од примателот единствено се очекува рекламните пораки и материјали да ги споделува на социјалните медиуми и да го организира отворањето на својата пералница. Водењето на пералниците со самопослужување остава доволно слободно време, па примателот може да се насочи на хигиената и одржување на безбедни услови на Laundry Lounge пералницата во полза на нејзините корисници – додава Мартинек.
Од Њујорк до Европа
Laundry Lounge концептот го осмислила корпорацијата LG Electronics. Првата пералница за алишта под овој бренд е отворена во Њујорк 2012 година, а три години подоцна концептот се појави и на другата страна од океанот. Компанијата „Бел свет“ (Bright World) стана примател на мастер франшиза за Јадранскиот регион и ја отвори првата франшизна единица во Загреб. Следуваше отворање на LG пералници во Задар, по што „Бел свет “ е именуван за мастер за земјите од централна и источна Европа, со што презеде обврска да го шири концептот на подрачјето. – Одлуката е донесена откако успешно го започнавме работењето во Хрватска. Ббевме многу активни и организиравме неколку едукативни семинари лицта кои беа заинтересираните за отпочнување сопствен бизнис. Со таквото знаење и искуства бевме подготвени да го преземеме разојот на франшизната мрежа во регионот на ценрална и источна Европа, особено заради тоа што се работи за многу сличен пазар – објаснува Марио Мартинек.
После тоа, две Laundry Lounge пералници се отворени во Подгорица и една во Белград. „Бел свет“ помогна и во отворањето на Laundry Lounge пералници и во Цриквеница и Кастав. Според најавите, покрај во Љубљана и Прага, наскоро франшизна подружница ќе започне да делува и во Скопје, како прва од ваков тип во Република Северна Македонија.
Повочности и за примателите и за клиентите
Водењето Laundry Lounge пералница со самопослужување, според Мартинек, остава многу слободно време, заради што може да биде и дополнителна работа. При тоа примателот не плаќа никаков франшизен влезен или редовен надомест, бидејќи нивната цена е вклучена во трошоците за уредување. Трошоците за вработените се минимални бидејќи потребно е да се вработи само едно лице кое би се грижело за одржување и хигиена. Покрај тоа, се работи со кеш и не се чека за наплата на услугата.
- LG настојуваше да создаде и единствено корисничко искуство, односно Laundry Lounge пералниците да бидат пријатно место за другарување каде може да се користи интернет, да се испие кафе ... Со тоа одењето во пералницата нема да биде изгубено туку добро искористено слободно време што ги зголемува шансите луѓето повторно да се вратат. Тоа е уште една предност на која можат да сметаат нашите приматели на франшизата – вели Марио Мартинек.
Погледнете во каталогот
Издвоени франшизи
Нема издвоена франшиза
Други концепти од секторот Услуги за индивидуални клиенти
Најнови вести
Прикажи сè
Франшиза што го разубавува детството
Јована Дракулиќ, основачка на IKA со 20+ години искуство, создаде градинка што спојува знаење и љубов, сега шири концептот преку франшиза.
Научна кујничка – наука низ игра
Научната кујничка ги спојува науката и играта преку експерименти и работилници за деца, додека на франшизерите им нуди стабилен и перспективен бизн...
Ширењето на знаењето без граници
„Школата за брзо читање и мудро учење“ претставува еден од ретките домашни франшизни системи кој со години успешно се носи со сите предизвици и пос...
NYC BAGEL франшиза која мириса на успех
Њујоршки багел со сараевска душа: како еден брачен пар започна успешен бизнис и сега нуди франшиза за сите што сакаат автентичен бренд во својот град.