Улога по мерка на големите играчи

Искуство и вештина
Искуство и вештина / Мастер франшизата не е за почетници. Искуството секако е предност, а најмногу се ценат претприемачите кои веќе имале докажани резултати во продажба, маркетинг или воопшто во водење бизнис
Вторник
26.02.2019
Со купувањето на мастер франшиза, примателите на франшизата од самиот почеток влегуваат во сериозна игра . Иако добивката во тој случај е поголема, многу поголеми се обврските.
 

Мастер франшизата е форма на франшизно партнерство во кое примателот на франшизата добива право од давателот на франшиза да работи и да ја развива мрежата на подружници на точно дефинирана територија, најчесто на ниво на една држава. Примателот на мастер франшиза се однесува како мини-давател на франшиза имајќи во предвид дека е задолжен и за пронаоѓање на нови одделни приматели, нивна обука, а подоцна и постојана поддршка. Заради тоа и не е потребно да се каже дека примателите на мастер франшиза од почетокот влегуваат во сериозна игра, бидејќи од нив се очекува да работат на промоција на брендот, да отворат и да водат барем една работна единица, покрај тоа што ќе работаат на продажба на одделни франшизи и ќе соработуваат со своите идни франшизни партнери од тој пазар.

За ваквиот обем на работа и обврски, јасно е дека влезот во овој потфат за примателите на мастер франшизата треба да биде исплатлив.  Тие и за купувањето на мастер франшизата морале да одвојат и не така мала сума на пари. Но, подоцна ќе можат да сметаат на голем процент од продажбата и работењето на одделните франшизи. Профитот можеби  и навистина е поголем од купувањето на одделна франшиза, но, како што веќе рековме, и обврските се неспоредливо поголеми.

Во што е убавината на мастер франшизата?

Факт е дека компаниите/франшизни системи, кога размислуваат за влез на странскиот пазар најчесто се одлучуваат за давање на мастер франшиза.

Пресметката е едноставна. Ако најдат еден доверлив партнер кој може да ги преземе сите обврски за развивање на мрежата на локално ниво, повеќето предизвици поврзани со тој процес (продажба на одделни франшизи, обука на примателите и подоцна поддршка), ќе бидат полесно надминати и решени. Давателот на франшиза всушност тргнува од тоа дека примателот на мастер франшизата подобро го познава локалниот пазар, дека нема да има јазични или културни пречки и дека многу поефикасно ќе им помогне на одделните приматели на франшиза при вработување на нови работници, во комуникацијата со доставувачите или при преговорите со рентиерите. Секако, за воопшто да дојде до развивање на мрежата, примателот на мастер франшизата и самиот мора да помине обука. Како што налага франшизната практика, давателот на примателот ќе му ги пренесе сите потребни знаења (know-how), сите процедури, стандари и најдобрите практики во работењето.

Но, нема добар партнерски однос без меѓусебна полза.

Со партнер кој е целосно фокусиран на развојот на едно подрачје,  давателот на франшиза добива можност побрзо и со помали вложувања да го освои пазарот.  Од друга страна, пак, со прибирање на надоместок од новите партнери, примателот на мастер франшиза е мотивиран да продаде што повеќе одделни франшизи.  Бидејќи тој е задолжен и за обука и поддршка на идните партнери, ќе биде мотивиран  да бара најквалитетни кандидати, што ја зголемува можноста  за развивање на профитабилна партнерска мрежа.

Покрај тоа што од давателот на франшиза добива практична обука, а потоа и оперативен прирачник со сите проверни процедури за работа, примателот на мастер франшиза може да смета и на други придобивки. Прво, на многу посилен меѓународен маркетинг, но и на комотитетот на  големиот систем бидејќи не мора да размислува за унапредувања, иновации и технологии кои ќе имаат влијание на растот на работењето, бидејќи тоа во најголем дел е  задача на давателот на франшизата.  Сепак, не треба да се занемари ниту тоа дека примателот на мастер франшиза  е партнер на страната која премногу сака да успее, така што  очекува дека даветелот секогаш ќе му биде „при рака“, за сите прашања за работењето.

Постои ли идеален примател на мастер франшиза?

Иако примателите зад себе имаат бренд и систем на кој можат да се потпрат, јасно е дека мастер франшизата не е за секого. Тие кои ќе се одлучат за ваква соработка мораат пред се да имат добра финансиска потпора,  а потоа и силни менаџерски способности. Секако, искуството е предност, а најмногу се ценат претприемачите кои веќе имале потврдени резултати во продажба, маркетинг или воопшто во водење бизнис.  Во пракса, примателите на мастер франшиза  најчесто се големи, силни компании со шаренолико портфолио  на брендови или пак искусни претприемачи кои водат профитабилен бизнис со развиена логистика и инфраструктура. За давателите на франшиза тие се природно идеални партнери.

Во земјите од регионов приматели на мастер франшиза имаат Helen Doron (училиште за англиски јазик), Husse (домашна достава на храна за кучиња и мачки), JumpingClay (продажба на глина и курсеви за кензино моделирање), 5aSec (хемиско чистење), No+Vello (епилација), Pizza Hut (ресторан за брза храна), RE/MAX, Von Poll (недвижнини)...


најчитани

LG Салон за перење /19.03.2019

Во ритамот на животните промени – помалку време, помал животен простор и големи сметки за струја, не е за изненадување кога новите бизнис концепти се издигнуваат, искористувајќи ја ваквата ситуација како поволна прилика која води кон основање нов бренд - сервис за перење.

Учи, создавај, заработувај /28.05.2019

Роберт Стопа вложил неколку илјади евра за да ја купи франшизата Едукидо. Инвестираното многу брзо го вратил и купил лиценца да развива бизнис во уште две дејности во Полска.

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Идеа за работа во заштитата на телефонот /27.04.2019

Американската франшиза Mobile Outfitters, специјализирана за услуги за заштита и стилизирање на мобилните телефони со квалитетна фолија, веќе неколку години работи во Хрватска и Србија. Бараат приматели за франшизата и во Македонија.

Можност за бизнис на пазарот за итни транспортни услуги /07.05.2019

Flash е европски лидер во давање на професионални услуги за итен транспорт кој отпочнува со нова франшизна програма. Целта е проширување на мрежата на превозници и партнери низ Европа. Приматели на франшизата бараат и во земјите од регионов.

популарно во форумот