Четврток
25.10.2018
Претприемачот кој сака да постане примател на франшиза и на тој начин се приклучи на франшизен систем, може да очекува низа предости
 

1. Познат бренд

Примателот на франшиза работи “под патронат“ на бренд кој веќе е познат и присутен во јавната свест. Така е многу полесно да се привлечат купувачите. Примателите на франшиза исто така имаат корист и од репутацијата, заштитениот трговски знак, авторските права, деловните вештини, како и други производни процедури и тајни на успех кои се во сопственост на давателот на франшизата.

2. Докажан концепт

Предност на влегување во франшизна мрежа е пристапот на знаење и информации (know-how) како и стратегии кои допринеле за нејзиниот успех. Или на кратко - пристап на информации за управување со работењето. При релативно мало капитално вложување, примателот на франшиза има пристап на пристап на решенијата за економски развој - решенијата кои инаку би морале сами да ги пронајдат, и кои би барале значително време и значителни инвестиции.

3. Поддршка од давателот на франшиза

Давателот на франшиза со потпишување на договорот за франшиза прифаќа обврска за пружање на потребна поддршка на примателите, како и тие би постигнале успех кој што е колку што е можно сличен на неговиот. Неговата обврска, меѓу останатото, опфаќа:

  • Поддршка во пронаоѓањето на адекватен простор или задоволителна локација
  • Помош при отварање на деловната единица
  • Помош при одредување на количина и асортиман на стоката наменета за продажба
  • Обезбедување на обука за примателите на франшиза и нивниот персонал во врска со: управување со работењето, подготовка на производите или практикување на услуги (пр. мени во ресторан), финансиите, сметководството, планирањето и контролата на маркетиншките и промотивни активности.

4. Поддршка на оние без искуство во конкретната област на работење

Вообичаено, примателот на франшиза не мора да поседува богато искуство во браншата во која ќе работи. Тој од давателот на франшиза добива обука за развој на бизнисот како и трајна подршка, односно основни знаења од браншата се добиваат со обуката која ја обезбедува давателот на франшиза. Примателот на франшиза добива франшизен прирачник кој објаснува како да се придвижи успешно работење во таа бранша. Освен тоа, давателот на франшиза вообичаено прибира колку што е можно повеќе информации за пазарот и деловното окружување, кое потоа го дели со своите партнери.

5. Минимален ризик, максимална сигурност

Главна предност на придружувањето на франшизен систем е во намалувањето на ризик кое го донесува деловната адинистрација. Тоа придонесува да зголеми кредибилитетот на примателите на франшиза во деловните разговори или преговорите за соработка со други претприемачи или договорни страни (вклучително и финансиски институции). Заклучокот пренесен од истражувањата и искуствата од западни пазари покажува дека бројот на банкротирани претпријатија кои работат во рамки на франшиза е далеку помал од бројот на оние кои се независни.

6. Предност на промотивните кампањи и промоција во организацијата на давателот на франшиза во сите земји во која компанијата работи

Примателот на франшиза како самостоен трговец не може да си дозволи голема рекламна кампања на национално ниво, ниту пак би имало смисол да се организира таква кампања имајќи во предвид дека се делува локално. Со придружување на франшиза и на мрежата која вклучува многу единици на франшизата, овозможува на примателот на франшиза да добива корист од влилјанието на “кровната“ рекламна кампања која ја организира давателот на франшиза за целата мрежа.   

7. Подобри услови во договорите и односите со добавувачите

Давателот на франшиза преговара за условите на договорот со добавувачите за целата франшизна мрежа (на пр. снабдување Кока-Кола во секој ресторан). Истиот може да добие подобри услови на на купување само поради постоењето на франшиза, без оглед на своите преговарачки вештини.


Игор Богојевиќ
Партнер

најчитани

Полека и сигурно до франшиза /06.07.2021

Доколку водите мал бизнис што може лесно да се „реплицира“, франшизингот е идеален начин за проширување на вашиот бизнис. Сепак, кои се основните предуслови за развој на успешна франшиза?

JUMBO расте на Балканот /20.07.2018

Џамбо, грчки синџир продавници за играчки, ја прошири мрежата за франшиза во регионот. Последната продавница беше отворена во Гњилане, Косово.

Брзото читање ја „освои“ и Македонија! /14.01.2020

Франшизниот систем „Училиште за брзо читање и мудро учење“ пристигнува и во нашата земја. Потпишан е договор за мастер франшиза.

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Тимот како движечка сила /25.06.2019

Размислувате за ширење на вашиот бизнис преку франшизинг? Се прашувате што е потребно за да се создаде стабилен франшизен систем?

популарно во форумот