Дали сте за суши?
Sushi by A's, франшизен концепт кој се заснова на подготовка и продажба на суши во рамките на трговски ланци, ја прошири мрежата во Хрватска и Словенија и најавува влез на нови пазари.
Во главниот град на Словенија неодамна е отворена осмата франшизна единица на концептот Sushi by A's, концепт кој во овој регион пристигна пред пет години од Соединетите Американски Држави. Примател на мастер франшизата тогаш стана компанијата Grupo Ohana која го презела развојот на франшизната мрежа во Хрватска и Словенија и која, на ова подрачје дејствува како давател на франшизата Sushi by A's.
Како што потврдуваат од компанијата, најновата продажна единица е отворена во центарот на Љубљана во Максимаркет.
- Љубљана го препозна нашиот квалитет. Од самото отворање не запираме со виткањето на суши дури и по 12 часа дневно. Едноставно, не успеваме да направиме толку ролкнички колку што е побарувачката – вели Ај Мо, новата менаџерка на компанијата Grupo Ohana, која пристигнала од Хаваи за да продолжи со ширењето и организирањето на концептот во цела Европа.
- Sushi by A's овозможи овој специјалитет да стане подостапен за поголем број на луѓе. Имено, со продажбата преку супермаркети направивме сушито, според цените, да биде подостапено за поширок круг на потрошувачи – додава таа.
Покрај осумте франшизни суши продажни „острови“ во Словенија, 30 продажни катчиња има и во Хрватска. Следните земји во кои планираат да пронајдат партнери, како што вели Мо, се Унгарија и Италија, а после нив и Франција.
Примателите на оваа франшиза, објаснува Мо, главно се млади кои имаат претприемачки дух. Помладите генераации најчесто го препознаваат производот бидејќи ги следат трендовите и согледуваат дека побарувачката за овој вид храна е се поголема.
- Идеален примател, како и во секоја друга дејност, е личност која е подготвена на целосна посветеност, соработка и вредна во работата. И се разбира која е подготвена да го шири работењето. Компанијата го поддржува секој примател на франшиза во ширењето на мрежата на работење на локално ниво, во градот во кој работи. За секое ново продажно место предност во преземањето, се разбира, има постојниот примател на франшиза од тој град. До таму, до каде сака да го шири своето работење – објаснува Мо.
Како што веќе е споменато, во основата на овој франшизен систем е подготовката и продажбата на суши производи и тоа во состав на трговски ланци. Имено, во рамките на избраните супермаркети се поставуваат ладилници Sushi by A's во кои сушито се изложува и продава. Партнерството со трговските ланци го обезбедува давателот на франшизата Grupo Ohana, а мрежата натаму се развива со изнаоѓање одделни франшизни партнери. Покрај тоа, давателот на франшиза ја обезбедува и останатата опрема потребна за работа, како што се ладилници, работни површини, магацински простор и т.н. Продажбата се врши преку касите на трговските ланци, што значи дека на примателот на франшизата не му е потребна ниту фискална каса. За редовно снабдување со сите потребни состојки задолжен е давателот на франшизата. Заради сето споменато, сметаат во компанијата, франшизниот концепт се издвојува како исклучително поволна деловна можност која од примателите на франшиза не бараат ниту многу загриженост при изборот на локација, ниту преголеми вложувања.
Други концепти од секторот Гастрономија
Најнови вести
Прикажи сè
Франшиза што го разубавува детството
Јована Дракулиќ, основачка на IKA со 20+ години искуство, создаде градинка што спојува знаење и љубов, сега шири концептот преку франшиза.
Научна кујничка – наука низ игра
Научната кујничка ги спојува науката и играта преку експерименти и работилници за деца, додека на франшизерите им нуди стабилен и перспективен бизн...
Ширењето на знаењето без граници
„Школата за брзо читање и мудро учење“ претставува еден од ретките домашни франшизни системи кој со години успешно се носи со сите предизвици и пос...
NYC BAGEL франшиза која мириса на успех
Њујоршки багел со сараевска душа: како еден брачен пар започна успешен бизнис и сега нуди франшиза за сите што сакаат автентичен бренд во својот град.