Се зголемуваат хотелските франшизи и во Европа

Учеството на франшизи во портфолијата на хотелските ланци (сино)/Според извештајот на „Hotel Franchising in Europe 2019“ консултантската куќа HVC
Понеделник
18.11.2019
Големите хотелски ланци во Европа се почесто се определуваат за франшизниот модел на работење, се наведува во извештајот „Hotel Franchising in Europe 2019“ на консултантската куќа HVC.
 

Во извештајот се истакнува дека пред 10 години само околу една третина од хотелите во Европа работеле со франшиза. Денеска тој дел е малку над 40 %. Растот е забележителен, но процентот на франшизни хотели го нема достигнато потенцијалот на пазарот, велат авторите на Извештајот. Наспроти овие бројки, во Соединетите Американски Држави учеството на франшизата е 70 % и преставува стабилен однос кој не се сменил во последните пет години. 

Иако давањето на франшизи во Европа и натаму е помалку распространето во споредба со САД, сепак доказите потврдуваат дека франшизингот е се попопуларен - како начин за ширење на хотелските ланци, но и како атрактивен модел кој на сопствениците им овозможува да го задржат поголемиот степен на контрола. Давањето франшиза особено е важно за хотелските ланци кои влегуваат на нови пазари бидејќи им овозможува брзо да го збогатат своето портфолио, потпирајќи се на локалните партнери и оператори кои го преземаат  управувањето со хотелите, а кои често имаат изградено силна мрежа на деловни врски со локалните туристички агенции, тур-оператори и сл. – објаснува Стивен Колинс (Stephen Collins) кој е еден од авторите на извештајот „Hotel Franchising in Europe 2019“.

Сепак се забележува дека хотелските ланци потешко се откажуваат од целосната контрола (потпишување на франшизен или менаџерски договор) над својот луксузен бренд, особено ако се работи за репрезентативни објекти. Од друга страна, пак, франшизното работење зајакнува и станува се попосакувано во делот на хотели од средната класа. 

Авторите на овој извештај забележуваат дека франшизното работење има и некои предизвици. Дури и кога станува збор за познат хотелски бренд кој многу добро работи на еден европски пазар,  не може со сигурност да се очекува дека така ќе биде и на некој друг пазар. Франшизното работење во Европа делумно е забавено од неприспособената и различна правна регулатива која во делот на франшизингот се разликува од една до друга држава. Некои земји, како што се на пример Белгија, Франција или Италија имаат посебни закони за франшизинг кои точно пропишуваат што треба да содржи франшизниот договор, додека пак во други не постои посебна регулатива, при што договорните страни се потпираат на постојните граѓански закони или примери од практиката. 

Франшизингот има големи предности. Хотелските ланци располагаат со неспоредливо поголеми ресурси, со што обезбедуваат брза реакција на исклучително брзото темпо на технолошките промени, многу побрзо од независните хотелиери. Не треба да се занемари ниту нивното знаење, искуство и можност да ги испратат своите стручни лица (за маркетинг, IT, менаџмент, финансии или други сфери на работење) низ Европа доколку на примателот на франшизата му е потребна помош.

Во текот на последните години, со консолидацијата и стекнувањето на хотелските ланци дојдовме до тоа што го имаме денеска – уделот на франшизните хотели станува се позначаен. Овој тренд посебно се забележува кога ги анализираме портфолијата на познатите хотелски ланци. Како што стојат работите, трендот само ќе продолжува да расне. За да стекнеме што поголем удел на пазарот и за да ја задржиме водечката позиција, најголемиот ланец ќе продолжи да се шири преку франшиза – потврдува Софи Пере (Sophie Perret), која е коавтор на овој Извештај. 

Интересен е и податокот кој го прикажува консултантската куќа Lodging Econometrics, кој бележи дека речиси половината (47%) од сите франшизни хотели се во сопственост на само четири франшизни ланци. Франшизната мрежа на Accor го чува рекордот со 256 хотели и 35.073 соби. Marriott International има 208 франшизни хотели со 33.395 соби, под брендот Hilton работат 172 франшизни хотели со 26.466 соби, додека InterContinetal Hotel Group (IHG) има 147 франшизни хотели со 24.483 соби.

 


Игор Богојевиќ
Партнер

најчитани

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

Франшиза по мерка, за оние со стил! /26.11.2019

Бугарскиот бренд Brutale кој се карактеризира со елегантни машки костуми шиени по мерка, тргнува во експанзија во Европа. Приматели на франшиза бараат и меѓу претприемачите од овој Македонија.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

популарно во форумот