Нов Subway во Загреб

Subway во центарот на Загреб

Покрај ресторанот во Арена Центарот, кој е отворен во 2017 година, Загреб го доби и вториот Subway ресторан и тоа во строгиот центар на градот, на плоштадот Бан Јелачиќ.

Новиот ресторан Subway во Хрватска, како што стои во соопштението, нуди и нов внатрешен дизајн Fresh Forward, кој на гостите ќе им понуди можност за избор – од начинот на порачки и преземање на храната до целосно уживање во јадењето. Визуелниот идентитет во комбинација со иновативниот дизајн на ентериерот го прават просторот посветол и помодерен. Бидејќи Subway е познат по своите сендвичи, на прво место е делот со свеж зеленчук, стои меѓу другото во соопштението. – Новиот дизајн треба да им овозможи на  гостите времето поминато во нашиот ресторан да им биде попријатно. Ресторанот е со свежи бои кои ги следат нашите производи: тазе подготвени сендвичи, салати и wrap-ови. Сакавме со ваквиот дизајн да ја нагласиме понудата на ресторанот – вели Владимир Ханула, сопственик на постојните ресторани и франшизен партнер на Subway во Хрватска.

Можност и за иницијативните

Благодарение на потврдениот деловен модел, Subway ресторанот е одлична можност за претприемачите кои размислуваат за бизнис во угостителството, потсетува Владимир Ханула. Како приматели на Subway франшизата, партнерите добиваат многу можности со оглед на тоа што франшизата се заснива на систем кој постои и кој се унапредува речиси 55 години. Докажаните постапки на работење му го олеснуваат на примателот на франшиза секој чекор во водењето на ресторанот. Системот е едноставен и лесен за водење, нуди флексибилни можности во изборот на локацијата и технички не е сложен, што значи дека може да се имплементира со умерени вложувања. 

 Првиот наш Fresh Forward ресторан е пример за тоа како сакаме натаму да се развиваме на хрватскиот пазар и сите нови ресторани ќе бидат отворени во овој стил. И натаму голем потенцијал гледаме во Загреб, но и во други хрватски градови: Сплит, Ријека, Осиек, Шибеник, Задар, но и во одморалиштата долж автопатот – вели Мартин Принц, Country Director Subway за средна и источна Европа. 

Резултатите од работењето покажуваат дека Subway во Хрватска, на годишно ниво постојано се зголемува. Годишниот пораст на продажбата во Хрватска изнесува 6%, а годишниот профит за примателите на франшизата 9%. Во 2019 година Subway оствари значителен раст во Хрватска. Продажбата се зголеми за 13% во последниот квартал, а 20% минатиот месец. 

Со повеќе од 42.000 ресторани на глобално ниво, Subway е најголемиот синџир на ресторани во светот. Интересен е податокот дека самата компанијата Subway нема ниту еден ресторан во своја сопственост. Имено, сите ресторани им припаѓаат на примателите на франшиза, чија бројка денеска изнесува над 21.000, а дури 70% од примателите на франшиза управуваат со повеќе од еден ресторан. Меѓу нив се и тие кои во своето франшизно портфолио имаат по 100 и повеќе Subway ресторани.

Во регионов, засега Subway работи во Словенија и Хрватска.

Други концепти од секторот Гастрономија