Европски етички кодекс за франшизи

Петок
26.10.2018
Овој Европски етички кодекс е надградена верзија на Кодексот на Европската франшизна федерација (ЕФФ), кој e усвоен во 1972 година, а неговата последна измена е во 2016 година, изменета првпат по 2003 година, откога датира неговата претходна верзија.
 

Во креирање на кодексот учествувале сите национални организации или федерации членки на ЕФФ, кои се вклучиле и во неговата промоција, толкување и прилагодување на условите во својата земја. Предложените прилагодувања од страна на членовите може да бидат дополнување на основниот Кодекс, без да се менува Кодексот, и мора да бидат одобрени од ЕФФ пред да се спроведат.

Кодексот е направен за да им служи како практичен збир на основни одредби за фер однесување на сите актери кои во Европа се занимаваат со франшизинг.

Содржина на кодексот:

  1. Дефинирање на работењето со франшиза
  2. Основни начела
  3. Регрутирање, рекламирање и тајност на информациите
  4. Селекција на поединечните приматели
  5.  Договор за франшизи
  6. Етички кодекс и мастер систем на франшизата

ДЕФИНИРАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО СО ФРАНШИЗА

Франшизното работење е систем на трговија со добра (стока) и/или услуга и/или технологија, која се базира на блиска и континуирана  соработка со правно и економски независни претпријатија, сопственици на франшизата и поединечни корисници на франшизата  - приматели на франшизата, каде сопственикот им гарантира на своите корисници право и им наметнува обврски да ја водат работата во склоп со концептот на франшизата.

Правото им овозможува и ги обврзува примателите на франшизата, да во замена за директен или индиректен финансиска надомест, го користи трговски  знак на давателот на франшизата (бренд) за производ или услуга, know-how, работните и технолошките методи, системот на процедура и други права на индустриска и технолошка поддршка во склоп и на временскиот рок одредени во писмен договор за франшиза, кој во овој случај е склучен помеѓу странките.

“Know-how” означува корпус на не патентирани и практични информации, настанати како резултат на искуството и тестовите спроведени од страна на давателот на франшизата, а кои се тајна и се детално и јасно одредени. “Тајни“ значи know-how, како целина или егзактна конфигурација на своите составни компоненти, да не е јавно позната или лесно достапна, а не е ограничена во потесна смисла да секоја поединечна компонента (дел) know-how  биде потполно непозната или достапна надвор од работата со кои се занимава давателот на франшизата.

“Детално“ значи дека  know-how содржи информации кои се значајни и корисни за примателот на франшизата за употреба, продажба или препродажба на договорената стока или услуга.

“Одредена“ е дека know-how мора да биде опишан на доволно разбирлив начин така да се може да се провери да ли се исполнети критериумите на тајност и важност.

2. ОСНОВНИ НАЧЕЛА

2.1 Давателот на франшизата е почетникот на мрежата на франшизата која се состои од него самиот и неговите поединечни приматели на франшизата, каде давателот на франшизата е долгогодишен старател.

2.2 Обврски на давателот на франшизата:

  • Давателот на франшизата успешно управува со концептот во периодот најмалку од една година и барем во една пробна единица (пилот единица) пред да ја создаде сопствената франшизна мрежа,
  • е сопственик или има законско право на користење на името на мрежата, марката на стоката или други различни идентификации (трговска марка, бренд…)
  • Ги препознава своите приматели на франшизата како независни претпријатија и нема на никој начин ни директно ни индиректно да ги третира како вработени или подредени,
  •  им дава на индивидуалните приматели на франшизата почетна обука и трајна комерцијална или техничка помош во текот на целиот период на траење на  договор.
  • Им дава право да се користи know-how, кој е пренесен или ставен на располагање на примателот на франшизата со обврска да know how го одржува и развива;
  • Да го  пренесе или стави know how на располагање на примателот на франшизата  преку средствата за информирање и каналите на комуникација  и обуката  и да го надгледува и да го контролира дали  know-how правилно се користи
  • Ги поттикнува примателите на франшизата да даваат повратни информации ( размена на информации) како би се одржувал и развивал know-how,  кој им е пренесен или ставен на располагање,
  • настојува да во пред договорната и пост договорната фаза  на соработка со примателот на франшизата спречи било каква злоупотреба а посебно на пренесување на know-how
  • на конкурентските мрежи.
  • Да инвестира во однос на потребите во средства финансиски и човечки ресурси за промоција на брендот и да се вклучи во истражување и иновација која ќе осигура долгорочен развој и континуитет на концептот
  • Ќе ги информира потенцијалните и поединечните приматели на франшизата во намерите за работење на интернет или воопшто во продажната политика и намера за таква политика.
  • Ќе настојува да го сочува интересот на целата мрежа додека го развива своето  онлајн работење или продажна политика

2.3 Обврски на индивидуалниот примател на франшизата

Примателот на франшизата:

  • ќе  прифати обврска лојално да соработува со давателот на франшизата како би обезбедиле успех на мрежата на која примателот на франшизата и се придружил како овластен и независен примател;
  • ќе вложи најголем напор што може со цел раст на франшизното работење и одржување на заедничкиот идентитет и углед на франшизната мрежа;
  • ќе биде одговорен за човечките ресурсите и финансиските средства кои ќе ги ангажира во франшизното работење и презема одговорности како самостоен претприемач во односот кон трети страни за своите постапки внатре во франшизниот систем;
  • Да постапува лојално и одговорно во однос на сите останати приматели на франшизата во мрежата како и кон франшизниот систем како таков;
  • да им доставува на давателот на франшизата проверени податоци за работењето се со цел  да ја олесни процената за работењето, како и работните биланси и сите други работни податоци неопходни за ефикасен  надзор над работењето;
  • да му  допушти на давателот на франшизата да провери дали концептот на  квалитетот и имиџот правилно се одржува, пред се во смисла на квалитет кој примателот на франшизата им го пружа на купувачите - клиентите;
  • да ја препознае и преземе одговорноста кој како потполно независен претприемач ја има во однос на купувачите/клиентите;
  • Нема да дава знаење на трети лица за (know-how) ни други информативни материјали за работењето на франшизниот систем кој ги добива од давателот на франшизата, во текот на траењето на договорот, како ни после истекот на договорот.

2.4 Трајни обврски на двете страни

Страните ќе:

  • Настојуваат да го сочуваат имиџот и угледот на мрежата преку водење на своите бизниси-работењето на своите компании; преку применувањето на начелото на добра верба и почит во меѓусебните односи. Страните писмено ќе информираат за секое кршење на договорените обврски и каде е тоа можно ќе овозможат разумен временски рок за отстранување на примерите за кршење на договорот;
  • ќе ги почитуваат доверливите информации за франшизниот концепт кои ќе ги разменуваат меѓу себе; ќе ги решаваат тужбите и споровите спогодбено, со преговори во духот на добра верба, меѓусебно разбирање и толеранција
  • ако тоа одговара и ако  не успеале да го решат спорот со директни преговори, медитација пред покренување на покренување на парница или арбитража спроведена или одобрена од страна на националната франшизна асоцијација.

3. РЕГРУТАЦИЈА, РЕКЛАМАЦИЈА И ДОВЕРЛИВОСТ НА ИНФОРМАЦИЈАТА

3.1. Рекламите со кои се повикуваат за соработка  кандидатите за индивидуалните приматели на франшизата мора да бидат не двосмислени и не смеат

  • да содржат податоци кои можат да ги доведат во заблуда.

3.2 Сите рекламни и промотивни материјали кои директно или индиректно се однесуваат на можни идни резултати, цифри или приходи кои индивидуалните приматели на франшизата ги очекуваат ќе бидат објективни и нема да бидат измислени

3.3 За да им се овозможи на примателите на франшизата да имаат увид во сите документи со потполни информации ќе им се дадат копии или ќе им се овозможи пристап до овој важечки Етички кодекс, како и целосен  и точен приказ на сите материјали со информации за франшизниот  однос во разумен рок пред спроведување на задолжителните документи

3.4 Потенцијалниот примател на франшизата презема одговорност за внимателно анализирање на информативниот материјал за франшизната соработка вклучувајќи и професионален совет, пред да го потпише франшизниот договор

3.5 Потенцијалниот примател на франшизата мора да биде искрен и отворен во давањето на податоците за своето искуство, финансиската способност, обученост, средината од која потекнува, како и било кој друг важен податок за франшизната соработка која ќе овозможи да биде избран од страна на давателот на франшизата

3.6 Ако давателот на франшизата сака да наметне обврски за преддоговор, кандидатот за примател на франшизата и треба да ги почитува следните начела:

  • Пред да биде потпишан било каков  преддоговор, кандидатот за примател на франшиза ќе добие писмена информација за неговата цел (целта на пред договарање) како и било какви компензации која ќе мора да ја  плати на давателот на франшизата , со цел покривање на неговите стварни трошоци направени во текот на пред договор фазата; ако договорот се спроведе, споменатата компензација ќе биде рефундирана од страна на давателот на франшизата или ќе биде одземена од влезната сума која ја плаќа примателот на франшизата; преддоговорот ќе ги дефинира сите рокови и ќе ги содржи сите одредби кои ќе се однесуваат на негово раскинување;
  • давателот на франшизата може да наметне одредби за избегнување на конкуренцијата и/или тајност со кои ќе ги  заштити своите знаења (know-how) и идентитет.

4. СЕЛЕКЦИЈА НА ПРИМАТЕЛ НА ФРАНШИЗА

Давателот на франшизата треба да ги  одбере и прифати како приматели на франшиза само оние кои после разумната анализа поседуваат основни вештини, образование, лични квалитети, како и финансиски ресурси кои се доволни за водење на франшизно работење.

5. ФРАНШИЗНИ ДОГОВОР

5.1 Франшизниот договор мора да биде во склоп на националните закони, законите на Европската унија, и овие етички кодекси и сите негови евентуални национални дополнувања.

5.2 Договорот ќе ги одржува интересите на членовите на франшизната мрежа , ќе ги штита  индустриските и интелектуалните права и сопственост на давателот на франшизата и ќе го  одржува заедничкиот идентитет и репутација на франшизната мрежа.

5.3 Давателот на франшизата на примателот на франшизата ќе му ги понуди сите договори и сите договорни обврски во врска со франшизниот однос напишани или преведени од страна на овластен преведувач на службен јазик во земјата во која работи примателот на франшизата, а договорите што се потпишани мора да бидат веднаш дадени на примателот на франшизата

5.4 Франшизниот договор мора да ги образложи без двосмисленост, обврските и должностите на договорените странки, како и други материјални услови кои се однесуваат на односите.

5.5 Основните одредби на договорот треба да бидат следните.

  • правата кои ги има давателот на франшизата,
  • правата кои ги стекнува примателот на франшизата
  • права на користење на интелектуална сопственост (бренд, трговска марка…) а кои мора да бидат пренесени за време на траењето на договорот односно на франшизниот однос. Списокот на стоката или услугата која давателот им ја пружи на примателот на франшизата ,
  •  обврските на давателот на франшизата
  • обврските на примателот на франшизата
  • условите за плаќање на примателот на франшизата (надомест)
  • временското траење на договорот кое мора да биде доволно долго да му овозможи на секој  индивидуален примател на франшиза враќање на почетните вложувања специфични за франшизната основа, вклучувајќи ги и ветувањата  кои двете страни мора да ги дадат за било какво обновување или промена на договорот,
  • условите под кои индивидуалниот примател на франшизата може да ги продаде или пренесе правата од договорот, односно да го продаде франшизното право како стабилен и одржлив бизнис и можност, односно опциите на правата  за давателот на франшизата во овој случај одредби кои се однесуваат на користење на трговските марки, имиња, ознаки логотипови[2]  или други специфични идентификации на давателот на франшизата од страна на примателот на франшизата
  • право на давателот на франшизата за прилагодување на франшизниот систем за нови или променети методи, одредби за раскинување на договорот, одредби кои овозможуваат итно предавање на сите материјални и не материјални имоти кои припаѓаат на давателот на франшизата или друг сопственик, одма по раскинување на франшизниот договор

6. ЕТИЧКИ КОДЕКС И МАСТЕР СИСТЕМ НА ФРАНШИЗАТА

Овој етички кодекс се однесува на односот помеѓу давателот на франшизата и примателот на франшизата и подеднакво на односот помеѓу мастер примателот на франшизата и неговиот поединечен примател на франшизата. Не се применува на односот на давателот на франшизата и неговиот мастер примател на франшизата.


PROFIT system

погледнете ги текстовите

Двете лица на франшизингот /17.01.2020

Кога купуваат франшиза, претприемачите сметаат дека самостојноста ќе ја заменат со полесно и поуспешно отпочнување и водење на бизнисот. Кои се добрите, а кои помалку привлечните страни на овој модел на работење?

Што е Discovery Day? /02.04.2019

Discovery Day ( Ден за запознавање) е вообичаерн термин, но и „обичај“ во многу земји во кои франшизната форма на водење бизнис е многу развиена. Наједноставно, Discovery Day е ден во кој, како заинтересиран кандидат за купување франшиза, за прв пат, „во живо“ се запознавате со франшизниот систем. И обратно!

Франшизен пакет /17.07.2018

Франшизен пакет е основата на франшизниот систем, бидејќи го содржи комлетниот бизнис пакет кој го нуди сопственикот на франшизата.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

најчитани

Како да се подготвите за улогата примател на франшиза? /06.05.2019

Кој бизнис? Има ли пазар за тоа што сакам да го работам/понудам? Имам ли доволно пари за отпочнувањае бизнис? На крајот, дали ќе ми се исплати оваа работа?

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Modeli širenja franšiznih sistema /25.10.2018

Секој франшизен систем бира или креира начин на меѓународна експанзија кој најмногу му одговара. Меѓутоа, мже да се каже дека постојат пет основни начини на ширење, односно модалитети во кои франшизните системи се присутни на пазарот. Како да се одбере вистинскиот?

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Создавање на нови искуства - оваа франшиза од регионот така го освојува светот! /02.12.2019

Carwiz е rent-a-car франшизa од Хрватска која продолжува со ширењето на мрежата на неколку континенти. Ни откриваат како го создале франшизниот систем и што е потребно за освојување на светските пазари.

популарно во форумот