Случајот на Edukido - што е неопходно за успех во едукативна франшиза?

Едукација-бизнис кој расте / Родителите внимателно ги избираат курсевите и училиштата кои нивните деца ги посетуваат надвор од редовното образование. Подготвени се и да платат повеќе, само да добијат квалитетна активност.
Четврток
23.01.2020
„Практиката покажува дека колку повеќе примателите на франшиза се потпираат на нашето искуство и препораки, толку им се подобри резултатите во работењето“ вели Ана Јурак, менаџер во одделението за деловни корисници на едукативниот концепт Edukido.
 

Креативните работилници во кои се употребуваат посебните комплети LEGO коцки за да им помогнат на децата да стекнат различни знаења за природата, техниката и науката, преставуваат основа на едукативниот концепт Edukido. На домашниот пазар, во Полска, Edukido веќе има повеќе од 60 едукативни центри. Меѓу нив најбројни се подружниците кои користат франшиза. Од оваа година, започнуваат да се шират и на странскиот пазар заради што приматели на франшиза бараат и во овој регион. Какви се можностите за развој, кој е идеален кандидат за оваа франшиза и каква поддршка можат да добијат идните приматели, открива Ана Јурак, која е менаџер на одделението за деловните корисници на едукативниот концепт Edukido.

Дали ова е погоден момент за бизнис поврзан со образованието?

Пазарот за образовни програми последниве години се зголемува. Се поголем е бројот на едукативни компании и концепти кои нудат различни услуги: мали/локални и големи/меѓународни брендови.  Паралелно со тоа се зголемува и конкуренцијата во одделни образовни сфери. Благодарение на вкупниот ефект од кампањите на сите овие системи и зголемувањето на свеста кај родителите, се обезбедуваат и поповолни можности за развој. Треба да се спомене дека  зголемувањето на бројот на играчите на пазарот доведува до еден вид на професионализација, квалитетот станува пресуден. Родителите се подготвени да платат и повеќе, но само доколку се работи за нешто квалитетно.

Од друга страна, пак, се забележува замор и заситеност кај децата кои имаат премногу вон-училишни активности. Седмицата има седум дена и не може да се продолжува. Заради тоа родителите треба со внимание да ги избираат курсевите и училиштата кои нивните деца ќе ги посетуваат надвор од редовното образовние. Ние во Edukido ви гарантираме  квалитетна настава, интересни и креативни програми, заради што успеваме да привлечеме голем број ученици.

Кој може да стане примател на франшизата Edukido?

Идеален кандидат за Edukido франшизата е оној кој има менаџерски способности и искуство. Меѓутоа, не бараме лице на кое единствено ќе му биде важно да заработува пари, туку ќе сака да остварува и повисоки цели. Би било добро да има искуство во работа со деца, иако тоа не е неопходен услов. Може да биде претприемач, наставник, некој кој работел во корпорација. Особено е важно да се знае дека за овој концепт не е потребен посебен деловен простор. Примателот на франшиза може работилниците да ги организира, на пример, во рамките на градинка или училиште, други образовни или комплементарни установи. 

Колкава територија треба да опфаќа франшизата за да биде работата исплатлива?

Примателот на франшизата треба да работи во градови со најмалку 10.000 жители или општини со најмалку 20.000 жители. Но, искуството покажува дека добро се работи и во рурални средини. Сметаме дека најголемата територија на која примателот на франшизата може да дејствува треба да има до 140.000 жители.

Вашата мрежа веќе е разгранета на домашиот пазар во Полска и планирате така да биде и во другите земји. Како ја надгледувате работата на примателот на франшизата: колку ги почитува правилата, дали ги следи утврдените стандарди за квалитет...?

Помалку се трудиме да ја контролираме работата, а повеќе сакаме да помогнеме во успешното водење на работата и управувањето со центарот. Условите и стандардите на нашиот франшизен систем се точно дефинирани, но успехот во работењето сепак најмногу зависи од примателот на франшизата. Ние обезбедуваме збир на алатки и поддршка за постојано подобрување и развој на понудата и едукативната програма.  Но, примателот на франшизата треба да покаже волја и желба. Се случува еден партнер да биде 100% посветен и да ги исполнува барањата на системот, а друг тоа го прави во помала мерка. И покрај тоа, многу ретко се повикуваме на строго почитување на одредбите од договорот. Еднаш во годината ги посетуваме секој од центрите и зборуваме за сите прашања поврзани со работењето, со тоа што работата на центарот претходно се анализира со помош на интерна анкета. Имено, примателот одговара на 100 прашања поврзани со стандардите на мрежата, а во крајната проценка се земаат и анализите од е-алатките и други показатели - CRM системот на подружницата, обемот и квалитетот на промоцијата, одржувањето на квалитетот на услугите, количината на нарачаните материјали и производи за настава. 

Ваквата анализа на активностите на примателот, во комбинација со податоците кои ги добиваме низ разговорот на самото место, даваат целосна слика на работењето и ни помагаат да дојдеме до конкретни препораки и решенија за одредена подружница кои ќе се применуваат следните шест или дванаесет месеци.

Се разбира, примателите на франшизата можат и секојдневно да сметаат на поддршката на нашето одделение за работа со деловните корисници. На крајот, бројот на клиентите покажува дали примателот се придржува кон нашите стандарди. Практиката покажува дека колку повеќе примателите на франшиза се потпираат на нашето искуство и препораки, толку и резултатите во работењето им се подобри.

 
 

Ана Јурак Edukido / Идеален кандидат за Edukido франшизата е личност со менаџерски вештини и искуство. Добро би било да има искуство во работа со деца, иако тоа не е и неопходен услов.

погледнете ги текстовите

Избери и започни со свој бизнис /05.10.2021

Се наближува 19-тото издание на најголемиот саем за франшиза во Централна и Источна Европа. Варшава повторно ќе биде домаќин на повеќе од 200 компании кои бараат идни деловни партнери - франшизни приматели.

Сигурна поддршка во франшизното семејство /22.09.2021

Околностите ги натераа Војислав Пековиќ и Александра Милосављевиќ да отворат училиште за ментална аритметика „Малац генијалац“ во Скопје, наместо во Белград. Велат дека, потенцијал за отворање на нови училишта постои речиси во сите градови во Северна Македонија.

Градиме подобра иднина /04.08.2021

„Секој кој што ја препознава убавината на нашата едукативна мисија е квалификуван за примател на франшизата Young Engineers“, вели основачот на овој американски едукативен концепт, Амир Асор

Учи, создавај, заработувај /28.05.2019

Роберт Стопа вложил неколку илјади евра за да ја купи франшизата Едукидо. Инвестираното многу брзо го вратил и купил лиценца да развива бизнис во уште две дејности во Полска.

Коцка, коцка, коцкичка... учиме со Едукидо /17.12.2019

Полскиот едукативен концепт Едукидо планира ширење на франшизната мрежа надвор од границите на Полска. Покрај национална мастер франшиза се нуди и одделна франшиза.

најчитани

Каков бизнис може да стане франшизата? /26.10.2018

Успешното работење може да доведе до отворање на работилници или филијали, отворање на нови фирми или - по пат на франшиза. Во споредба со првите два начини, деловен развој по пат на франшиза бара помали инвестиции и носи помал ризик.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Како да се подготвите за улогата примател на франшиза? /06.05.2019

Кој бизнис? Има ли пазар за тоа што сакам да го работам/понудам? Имам ли доволно пари за отпочнувањае бизнис? На крајот, дали ќе ми се исплати оваа работа?

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Modeli širenja franšiznih sistema /25.10.2018

Секој франшизен систем бира или креира начин на меѓународна експанзија кој најмногу му одговара. Меѓутоа, мже да се каже дека постојат пет основни начини на ширење, односно модалитети во кои франшизните системи се присутни на пазарот. Како да се одбере вистинскиот?

популарно во форумот