Што е Discovery Day?

Франшизингот најчесто не е уреден со закон, односно во најголемиот број од земјите не постои закон со кој би се уредил франшизингот како однос, туку взаемниот однос помеѓу давателот и примателот на франшизата се регулира со договор. Таков е случајот и кај нас, но и во целиот регион. Меѓутоа, дури и во тој случај, а особено во случајот на земјите каде постои законска регулатива, постои едно многу важно правило: преддоговорно известување.
Наједноставно речено, многу е важно да се осмисли системот со кој потенцијалниот примател на франжизата (кандидатот) ќе добие прецизни, точни, а пред се објективни информации за франшизниот систем за кој е заинтересиран. Како и да е уредена оваа материја, со закон или договор, таа е толку важна што заради потребата што подобро да се уреди настанал и „discovery day“ или „discovery days“- „ден (денови) за запознавање“.
Ден за запознавање (почесто тоа е само еден ден, па ќе зборуваме во еднина), како што и самото име кажува е ден во кој директно, лице в лице, се среќаваат и „запознаваат“ кандидатот (потенцијален примател на франшиза) и франшизниот систем, односно давателот на франшиза. Со тоа, кандидатот од прва рака може да „изврши инспекција“ и да погледне во самиот систем: како изгледа централата (или продажното место, центарот за поддршка), кои се луѓето кои го преставуваат, каков впечаток остава и сл. Секако, тоа е и можност многу прашања да се постават директно, а одговорите да се добијат лично од преставникот на системот.
Од друга страна, Денот за запознавање е важен и за давателот на франшиза. Тоа е можност за директно запознавање со оној кој е заинтересиран да работи под негово име. Дополнително, Discovery Day често е и првиот тест за кандидатот. Имено, само упорните кандидати ќе бидат подготвени да учествуваат, бидејќи и самото доаѓање подразбира издвоено време и одредени трошоци, пред се патните, но и сите други трошоци кои одат со тоа...
Нема одредени правила кои важат за Денот за запознавање. Давателот на франшизата самиот ги креира и осмислува. Самиот одлучува дали на кандидатите ќе им ја покаже централата или продажно – услужното место, или пак и двете, а понекогаш и повеќе продажно - услужни места. Денот за запознавање може да биде осмислен како презентација или едноставно како разговор на кандидатите со давателот на франизата. На крајот, самиот начин на кој Денот за запознавање е организиран ќе биде еден од показателите за односот на системот кон кандидатите, односно на идните приматели на франшиза.
Од друга страна, кандидатите од овој ден не треба да очекуваат чуда. Како и во реалниот живот, не е необично системот да се подготви за овој вид на запознавање. Самото тоа што на системот му е важен начинот на кој ќе се престави, едновремено е и маана. Подготовките за оваа пригода ќе ја намалат можноста самиот систем да го видите онаков каков навистина е. Затоа оваа можност треба да се сфати помалку како „инспекција“, а повеќе како можност создадената слика за системот да се тестира преку директниот контакт.
погледнете ги текстовите

Кога купуваат франшиза, претприемачите сметаат дека самостојноста ќе ја заменат со полесно и поуспешно отпочнување и водење на бизнисот. Кои се добрите, а кои помалку привлечните страни на овој модел на работење?
Овој Европски етички кодекс е надградена верзија на Кодексот на Европската франшизна федерација (ЕФФ), кој e усвоен во 1972 година, а неговата последна измена е во 2016 година, изменета првпат по 2003 година, откога датира неговата претходна верзија.
Франшизен пакет е основата на франшизниот систем, бидејќи го содржи комлетниот бизнис пакет кој го нуди сопственикот на франшизата.
Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.
Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…
најчитани

За три дена, 7000 посетители на саемот на франшизи во Варшава имаа можност да погледнат и изберат помеѓу 200 франшизни брендови и бизнис идеи. Што го издвојува овој Саем и зошто се вели дека е направен „по мерка на претприемачите“?
Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.
Се наближува 19-тото издание на најголемиот саем за франшиза во Централна и Источна Европа. Варшава повторно ќе биде домаќин на повеќе од 200 компании кои бараат идни деловни партнери - франшизни приматели.
„Поддршката која што ја добиваме и на која што ќе може секогаш да сметаме, е клучна за франшизната соработка и светскиот успех на Maple Bear“, истакнува Љиљана Николова, како причина поради која што се одлучила за користење на франшизата на овој образовен систем.
Кафето е кафе, но сепак, не е секогаш и секаде исто. Што претставува брендот MIKEL во Грција и зошто денес се смета за “чудо на угостителството”?