Место на пазарот за познатата пицерија
Pizza Hut е еден од најпознатите гастрономски брендови, под кој денеска работат повеќе од 13.000 ресторани низ светот. Сопственик на брендот е американската компанија Yum! Brands Inc, а негов ексклузивен оператор во централна и источна Европа е полската компанија AmRest. Во август 2016 година AmRest стана примател на мастер франшизата преземајќи ја обврската и понатаму да продава одделни франшизи на Pizza Hut рестораните во Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Бугарија, но и во Србија, Хрватска и Словенија.
Деновиве има и официјални најави дека AmRest бара одделни приматели на франшиза во Полска, Чешка и Унгарија. На овој начин AmRest го развива Pizza Hut во другите земји управувајќи ја франшиузната мрежа од стотина ресторани во Франција, 70 во Германија и речиси 30 ресторани во Русија. А како планира да настапува на пазарите од Централна Европа? – Благодарение на франшизниот развој, Pizza Hut ќе ја забрза динамиката на развивање и влегување на брендот на пазарот со отворање на ресторани во помалите места и градови до 80.000 жители... – стои во официјалното соопштение од AmResta.
Какви ќе бидат условите за соработка?
Според расположивите податоци, договорот за франшиза со одделните приматели ќе биде потпишан на 10 години, со можност за продолжување. Според направените пресметки, за отворање на ресторан потребно е да се вложат најмалку 125 илјади долари, а рестораните можат да се отворат во два формата: Express и Delivery. Pizza Hut Express форматот е приспособен за локации во трговски центри, кино сали и бензински станици. Не бара голем простор, најмалку 40 м2. Вториот формат - Pizza Hut Delivery е ресторан со места за седење, но и достава на домашна адреса. За овој тип на Pizza Hut ресторани се претпочита централно градско подрачје или големи стамбени населби кои имаат добар пристап за гостите и нивните возила. Потребен е простор од 110 до 120 м2.
Примателот има обврска да плати еднократен влезен надомест (за пристапување кон франшизниот систем), кој изнесува 26.000 долари, а потоа и да издвојува по 6 % од прометот за два месечни надоместоци: редовни и за маркетинг. За возврат, примателот ќе може да смета на поддршката на давателот на франшиза при изборот на локацијата, помош при реновирање и подготовки за отворање ресторан, а потоа и за сите прашања поврзани со работењето. Покрај тоа, примателот поминува и низ детална обука и добива пристап до мрежата на проверени доставувачи.
- Со влегувањето во голема организација како што е AmRest, на примателот на франшиза му е обезбеден пристап до проверени алатки и системите кои го поддржуваат работењето, што е значајна конкурентска предност. Мислам дека всушност таа е и клучна – вели директорот за франшизно работење за брендот Pizza Hut, Дамиан Рибак.
Покрај брендот Pizza Hut, AmRest Holdings SE е примател и за мастер франшизите за KFC и Burger King, како и ексклузивен носител за развој на Starbucks за овој дел од Европа. Сопственик е и на брендовите La Tagliatella, Blue Frog, KABB, Bacoa и Sushi Shop. Моментно контролира повеќе од 2000 ресторани за брза храна и ресторани за неформален ручек (со конобари) во 26 земји. На пазарот во Србија AmRest е присутен преку брендовите KFC (девет ресторани) и Starbucks (едно кафуле во Белград).
погледнете ги текстовите
Франшизниот ланец МЕРОН планира да го прошири својот концепт на кафетерии во сите земју од Европската Унија. Отворени се за соработка и со претприемачите од земјите во регионот.
Првата франшизна единица на сараевскиот ресторан CHIPAS во Босна и Херцеговина се отвара во градот Високо.
Минимален контакт со клиенти, редовна употреба на средства за дезинфекција, и постојана проверка на здравствената состојба на доставувачот - се главните принципи за сигурна достава на храната. Како еден франшизен систем ги применува сите овие принципи во пракса?
Приказната за „Јети фритули“ од Макарска е добар пример како од мал семеен бизнис може да се направи франшиза. Како се градел овој концепт, што е потребно за профитабилно работење и кои би биле посакувани приматели на франшизата?
Surf'n'Fries, познат по помфрит и оригинална амбалажа, влезе во еден од најпребирливите пазари – американскиот. Како се одвиваа подготовките и какви се реалните можности за развој, открива Андреја Чолак.
најчитани
Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.
Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.
Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?
Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.
Околностите ги натераа Војислав Пековиќ и Александра Милосављевиќ да отворат училиште за ментална аритметика „Малац генијалац“ во Скопје, наместо во Белград. Велат дека, потенцијал за отворање на нови училишта постои речиси во сите градови во Северна Македонија.