TUNAHOLIC fish bar

информација за франшизниот ситем
опис на франшизниот систем
Ние сме фамилија со повеќе од 29 години искуство во ловење риба и пловење во Јадранското Море. Одлучивме риболовот на го подигнеме на повисоко ниво, споделувајќи ги нашите доживувања и искуство со Вас. Проектот Tunaholic® произлезе од повеќегодишното искуство во риболовот, преточен во нова гастро приказна осмислена до најситни детали, од подготовка на јадењата, назив на јадењата, амбалажата, па се до дизајнот на објектите. Tunaholic fish bar е отворен 2020 година, и за кратко време влезе во гастро понудата на Хрватска. Веднаш по отварањето ги предизвика интерес во медиумите, доби многу пофалби и позитивни критики од гастро клиентите и стручните лица.
Tunaholicстана бренд во многу краток период, благодарејќи на вложената љубов, знаење и искуство, иновативната подготовка, спојот помеѓу традицоналната кујна во модерен стил и желбата нашите гурмани да бидат задоволни од понуденото.
Tunaholic не е обичен „fish bar’, Tunaholic jе здрав и оргинален начин на живеење, преку кое сакаме нашиот регион да биде посебно по она што ние сме, море, риба и добри луѓе.
Tunaholic е идеален партнер за отварање на објект со гастро понуда било каде во регионот и пошироко. Концептот на франшизата е базиран на ентузијазмот, оргиналноста, гастро спојот помеѓу модерната кујна и традиционалните состојки, меѓу кои рибата како главна намирница.
Концептот за објектот е поделен на две можни опции, а оптималната квадратура е 20-40 м2.:
- Објект во стариот град, централен дел на градот / дел од зграда
- Објект во голем трговски центар
Нудиме едноставен партнерски франшизен модел кој подразбира целосен пренос на сите елементи на брендот. Со особено внимание при изборот на суровините и рецептите, употреба на свежи состојки, посебен начин на подготовка на јадењата, како и адекватна и персонализирана амбалажа, гарантираат успешност на самиот бренд. Tunaholic® е заштитен и регистриран бренд, па како таков може да се користи во партнерски однос. Препознатлив е и единствен во дизајнерски и архитектонски смисол.
Со оглед на тоа што нашиот модел веќе проверено и успешно работи, Ви нудиме веќе подготвена предивна рибна приказна.
Комплетниот процес од потпишување на договорот до реализација, ќе биде следен и поддржан со помош на нашиот колектив, кој на примателот на франшизата би му ги пренел сите наши стекнати искуства и систематизирани знаења потребни за започнување и успешно водење на бизнисот.
Промоција на нашите производи и услуги допринесува за создавање на сликата за угледот на Tunaholic брендот, како важна цел на целокупното работење. Користиме разработен начин на промоција и маркетинг преку друштвени мрежи.
сопствени деловни единици
1 Пореч (Хрватска)
франшизна единица
3 Хрватска (Ровињ, Трогир, Загреб), 1 Словенија (Љубљана), 1 Србија (Белград)
фотографија на деловна единица
информација за примателот на франшиза
поддршка за примателот на франшиза
Поддршката на партнерот е повеќекратна, во сите сегменти на работењето:
- Потпишување на франшизниот договор - заедно
- одобрување на локацијата - давател на франшизата
- Советување при уредување на објектот и набавка на опремата - давател на франшизата
- Градежни работи во објектот - заедно, односно со поддршка на давателот на франшизата
- Логистика - организација и договарање со добавувачите, односно дистрибутерите - заедно, односно со поддршка на давателот на франшизата
- Едукација на партнерот поврзана со оперативните процедури - давател на франшизата
- Обука/тренинг на вработените на партнерот околу подготовка и презентација на производите - давател на франшиза
- Поддршка преку маркетинг вложувања - заедно
- Отварање на локалот - заедно
- Водење на бизнисот – примател на франшиза
- Супервизија во водење на бизнисот – давател на франшиза
Поддршката се обезбедува и проширува по фази на развој на проектот.
Партнерите имаат право на користење на брендот Tunaholic, на располагање им стојат сите информации поврзани со работењето, стандардите за брендот, политиките и процедурите поврзани со храната (до детали разработени во Оперативниот прирачник), плански разработена годишна маркетинг стратегија - насоки за друштвени мрежи, графички маркетинг подготовки, Графичка книга на стандарди и визуелен идентитет, Архитектонска книга на стандарди - дизајн на објекти.
очекувана вкупна инвестиција
- Влезен франшизен надоместок/Entry Fee – 10.000 ЕУР
- Франшизен надоместок/Royality Fee – 6,5 %
- Маркетинг авторски права и локално огласување - дефинираат заеднички и давател и примател на франшиза
- Можност за купување на Мастер франшиза за определени територии - по барање
- Инвестиција во објектот зависи од големината на објектот – 50.000 до 80.000 ЕУР
основни барања
Идеалниот примател на франшиза би требало да има претприемачки дух, како и искуство во продажбата, маркетинг, почетен капитал, искуство во угостителството, но пред се, љубов кон гастрономијата, морето и рибата.
Потребна е добра локација во пешачка/шопинг или деловна зона, по можност во близина на атрактивни туристички знаменитости, објект со вентилационен систем и минимално 35 kw електрична енергија, оптимална големина на објект 20-40 м2 (плус магацински простор).
информација за давателот на франшиза
JASTOG obrt za turizam i ugostiteljstvo
Svetog Eleuterija 6, 52440 Poreč, Istra
+385 98 608 417
контакт особа за кандидатите
Vesna Janko Finderle
дознај повеќе
погледнете ги текстовите
најчитани

Cofix, ланецот на кафетерии со поволни цени, се појави на израелскиот пазар како сериозен конкурент на Starbucks. Денес, по постигнатите завидни резултати на постоечките пазари, имаат намера да го прошират својот бизнис низ цела Европа.
Франшизниот ланец МЕРОН планира да го прошири својот концепт на кафетерии во сите земју од Европската Унија. Отворени се за соработка и со претприемачите од земјите во регионот.
Минимален контакт со клиенти, редовна употреба на средства за дезинфекција, и постојана проверка на здравствената состојба на доставувачот - се главните принципи за сигурна достава на храната. Како еден франшизен систем ги применува сите овие принципи во пракса?

Првата франшизна единица на сараевскиот ресторан CHIPAS во Босна и Херцеговина се отвара во градот Високо.
Приказната за „Јети фритули“ од Макарска е добар пример како од мал семеен бизнис може да се направи франшиза. Како се градел овој концепт, што е потребно за профитабилно работење и кои би биле посакувани приматели на франшизата?
Surf'n'Fries, познат по помфрит и оригинална амбалажа, влезе во еден од најпребирливите пазари – американскиот. Како се одвиваа подготовките и какви се реалните можности за развој, открива Андреја Чолак.
Синџирот семејни ресторани Steiku Haoss од Летонија планира да се прошири и на пазарите во светот. Франшизата е достапна и за претприемачите од регионов.
Се повеќе угостители размислуваат за воведување на домашна достава како мерка со која би се намалиле последиците предизвикани од коронавирусот. Да ги разгледаме предностите и недостатоците на оваа стратегија.

McDonald’s одлучи во своите ресторани во Америка да понуди и два сендвичи со пилешко... Зошто ли е тоа толку значајно? Затоа што прашање е дали тоа би се случило доколку примателите на франшиза не направиле притисок, а сето предизвикано од заострената конкуренција.
Domino's, најголемиот синџир на пицерии во светот, пролетва ќе ја добие првата франшизна подружница во Хрватска
Ланецот ресторани Surf’n’Fries, познат по помфритот, необичните сосови и оригиналната амбалажа, пристигна и во соседството. Првиот ресторан од овој франшизен ланец отворен е во Белград.
Оригиналниот концепт на услуги по кој се препознаваат рестораните EasyBeer и EasyWine посебно е интересен за гостите, а нивната исплатливост, за претприемачите кои се заинтересирани за оваа франшиза.
Pizza Hut започнува со ширење на франшизната мрежа во централна и источна Европа. Што е потребно за отворање на ресторан и колку чини да се работи под овој бренд?
Subway, најголемиот франшизен ланец на ресторани во светот, кон крајот на ноември го отвори и вториот ресторан во главниот град на Хрватска, Загреб.

PROFIT franchise services, дел од групацијата PROFIT system (PROFIT system sp. z o.o.), како издавач на Franchising.mk ве информира дека не собира ниту обработува податоци испратени преку формуларот за контакт (образец за контакт). Сите информации внесени во образецот за контакт се испраќаат по електронска пошта до организаторот на франшизниот систем, како што е наведено во каталогот. Системот што ги прима испратените податоци ќе ги користи за да повратно пружи повеќе информации за сопствениот бизнис. Испраќањето на лични податоци е доброволно, а организаторот на системот кој прима податоци од образецот за контакт е воедно субјектот одговорен за собирање и обработка на лични податоци.