Rakhia bar
информација за франшизниот ситем
опис на франшизниот систем
Rakhia Bar е мала оаза со голема душа, која што во понудата вклучува повеќе од 100 видови ракии и ликери, претставени на публиката на модерен начин. Главниот производ е домашниот бренд на Rakhia bar – The Hogster со повеќе од 13 вкусови. Сепак, Rakhia Bar не е само бар со широк асортиман на ракии, туку и многу повеќе од тоа. Кога Rakhia Bar би бил особа, би можеле да ја опишеме како забавна, урбана, „trendy“, отворена и автентична. На креативен начин ја раскажуваме нашата приказна, а воведувајќи и иновативни производи и оргинални концепти за забава креираме нови трендови.
Фокус на работењето е врз вечерните содржини и излегувањата, а таргет група се младите луѓе од 18 до 35 години. Доминантните музички жанрови на репертоарот се (исклучиво странски) „RnB“, „reggaeton“, „hip-hop“ и „pop“. Со богатото портфолио на забавни настани и музички тематски вечери, Rakhia bar секојдневно нуди прилика да се испие по една до две, а можеби и метар ракија.
сопствени деловни единици
1
франшизна единица
-
фотографија на деловна единица
информација за примателот на франшиза
поддршка за примателот на франшиза
- Право на брендот Rakhia bar
- Верификација на локацијата
- Прирачник за управување
- Книга за стандарди за брендот и визуелната комуникација
- Тренинг за персоналот и менаџментот
- Логистичка поддршка
- Маркетинг поддршка
- Целокупна понуда на ракијата The Hogster
- Поддршка во текот на работењето
очекувана вкупна инвестиција
- Entry Fee - 10 000 ЕУР
- Royalty fee - 5%
- Инвестицијата потребна за започнување со работење варира во зависност од големината на објектот (60m2 – 150m2) и изнесува помеѓу 75.000 -175.000 ЕУР.
основни барања
- Локал од 60m2 - 150m2
- Пешачка зона (20 000+ пешаци дневно)
- Во строг центар на градот или во непосредна близина, на градски плоштади, во урбани средини или студентски центри, во туристички центри и места каде што се собираат странци
информација за давателот на франшиза
Rakhia international d.oo.
Ante Kovačića 24, 51000 Rijeka
+385 98 619 317
контакт особа за кандидатите
Diego Dekanić
дознај повеќе
погледнете ги текстовите
најчитани
Cofix, ланецот на кафетерии со поволни цени, се појави на израелскиот пазар како сериозен конкурент на Starbucks. Денес, по постигнатите завидни резултати на постоечките пазари, имаат намера да го прошират својот бизнис низ цела Европа.
Франшизниот ланец МЕРОН планира да го прошири својот концепт на кафетерии во сите земју од Европската Унија. Отворени се за соработка и со претприемачите од земјите во регионот.
Минимален контакт со клиенти, редовна употреба на средства за дезинфекција, и постојана проверка на здравствената состојба на доставувачот - се главните принципи за сигурна достава на храната. Како еден франшизен систем ги применува сите овие принципи во пракса?
Првата франшизна единица на сараевскиот ресторан CHIPAS во Босна и Херцеговина се отвара во градот Високо.
Приказната за „Јети фритули“ од Макарска е добар пример како од мал семеен бизнис може да се направи франшиза. Како се градел овој концепт, што е потребно за профитабилно работење и кои би биле посакувани приматели на франшизата?
Surf'n'Fries, познат по помфрит и оригинална амбалажа, влезе во еден од најпребирливите пазари – американскиот. Како се одвиваа подготовките и какви се реалните можности за развој, открива Андреја Чолак.
Синџирот семејни ресторани Steiku Haoss од Летонија планира да се прошири и на пазарите во светот. Франшизата е достапна и за претприемачите од регионов.
Се повеќе угостители размислуваат за воведување на домашна достава како мерка со која би се намалиле последиците предизвикани од коронавирусот. Да ги разгледаме предностите и недостатоците на оваа стратегија.
McDonald’s одлучи во своите ресторани во Америка да понуди и два сендвичи со пилешко... Зошто ли е тоа толку значајно? Затоа што прашање е дали тоа би се случило доколку примателите на франшиза не направиле притисок, а сето предизвикано од заострената конкуренција.
Domino's, најголемиот синџир на пицерии во светот, пролетва ќе ја добие првата франшизна подружница во Хрватска
Ланецот ресторани Surf’n’Fries, познат по помфритот, необичните сосови и оригиналната амбалажа, пристигна и во соседството. Првиот ресторан од овој франшизен ланец отворен е во Белград.
Оригиналниот концепт на услуги по кој се препознаваат рестораните EasyBeer и EasyWine посебно е интересен за гостите, а нивната исплатливост, за претприемачите кои се заинтересирани за оваа франшиза.
Pizza Hut започнува со ширење на франшизната мрежа во централна и источна Европа. Што е потребно за отворање на ресторан и колку чини да се работи под овој бренд?
Subway, најголемиот франшизен ланец на ресторани во светот, кон крајот на ноември го отвори и вториот ресторан во главниот град на Хрватска, Загреб.
PROFIT franchise services, дел од групацијата PROFIT system (PROFIT system sp. z o.o.), како издавач на Franchising.mk ве информира дека не собира ниту обработува податоци испратени преку формуларот за контакт (образец за контакт). Сите информации внесени во образецот за контакт се испраќаат по електронска пошта до организаторот на франшизниот систем, како што е наведено во каталогот. Системот што ги прима испратените податоци ќе ги користи за да повратно пружи повеќе информации за сопствениот бизнис. Испраќањето на лични податоци е доброволно, а организаторот на системот кој прима податоци од образецот за контакт е воедно субјектот одговорен за собирање и обработка на лични податоци.