Случајот на Edukido - што е неопходно за успех во едукативна франшиза?
„Практиката покажува дека колку повеќе примателите на франшиза се потпираат на нашето искуство и препораки, толку им се подобри резултатите во работењето“ вели Ана Јурак, менаџер во одделението за деловни корисници на едукативниот концепт Edukido.
Креативните работилници во кои се употребуваат посебните комплети LEGO коцки за да им помогнат на децата да стекнат различни знаења за природата, техниката и науката, преставуваат основа на едукативниот концепт Edukido. На домашниот пазар, во Полска, Edukido веќе има повеќе од 60 едукативни центри. Меѓу нив најбројни се подружниците кои користат франшиза. Од оваа година, започнуваат да се шират и на странскиот пазар заради што приматели на франшиза бараат и во овој регион. Какви се можностите за развој, кој е идеален кандидат за оваа франшиза и каква поддршка можат да добијат идните приматели, открива Ана Јурак, која е менаџер на одделението за деловните корисници на едукативниот концепт Edukido.
Дали ова е погоден момент за бизнис поврзан со образованието?
Пазарот за образовни програми последниве години се зголемува. Се поголем е бројот на едукативни компании и концепти кои нудат различни услуги: мали/локални и големи/меѓународни брендови. Паралелно со тоа се зголемува и конкуренцијата во одделни образовни сфери. Благодарение на вкупниот ефект од кампањите на сите овие системи и зголемувањето на свеста кај родителите, се обезбедуваат и поповолни можности за развој. Треба да се спомене дека зголемувањето на бројот на играчите на пазарот доведува до еден вид на професионализација, квалитетот станува пресуден. Родителите се подготвени да платат и повеќе, но само доколку се работи за нешто квалитетно.
Од друга страна, пак, се забележува замор и заситеност кај децата кои имаат премногу вон-училишни активности. Седмицата има седум дена и не може да се продолжува. Заради тоа родителите треба со внимание да ги избираат курсевите и училиштата кои нивните деца ќе ги посетуваат надвор од редовното образовние. Ние во Edukido ви гарантираме квалитетна настава, интересни и креативни програми, заради што успеваме да привлечеме голем број ученици.
Кој може да стане примател на франшизата Edukido?
Идеален кандидат за Edukido франшизата е оној кој има менаџерски способности и искуство. Меѓутоа, не бараме лице на кое единствено ќе му биде важно да заработува пари, туку ќе сака да остварува и повисоки цели. Би било добро да има искуство во работа со деца, иако тоа не е неопходен услов. Може да биде претприемач, наставник, некој кој работел во корпорација. Особено е важно да се знае дека за овој концепт не е потребен посебен деловен простор. Примателот на франшиза може работилниците да ги организира, на пример, во рамките на градинка или училиште, други образовни или комплементарни установи.
Колкава територија треба да опфаќа франшизата за да биде работата исплатлива?
Примателот на франшизата треба да работи во градови со најмалку 10.000 жители или општини со најмалку 20.000 жители. Но, искуството покажува дека добро се работи и во рурални средини. Сметаме дека најголемата територија на која примателот на франшизата може да дејствува треба да има до 140.000 жители.
Вашата мрежа веќе е разгранета на домашиот пазар во Полска и планирате така да биде и во другите земји. Како ја надгледувате работата на примателот на франшизата: колку ги почитува правилата, дали ги следи утврдените стандарди за квалитет...?
Помалку се трудиме да ја контролираме работата, а повеќе сакаме да помогнеме во успешното водење на работата и управувањето со центарот. Условите и стандардите на нашиот франшизен систем се точно дефинирани, но успехот во работењето сепак најмногу зависи од примателот на франшизата. Ние обезбедуваме збир на алатки и поддршка за постојано подобрување и развој на понудата и едукативната програма. Но, примателот на франшизата треба да покаже волја и желба. Се случува еден партнер да биде 100% посветен и да ги исполнува барањата на системот, а друг тоа го прави во помала мерка. И покрај тоа, многу ретко се повикуваме на строго почитување на одредбите од договорот. Еднаш во годината ги посетуваме секој од центрите и зборуваме за сите прашања поврзани со работењето, со тоа што работата на центарот претходно се анализира со помош на интерна анкета. Имено, примателот одговара на 100 прашања поврзани со стандардите на мрежата, а во крајната проценка се земаат и анализите од е-алатките и други показатели - CRM системот на подружницата, обемот и квалитетот на промоцијата, одржувањето на квалитетот на услугите, количината на нарачаните материјали и производи за настава.
Ваквата анализа на активностите на примателот, во комбинација со податоците кои ги добиваме низ разговорот на самото место, даваат целосна слика на работењето и ни помагаат да дојдеме до конкретни препораки и решенија за одредена подружница кои ќе се применуваат следните шест или дванаесет месеци.
Се разбира, примателите на франшизата можат и секојдневно да сметаат на поддршката на нашето одделение за работа со деловните корисници. На крајот, бројот на клиентите покажува дали примателот се придржува кон нашите стандарди. Практиката покажува дека колку повеќе примателите на франшиза се потпираат на нашето искуство и препораки, толку и резултатите во работењето им се подобри.
Погледнете во каталогот
International Kids Academy
Дневен престој за деца
Maple Bear
Школа за странски јазици
Škola brzog čitanja i mudrog učenja
Дневен престој за деца
YES INTERNATIONAL
Школа за странски јазици
Young Engineers
Дневен престој за деца
Малац Генијалац
Образовна програма за деца
Научна кујничка
Образовна програма за деца
Други концепти од секторот Образование
International Kids Academy
Дневен престој за деца
Maple Bear
Школа за странски јазици
Škola brzog čitanja i mudrog učenja
Дневен престој за деца
YES INTERNATIONAL
Школа за странски јазици
Young Engineers
Дневен престој за деца
Малац Генијалац
Образовна програма за деца
Научна кујничка
Образовна програма за деца
Најнови вести
Прикажи сè
Научна кујничка – наука низ игра
Научната кујничка ги спојува науката и играта преку експерименти и работилници за деца, додека на франшизерите им нуди стабилен и перспективен бизн...
Ширењето на знаењето без граници
„Школата за брзо читање и мудро учење“ претставува еден од ретките домашни франшизни системи кој со години успешно се носи со сите предизвици и пос...
NYC BAGEL франшиза која мириса на успех
Њујоршки багел со сараевска душа: како еден брачен пар започна успешен бизнис и сега нуди франшиза за сите што сакаат автентичен бренд во својот град.