Волната како вреден ресурс
Како може да се користи волната од овците? Претприемничката двојка од Романија започна со производство на пелети од овча волна, кои се користат во земјоделството како исклучително квалитетно органско ѓубриво.
Со децении, одгледувачите на говеда во Романија ја третираа овчата волна како отпад - или ја фрлаа или ја гореа, бидејќи со ослабувањето на текстилната индустрија, волната веќе подолго време не се откупува. Меѓутоа, на почетокот на 2020 година, двајца млади луѓе од Сибињ, Лоара Василеску и Ларис Лабрис, основаа компанија за производство на пелети од овча волна, со сугестивен назив – Naked Sheep. Тие ги добија сите потребни дозволи, вклучително и еколошките, а опремата беше набавена од Германија. Фабриката за производство на пелети, прва од ваков вид во Романија, требаше да започне да работи со полн капацитет во февруари 2020 година, но поради Ковид - 19 пандемијата, германските инженери го одложија нивното доаѓање во Сибињ. Како резултат на тоа, тековниот производствен капацитет е сè уште понизок од планираниот.
- Засега, произведуваме 10 тони пелети месечно, но се доближуваме до посакуваниот капацитет од 25 тони. Со воведувањето на дополнителна втора смена, нашиот производствен капацитет би достигнал месечно ниво од околу 50 тони. Според нашите проценки, продажбата во првата година би изнесува околу 1,8 милиони евра, додека нашата цел е удвојување на овој износ во 2021 година - вели Мариус Лабс, еден од основачите на Naked Sheep.
- Суровините ги набавуваме преку откупниот центар, но и од самите сточари. Во претходните периоди овчата волна претставувала голем проблем за многуте одгледувачи на добиток низ Романија, наместо да биде извор за дополнителен приход. Се чини дека, пронајдовме исклучително корисно, но воедно и еколошко решение на постоечкиот проблем - вели Лоаре Василеску, иницијатор на овој проект.
Со текот на годините, разни истражувачи од целиот свет, вклучително и научници од Универзитетот за земјоделство и ветеринарна медицина во Букурешт, откриле дека овчата волна значително придонесува за подобрување на физичко - хемиските и микробиолошките својства на почвата и ја зголемува отпорноста на растенијата. Освен што го забавува растот на плевелите и ги одбива штетниците, се покажа дека волната е и многу добро ѓубриво. Утврдено е дека редовната употреба на пелетирана волна во почвата ги зголемува вредностите на азот, калиум, фосфор и други минерали неопходни за здрав раст и добар принос на растенијата.
Пелетите од волна од овци произведени од Naked Sheep се целосно еколошки, органски и биоразградлив производ. Тие остануваат во почвата до половина година, постојано хранејќи го растението со корисни материи. Производителите велат дека, употребата на ова еко-ѓубриво исто така, ја намалува потребата за наводнување, бидејќи пелетите можат да апсорбираат до четири пати повеќе вода од нивната тежина. Најчесто се користат за одгледување зеленчук, овошје, растенија во саксии, а во зависност од културата се потребни од 10 до 150 грама пелети на метар квадратен.
- Нашиот производ е погоден за сите видови земјоделски култури, без оглед дали се одгледува во стаклена градина или на отворени површини. Особено се препорачува во сушен период или на места каде што земјоделските култури се погодени од педолошка суша - додава Лоара Василеску.
Пелетите се продаваат во пакувања со различна тежина (450 грама, 1 килограм, како и во пакувања од по 5, 15, 25 и 50 килограми). За еден килограм пелети треба да се издвојат околу 50 леи (10 евра), но цената значително се намалува со зголемувањето на количината на купениот производ.
- Со овој проект сакавме, меѓу другото, да им покажеме на земјоделците во Романија, но и на земјоделците од целиот балкански регион, дека имаме вреден природен ресурс што може добро да се искористи и што може во исто време да донесе профит - велат основачите на Naked Sheep.
Издвоени франшизи
Нема издвоена франшиза
Најнови вести
Прикажи сè
Научна кујничка – наука низ игра
Научната кујничка ги спојува науката и играта преку експерименти и работилници за деца, додека на франшизерите им нуди стабилен и перспективен бизн...
Ширењето на знаењето без граници
„Школата за брзо читање и мудро учење“ претставува еден од ретките домашни франшизни системи кој со години успешно се носи со сите предизвици и пос...
NYC BAGEL франшиза која мириса на успех
Њујоршки багел со сараевска душа: како еден брачен пар започна успешен бизнис и сега нуди франшиза за сите што сакаат автентичен бренд во својот град.
Силен бренд и посветеност на работата
„Малец Генијалец“ е бренд познат низ целиот регион. На пазарот во Северна Македонија сѐ уште постои потенцијал за проширување на франшизната мрежа.