Франшизно училиште во 21 век
Како да се образуват денешните генерации деца кои се соочуваат со забрзаното темпо на општествените, демографските, економските, технолошките и еколошките промени? Ако „Институтот за иднина“ (IFTF) предвидува дека дури 85% од професиите кои ќе ги има во 2030 година во овој момент не се ни замислени, во тој случај што би требало училиштата да ги учат децата? Каков образовен систем може да одговори на предизвиците на иднината?
Имајќи ги како основа овие прашања, Канада уште кон средината на деведесеттите години од 20 век започнала со развивање на наставни програми кои ќе ги негуваат и поттикнуваат вештините за 21 век. На местото од дотогашната методологија на подучување која се базирала на пренесување на информации, канадскиот образовен систем ја прифатил методологијата „научете како да учите“ и се насочи кон конкурентскиот развој како што се крутичкото размислување, истражувачкиот дух, креативноста, решавањето на проблемите, дигитална и информатичка писменост. Резултатите кои низ годините се постигнувале ја ставиле Канада помеѓу светските лидери во образованието. Според последнoто PISA* оценување на вештините и знаењето на учениците, канадскиот образовен систем е рангиран на 5 место, а според најновата листа на „Организацијата за економска соработка и развој“ (ОЕЦД)**, Канада е на 6 место. И во двата случаи како најдобро рангирана земја од англиското говорно подрачје во светот.
Училиште за глобални ученици
Проверениот концепт на канадските двојазични наставни планови и методологии за работа повеќе години надвор од границите на матичниот пазар ги шири и канадскиот образовен систем Maple Bear. Со повеќе од 380 градинки, основни и средни училишта во 17 земји и повеќе од 40.000 ученици, Maple Bear, покрај тоа што е еден од најголемите франшизни образовни системи во светот според бројот на земјите во кои работи, денеска е и еден од најбараните брендови во развој во образованието.
Од минатата година овој едукативен систем отпочна со развивање на мрежа во Европа каде е потпишан договор за мастер франшиза за земјите од централна и источна Европа. Компанијата Maple Bear Central & Eastern Europe ќе има седиште во Бугарија и ќе биде задолжена за равој на мрежата од училишта во овој дел од Европа. – Целта ни е и на овие простори да создадеме безбеден и стимулативен систем на образование кој ќе ја пренесе најдобрата практика од кандаската билигвална наставна програма и методологија на учење, приспособен на локалните регулативи и наставни планови и програми – вели Јан Бидан (Yann Bidan), генерален директор на Maple Bear за централна и источна Европа.
Maple Bear, објаснува Бидан, веќе бара локални партнери кои, како приматели на Maple Bearфраншизата би отвориле и воделе училишта на подрачјето на средна и источна Европа, па со самото тоа и во Србија.
– Позицијата на нашите училишта е многу специфична – вели Бидан. – Иако се работи за интернационален систем, Maple Bear на секој одделен пазаре регистриран како локална образовна установа која, како што веќе споменавме, се приспособува на локалната регулатива. Тоа значи дека ги прифаќа и локалните наставни програми, но ги надградува со примена на канадските наставни програми и најдобрата канадска методологија и стратегија на предавање – вели Бидан.
– Tоа носи и неколку предности. Бидејќи ги следиме локалните наставни програми, децата кои ги посетуваат нашите училишта лесно можат да се вклопат во државниот образовен систем, доколку, од кои и да е причини одлучат да го напуштат Maple Bear. Од друга страна, двојазичната настава и развивањето на соодветните вештини и љубовта кон учењето и стекнување на знаења ќе ги подготват еден ден да станат истакнати членови на својата заедница, но и граѓани на светот – објаснува Бидан.
Интернационалните училишта главно ги посетуваат деца на странци или оние чии родители се богати и имаат за цел децата да им продолжат со образование во странство. – Токму заради двојните програми и наследството на двојазиочноста и мултикултурализмот на кој се заснова канадскиот идентитет, нашите училишта се отворени за сите. Maple Bear навистина е премиум бренд, но ние се стремиме кон тоа цените да бидат подостапни од повеќето конкуренти во таа класа и со тоа да бидеме подостапни за поголем број потенцијалнипосетители кои сакаат најдобро образование. Меѓутоа треба да се истакне дека ние како даватели на франшиза не ги утврдуваме цените. туку за тоа се договараме со нашите приматели на франшиза – ние ќе ги посоветуваме, но крајната одлука е нивна – напоменува Бидан.
Искуството не е пресудно
Од аспект на бизнисот, Maple Bear им се обраќа на двете групи потенцијални партнери. Тоа се, прво, веќе постојните градинки кои имаат своја заработка, наставници и посетители, а сега имаат желба да го ребрендираат својот концепт или се испробуваат на ново поле – полето на основното образование. Но тие треба да исполнат неколку специфичниуслови: постојните наставници течно да говорат англиси јазик, а најдобро и многу посакувано би било и децата претходно да учеле на англиски. Другата група на посакувани партнери ја сочинуваат претприемачи кои до сега не работеле во образованието, но имаат голема желба да го развиваат тој сектор. – Ќе ги поддржиме и ќе им посакаме добредојде на сите кои ги споделуваат нашите вредности и имаат силна желба да се занимаваат со едукација – потврдува Бидан.
– Многу е важно да се истакне дека во овој вид на партнерство не се работи само за отстапување на лиценцата за наставната програма, која е типична и доста распространета практика, туку и за пренесување на целиот концепт на стратегијата на подучување, наставни програми и пред се сериозна обука која не е еднократна, туку постојана – како што подразбира франшизната соработка – нагласува Бидан.
Тој објаснува дека на постоечките училишта можеби ќе им биде полесно да влезат во овој бизнис бидејќи веќе имаат простор,, опрема и стручен кадар, така што и инестицијата за конверзија во Maple Bear ќе биде пониска во однос на инвестицијата на партнерот кој училиштето би го отворил и опремил од нула. – Меѓутоа треба да се земе во предвид дека ние големо внимание посветуваме на просторот и околината во која децата престојуваат. Тоа треба да биде безбеден и стимулативен простор. Училницата е основен препознатлив елемент на нашите училишта. Тоа е клучното место бидејќи тука се применува и доаѓа до израз целата наша методологија и стратегија на подучување. Значи, без оглед на тоа дали се работи за новоградба со постоечка опрема или во прашање е постоечка зграда која треба да се реновира, ние ќе се трудиме што повеќе да ги оптимизираме трошоците за опрема. Сепак сите училници треба слично да изглдаат и да бидат слично опремени – вели Бидан.
Заради тоа висината на вкупната инвестиција најмногу ќе зависи од големината и типот на зградата, додава Бидан. Почетната инвестиција како еднократен франшизен надомест за лиценца изнесува 25.000 евра. Важно е да се спомене дека првиот примател на Maple Bear франшизата на подрачјето на Србија за оваа лиценца ќе плати половина. Друг важен факт е дека со купување на една лиценца секој примател добива право да ги отвори сите формати на установата – од градинка до средно училиште. – Партнерот меѓутоа нема обврска да го отвори целиот спектар , туку може, да речеме, само градинка. Најчесто и тоа го препорачуваме за почеток. Доколку започнат со градинка ќе имаат неспоредливо помалку ограничувања и повеќе време да се прилагодат и да ги применат нашите протоколи. За градинка потребно е помалку вработени, може да се отвори во секој дел од годината, а дава и можност за постојано запишување на децата – објаснува Бидан.
Сигурна поддршка за партнерите
Примателите на Maple Bear франшизата можат да сметаат на целосна и сигурна поддршка. – Како што веќе истакнавме, примателот на нашата франшиза не купува едноставна лиценца, туку станува дел од глобалната мрежа и може да ги користи најдобрите практики и искуства на нашите училишта од целиот свет – вели Бидан и додава дека поддршката може да се подели во две основни категории – академска и оперативно маркетиншка поддршка.
Академската поддршка доаѓа од самото седиште на Maple Bear од Канада. – Квалитетот на наставникот е еден од факторите кои канадското образование го прави толку силно – истакнува Бидан. Идните наставници се формираат низ специфичните образовни програми кои се селективни и кои ги избираат учениците од најдобрите средни училишта за да го продолжат усовршувањето за време на својата наставничка кариера. – Ние го реплициравме овој екосистем и создадовме академски тимод 200 стручњаци од Канада кои излегуваат на терен и патуваат низ светот за да дадат почетна и постојана годишна обука на сите наши наставници. Покрај тоа, на секое училиште му се доделува и виртуелен директор за настава од Канада кој е задолжен за континуирана поддршка на наставниците и директорот на училиштете – објаснува Бидан.
Примателот на франшизата добива и пристап на онлајн алатките кои содржат и детален наставен план и програма за деца на возраст од три месеци до 18 години, како и оперативен прирачник за водење на училиштето. – Наставната програма за нас е жива материја која дише и се развива – затоа постојано се ажурира, се дополнува со нови, најдобри практики од канадското образование – вели Бидан.
За оперативната поддршка задолжен е примателот на мастер франшизата, компанијата Maple Bear Central & Eastern Europe. Примателот на почеток добива бизнис план и план за имплеметација на концептот, помош околу изнаоѓање на соодветен објект, ги бира вработените, стратегијата за запишување, постапување во итни случаи. – Постојаната поддршка во работењето ги вклучува и поддршката во маркетинг компаниите, а примателот ќе добие и целосен пристап до соодветниот видео материјал, визуелни и содржини за општествените мрежи – наведува Бидан.
Во Србија, додава Бидан, планирано е да се отворат повеќе предучилишни установи и основни училишта за создавање на потенцијал кој ќе овозможи веќе во следната фаза да се отворат средни училишта.
Maple Bear франшизата веќе се потврди како стабилна деловна можност на глобално ниво. – Ниту едно од нашите училишта на глобално ниво не пропаднало, ниту е затворено, ниту доживеало неуспех – вели Јан Бидан.
*PISA – Programme for International Student Assesment
**OECD- Organization for Economic Co-operation and Development
погледнете ги текстовите
Околностите ги натераа Војислав Пековиќ и Александра Милосављевиќ да отворат училиште за ментална аритметика „Малац генијалац“ во Скопје, наместо во Белград. Велат дека, потенцијал за отворање на нови училишта постои речиси во сите градови во Северна Македонија.
„Секој кој што ја препознава убавината на нашата едукативна мисија е квалификуван за примател на франшизата Young Engineers“, вели основачот на овој американски едукативен концепт, Амир Асор
Франшизите од секторот за едукација на децата, продолжија да ги шират своите мрежи, дури и за време на пандемијата. Неколку системи веќе потпишаа франшизни договори и започнаа со деловна активност во земјите и од овој регион.
Образовниата институција Maple Bear повеќе години ја развива франшизната мрежа на своите градинки и училишта надвор од границите на Канада. Од овој септември 2019 година, Maple Bear ја отвори и првата градинка во Романија.
Канадскиот систем Maple Bear е еден од најголемите светски франшизи во областа на образованието. Што нуди оваа франшиза и кои би биле идеалните партнери во земјите од регионов, објаснува Јан Бидан, генерален директор за централна и источна Европа
најчитани
Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.
Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.
Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?
Бугарскиот бренд Brutale кој се карактеризира со елегантни машки костуми шиени по мерка, тргнува во експанзија во Европа. Приматели на франшиза бараат и меѓу претприемачите од овој Македонија.
Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.