Вложување во иднината на децата

Maple Bear во Романија / Во Сибињ се отвора градинка која ќе ги применува најдобрите практики од канадското билингвално образование
Понеделник
30.09.2019
Образовниата институција Maple Bear повеќе години ја развива франшизната мрежа на своите градинки и училишта надвор од границите на Канада. Од овој септември 2019 година, Maple Bear ја отвори и првата градинка во Романија.
 

Maple Bear преку франшиза до сега ги пренел и имплементирал најдобрите канадски практики на двојазичната (билингвална) настава и методологија на подучување во 19 земји од светот. Под името Maple Bear во моментов работат речиси 400 училишта кои ги посетуваат повеќе од 40.000 ученици. 

Од овој септември 2019 година, Maple Bear ја отвори и првата градинка во Романија, а франшизата на овој канадски систем ја купи постоечката градинката FRAM Kindergarten од Сибињ, Романија. 

Согласно договорот за франшизна соработка, градинката ќе продолжи со работа под брендот Maple Bear, применувајќи ги во целост образовните методологии и know-how на овој канадски систем. Во процесот на договарање и премин на новиот начин на работа, на примателот на франшизата директно ќе му помага академскиот тим на Maple Bear. Покрај тоа што ја поминаа обуката, примателот и вработените во училиштето во Сибињ и во текот на целата учебна година ќе можат да се потпрат на помошта и поддршката од стручниот тим од Канада, се наведува натаму во соопштението. 

Меѓутоа, партнерот во Сибињ веќе работи на отворање и на основно училиште, исто така под франшизата Maple Bear. Основното училиште ќе биде сместено  во посебен објект и ќе биде подготвено да ја запише првата генерација деца кои предучилишната програма ќе ја завршат во сибињската градинка Maple Bear. 

– Мотивот за отворање на училиште мора да биде голем и силен. Мојот доаѓа од семејството и е поврзан со моето интересирање за едукација на малите деца. Ние вложуваме во овој проект, но и инвестираме во иднината бидејќи ја донесовме најдобрата практика која е добро да се следи. За мене Maple Bear е двојазичен образовен програм каков што ни беше потребен кога ние одевме на училиште. Навистина сум среќна што сега барем можам тоа да им го пружам на генерации мои деца – вели Иљана Вранчану (Ileana Vranceanu), сопственик на градинката FRAM Kindergarten која од сега ќе работи под франшизата на Maple Bear. 

– Нашиот прв франшизен партнер ги поседува истите вредности и љубов кон образованието и вложувањето во иднината на децата. Веруваме дека примената на нашата билингвална програма ќе мине добро и без проблеми, имајќи ги во предвид околината и условите кои ги затекнавме во градинката.  Забележавме дека со одличната наставна стратегија, англискиот јазик веќе стана дел од секојдневието на децата – вели Јан Бидан (Yann Bidan), генерален директор на компанијата Maple Bear Central and Eastern Europe кои се задолжени за развој на мрежата и поддршка на примателите на франшиза од овој дел на Европа. 

Maple Bear планира во Романија да отвори 10 образовни установи, градинки и основни училишта, со можност во иднина да отворат  гимназии и средни училишта. За сега сигурно е дека после отворањето на училиштето во Сибињ, во текот на 2020 година ќе бидат отворени и франшизна градинка и основно училиште  во Бугарија, во Софија. Да потсетиме, Maple Bear франшизата достапна е и за претприемачите од земјите на овој регион.

Каде и да се појави, Maple Bear работи во согласност со локалните прописи за образование, нудејќи целосно приспособени локални курикулуми заедно со канадската програма и методологија на едуцирање, истакнува Бидан. – Така ја почитуваме и локалната култура и даваме поголема можност за понатамошно образование. Не сакаме да создаваме французи, американци или канаѓани, туку  да ги растеме децата почитувајќи го нивниот културен идентитет, кои ќе размислуваат како граѓани на светот. Подготовка за 21 век, постојан процес на учење и образование на децата како граѓани на светот се принципите вткаени во темелите на канадската наставна методологија создадена да образува во секој поглед – физички, интелектуално, емоционално и социјално – објаснува Бидан.


Maple Bear низ регионот / Покрај училиштето во Сибињ, во текот на 2020 година ќе бидат отворени и франшизни градинки и основни училишта во Софија, Бугарија, а франшиза се нуди и на претприемачи од земјите во регионов.

погледнете ги текстовите

Сигурна поддршка во франшизното семејство /22.09.2021

Околностите ги натераа Војислав Пековиќ и Александра Милосављевиќ да отворат училиште за ментална аритметика „Малац генијалац“ во Скопје, наместо во Белград. Велат дека, потенцијал за отворање на нови училишта постои речиси во сите градови во Северна Македонија.

Градиме подобра иднина /04.08.2021

„Секој кој што ја препознава убавината на нашата едукативна мисија е квалификуван за примател на франшизата Young Engineers“, вели основачот на овој американски едукативен концепт, Амир Асор

Без застој во образовниот сектор /19.03.2021

Франшизите од секторот за едукација на децата, продолжија да ги шират своите мрежи, дури и за време на пандемијата. Неколку системи веќе потпишаа франшизни договори и започнаа со деловна активност во земјите и од овој регион.

Образованието како глобален бизнис /08.10.2019

Канадскиот систем Maple Bear е еден од најголемите светски франшизи во областа на образованието. Што нуди оваа франшиза и кои би биле идеалните партнери во земјите од регионов, објаснува Јан Бидан, генерален директор за централна и источна Европа

Франшизно училиште во 21 век /23.05.2019

Канадскиот франшизен образовен систем Maple Bear започнува со развивање на мрежата во земјите од централна и источна Европа. Кој може да стане и што можат да очекуват примателите на оваа франшиза?

најчитани

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Со DepilConcept до сопствен бизнис /05.08.2019

Од април 2019 во Србија работи DepilConcept, португалски франшизен систем специјализиран за епилација. Примателите на мастер франшиза за овој пазар откриваат што го издвојува DepilConcept од другите - како концепт и како бизнис.

популарно во форумот