Коцка, коцка, коцкичка... учиме со Едукидо
Полскиот едукативен концепт Едукидо планира ширење на франшизната мрежа надвор од границите на Полска. Покрај национална мастер франшиза се нуди и одделна франшиза.
Набргу по појавувањето на Едукидо на пазарот во Полска, беше јасно дека станува збор за интересен и перспективен едукативен концепт за деца. Сакајќи на интересен начин да им ги доближи на младите, природата, техниката и науката го поврзаа учењето со забава и создадоа повеќе работилници со една од најпосакуваните играчки на светот – LEGO коцките. За само неколку години постоење, благодарение на развиената франшиза, Едукидо успеа да се прошири речиси во цела Полска. Денеска на тој пазар има поеќе од 60 Едукидо центри.
Следниот чекор бил ширење во светот, на што му претходело понуда за мастер франшиза за меѓународниот пазар. Поради тоа Едукидо барал еден ексклузивен партнер кој би ја водел работата на национално ниво и би бил задолжен за понатамошно ширење на мрежата на локалниот пазар со продавање на одделни франшизи.
Но, дошло до промена на планот. Поради големата заинтересираност за одделна (single unit) франшиза која подразбира отворање на само една единица, Едукидо се определил да ја промени стратегијата. Претприемачите кои се пронаоѓаат во оваа дејност и се заинтересирани за франшизно работење, сега ќе можат да купат одделна лиценца за Едукидо. Давателот на франшизата во ова гледа придобивка за двете страни: примателот со помала инвестиција ќе има и помалку обврски, а давателот преку работењето на првиот франшизен центар ќе ја тестира заинтересираноста на локалниот пазар.
Инестицијата за одделната франшиза се состои од три дела. Прво се плаќа надомест за влез чија вредност е во зависност од големината на подрачјето за кое примателот добива ексклузивност. Се движи од 700 евра за подрачје со околу 20.000 жители до 4200 евра за лиценцата со која се покрива територија со 120.000 жители. Но, во почетната инвестиција треба да се вклучат и дополните 3000 евра за купување на LEGO комплетите кои се основната алатка во Едукидо работилниците, како и 350 евра кои примателот на франшизата ќе ги вложи за пропаганден материјал.
Секако, ова е само една од можностите. Едукидо и натаму нуди мастер франшиза која на примателот му носи и поголем профит. Покрај заработката од сопствените активности, мастерот заработува и од франшизните надоместоци бидејќи има право да продава одделни франшизи на целата територија на државата. Примателот на мастер франшизата од надоместокот од одделните приматели зема дури 75%. Од друга страна, заинтересираните за ваква лиценца ќе мораат и повеќе да вложат. Покрај трошоците за LEGO комплетите и пропагандниот материјал, мастерот треба да ги покрие трошоците за преведување на сите потребни материјали од англиски (или полски), како и влезниот надомест чија висина зависи од големината на територијата.
Какви квалитети треба да има примателот на Едукидо франшизата? Кога станува збор за мастер франшиза, Едукидо бара кандидатит кој има доволно капитал и кој добро го познава локалниот пазар. Претприемачкиот дух и вештини на управување, искустото во продажба и маркетинг, познавањето на англискиот јазик и вештините за комуникација се посакуваните вредности за идниот партнер. Менаџерски способности се бараат и од кандидатите за одделна франшиза. Предност, но не и неопходно, е искуство во работа со деца и комуникација со родителите.
Зошто е Едукидо успешен?
Креативните работилници со LEGO коцки, кои се заштитен знак на овој едукативен концепт, не треба да се поистоветуваат со курсевите за роботика. Иако во секојдневните активности се користат специфични LEGO комплети, тие се само алатка или помошно наставно средство. Целта е децата преку израбока на конструкциите да дојдат до важни знаења за природата, науката и техниката. Часот започнуваат со одредена стимулативна активност која вниманието на децата им го насочува на темата која се обработува, како на пример кратко видео. Потоа инструкторот прави приказна за одбраната тема, поставувајќи повеќе прашања. Децата на различен начин доаѓаат до одговорите: преку експерименти, разговор и размислување, користејќи ги при тоа и LEGO коцките. Најважно е тоа што децата не добиват упатства што и како треба да работат. – Се трудиме да ја поттикнеме и развиеме самостојноста. Затоа инструкторите не се вклучуваат многу во работата на децата. Нивна задача е да ги стимулираат децата да бидат креативни, логички да размислуваат и, како резултат на тоа, нешто да направат – објаснува еден од инструкторите.
Додека децата конструираат, инструкторот се обидува заедно со нив да дојде до најважните заклучоци. Темите за кои се зборува во Едукидо работилниците се широки, а можат да се однесуваат на летечки објекти, обновливи извори на енергија, карти на светот, гравитација, современ транспорт, подвижни мостови, вселенски ровери и слично. Вообичаено е часовите да траат 60 минути, односно половина час за деца од предучилишна возраст. Работилниците се составени од група до 10 ученици. Покрај во самостојните Едукидо центри, работилниците можат да се организираат и во градинки или училишта.
Погледнете во каталогот
International Kids Academy
Дневен престој за деца
Maple Bear
Школа за странски јазици
Škola brzog čitanja i mudrog učenja
Дневен престој за деца
YES INTERNATIONAL
Школа за странски јазици
Young Engineers
Дневен престој за деца
Малац Генијалац
Образовна програма за деца
Научна кујничка
Образовна програма за деца
Други концепти од секторот Образование
International Kids Academy
Дневен престој за деца
Maple Bear
Школа за странски јазици
Škola brzog čitanja i mudrog učenja
Дневен престој за деца
YES INTERNATIONAL
Школа за странски јазици
Young Engineers
Дневен престој за деца
Малац Генијалац
Образовна програма за деца
Научна кујничка
Образовна програма за деца
Најнови вести
Прикажи сè
Научна кујничка – наука низ игра
Научната кујничка ги спојува науката и играта преку експерименти и работилници за деца, додека на франшизерите им нуди стабилен и перспективен бизн...
Ширењето на знаењето без граници
„Школата за брзо читање и мудро учење“ претставува еден од ретките домашни франшизни системи кој со години успешно се носи со сите предизвици и пос...
NYC BAGEL франшиза која мириса на успех
Њујоршки багел со сараевска душа: како еден брачен пар започна успешен бизнис и сега нуди франшиза за сите што сакаат автентичен бренд во својот град.
Силен бренд и посветеност на работата
„Малец Генијалец“ е бренд познат низ целиот регион. На пазарот во Северна Македонија сѐ уште постои потенцијал за проширување на франшизната мрежа.