Брзото читање ја „освои“ и Македонија!
Франшизниот систем „Училиште за брзо читање и мудро учење“ пристигнува и во нашата земја. Потпишан е договор за мастер франшиза.
Мирослав Самарџиќ е коосновач во „Училиште за брзо читање и мудро учење“. Вели дека потпишувањето на договорот за мастер франшиза за пазарот во Македонија е логично
продолжување на настаните и дека со тоа и во практика се заокружува влезот на регионалниот пазар. – Оваа година беше многу успешна за нас. Потпишавме договори и за пазарите во Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Со потпишувањето на договорите ги исполнивме нашите цели, вели Самарџиќ и додава дека после неколкуте кампањи во Македонија, се пријавиле многу кандидати заинтересирани за франшизна соработка.
- Пријатно се изненадив од интересот, но и предзнаењето за франшизингот на оние кои се
јавија. Во сферата на едукацијата на овој пазар веќе има развиена франшизна мрежа, па луѓето знаат што подразбира франшизната соработка и тоа е добар предуслов за натамошно ширење на мрежата – истакнува Самарџиќ.
Цанка Велкова е директор на Едукативниот центар за франшизно работење на компанијата St. George, која стана примател на мастер франшиза за пазарот во Македонија. Таа вели дека најмногу ја привлекла програмата „Училиште за брзо читање и мудро учење“
Ние веќе сме во образовната сфера, имаме свое училиште за англиски јазик во Кавадарци, а сме и дистрибутери на учебници од издавачката куќа „Pearson“ за повеќе од 300 редовни училишта и различни училишта за странски јазици. Значи, оваа област ни е блиска, исто како и франшизингот, бидејќи работев како менаџер во еден меѓународен франшизен систем. Програмата „Училиште за брзо читање и мудро учење“ ни се допадна и мислам дека таквите обуки им се потребни на нашите деца – вели таа.
Според нејзините сознанија, во Македонија немаат конкуренција во оваа област. – Колку што знам, нема вака добро организиран систем. Можно е слични техники да применуваат поединци во своите предавања, но вака јасна и детална програма нема – вели Цанка Велкова која најавува брзи промотивни активности на „Училиштето“ и барање поединечни приматели на франшизата.
Погледнете во каталогот
Издвоени франшизи
Нема издвоена франшиза
Други концепти од секторот Образование
International Kids Academy
Дневен престој за деца
Maple Bear
Школа за странски јазици
YES INTERNATIONAL
Школа за странски јазици
Young Engineers
Дневен престој за деца
Малац Генијалац
Образовна програма за деца
Научна кујничка
Образовна програма за деца
Најнови вести
Прикажи сè
Стратегија за проширување на франшизата Diverse
Diverse ја развива својата франшизна мрежа преку стандардизиран начин на работење во малопродажба, прилагодување на локалните пазари и селективен...
Mia Body Space – 10 успешни франшизи
Mia Body Space е франшизен концепт за обликување на телото со јасно дефинирани програми и протоколи, силна поддршка за партнерите и сигурен раст...
Франшиза што го разубавува детството
Јована Дракулиќ, основачка на IKA со 20+ години искуство, создаде градинка што спојува знаење и љубов, сега шири концептот преку франшиза.
Научна кујничка – наука низ игра
Научната кујничка ги спојува науката и играта преку експерименти и работилници за деца, додека на франшизерите им нуди стабилен и перспективен...