McDonald's
McDonald's / Еден од најпознатите примери на фрашиза е секако McDonald’s
Вторник
17.07.2018
Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…
 

Сопствениот (приватен или личен) бизнис “под франшиза“ - иако се наоѓа под закрила на истата и е видлив “со туѓ бренд“ - и натаму секако е личен бизнис, и претставува еден од најдобрите начини за поуспешно деловно работење. Она што е уште поважно, ризикот од деловен неуспех при започнувањето бизнис “под франшиза“ е значително понизок отколку во “самостојно“ работење. Заклучок: франшизното работење е начин да во сопствениот бизнис се примени докажан и поуспешен бизнис модел и со тоа да се намали можноста за неуспех.

Кога ќе чуеме било што на темата франшиза и франшизни мрежи, прва асоцијација обично ни се синџири на ресторани на брза храна - како што се McDonald’s, Burger King или Subway. Овие компании водено се и франшизни икони, може да се каже дури и гиганти во светот на франшизното работење, но паралелно со нив егистира еден огромен пазар на франшизи (франшизни мрежи) - погледнете ги на пример каталозите на франжизи на сите наши портали.

Кога ќе купите односно примите франшиза (во оваа гранка вообичаено така се нарекува процесот - примањето франшиза е привремен деловен однос, таков што трае додека трае соработката) вие всушност и натаму суштински работите со сопствени средства и ресурси, на сопствен ризик, меѓутоа, овој пат под туѓо име - брендот на давателот на франшиза. Таков, познат и звучен бренд, само е дополнителна гаранција за поголема препознатливост, и автоматски, поголем број на клиенти, а со самото то и намалена можност за Ваш деловен неуспех!

Кога ќе одлучите да купите франшиза, давателот и Вие - како примател на франшиза - всушност потпишувате франшизен договор, со кој се дефинираат меѓусебните права и обврски. Основна обврска на давателот на франшиза е да Ви обезбеди лиценца (право) за легално работење под неговиот бренд, како и да врши константен трансфер на знаења за водењето на својот бизнис за Вас, за целото време на траење на франшизниот договор. Од друга страна, Вашата основна обврска, како примател на франшиза, е да ги почитувате пренесените “правила на однесување“ и - да ги плаќате франшизните надоместоци.

Франшизата, имено, не е само купување на “права на бренд“ - тоа е цел систем на работење. Зборот систем е и клучза разбирање на деловните правила во рамките на франшизното работење. Примателот на франшиза може да смета на системски пренос на знаење за работењето - од лична обука (обука за управување со бизнисот) и обука на вработените, константна подршка во набавките, снабдувањето и продажбата, вклучително и финансиите и сметководството, па се до пренос на маркетиншки и промотивни искуства и знаење.

За сето ова знаење, како примател на франшиза, плаќате надомест. Најчесто тоа се тн. влезен надомест, потоа редовен надомест - кој го плаќате за целото време на траење на договорт (може да биде, да речеме, искажан како одреден процент од остварениот промет) и надомест за маркетинг (овој надомест и користи на целата франшизна мрежа, односно на сите приматели на франшиза). Да појасниме - ова се најчестите видови надомест - некогаш ги има и повеќе, но често се случува да некои од надоместите не се бараат - се зависи од случај до случај.      

Да сумираме - примателот на франшиза во личното работење користи бренд, искуство, знаење и методи развиени од страна на давателот на франшиза.

Основни принципи на соработка кај франшизата:

  1. Давателот на франшиза е сопственик на заштитниот знак (трговска марка, жиг..) и брендот на франшизната мрежа.
  2. Давателот на франшиза успешноста на својот деловен концепт ја докажал во пракса - со профитабилност и препознатливост на брендот
  3. Примателот на франшиза и натаму е самостоен стопанственик, односно работи во свое име и за своја сметка - поседува сопствено трговско друштво и законски одговара за него, а интерес му е профитот од работењето.
  4. Основните инвестиции за примателот на франшиза ги сочинуваат трошоците на отварање и опремување на продажното место и набавка на стока, како и влезниот франшизен надомест.
  5. Примателот на франшиза е сопственик на имотот во продажното место.
  6. Давателот на франшиза треба да го научи примателот како правилно да работи, односно да изврши трансфер на знаење (know-how).
  7. Примателот на франшиза ги плаќа франшизните надомести. Најчесто, покрај влезниот, плаќа редовен месечен надомест за користење на знаењето (или во облик на конкретен, фиксен, паричен износ; или како дел, односно, процент од остварениот, или пак, индиректно - низ маржа на стоката која ја набавува од давателот на франшиза).
  8. Примателот на франшиза ја одредува цената на стоката и услугите во своето продажно место.
  9. Вообичаено е да примателот на франшиза има влијание на видот, асортиманот и количината на стоката која ја пласира на своето продажно место.
  10. Принципите на соработка помеѓу давателот и примателот на франшиза дефинирани се и уредени со франшизен договор, а упатсвата за деловно постапување - во оперативниот прирачник.

 Популарноста на франшизингот воглавно лежи во подршката која се нуди: зад себе, како примател на франшиза, имате успешен модел, негово искуство и силна логистика. Бројот на деловни единици во франшизните системи со тоа расте од година на година - иако во мнозинството на земји економијата често има и обратен тренд. Претприемачите веќе денес можат да изберат за личен бизнис една од достапните опции, и тоа така што нивото на потребни инвестиции во потполност е прилагодено на нивниот капацитет - од инвестиција во ранг од неколку илјади евра (помала партнерска агенција за осигурување, помал ресторан итн.), па се до неколку стотини илјади евра (премиум ресторан, бензинска пумпа итн.)

Франшизингот е докажан деловен модел кој успешно го користат стотици илјади приматели во различни индустриски гранки. Франшизингот нуди слобода во смисол на управување со сопствената компанија, но истовремено и силно обврзува: обврските на примателот јасно и прецизно се дефинирани со договорот. Со тоа примателот, односно целиот франшизен систем е обврзан да применува цела низа дефинирани деловни процеси - од набавка на стока, начин на кој се врши узлуга и се услужуваат клиентите, па се до начинот на кој се врши огласување на бизнисот. Секако, сето ова воедно е и главниот олеснителен елемент во работењето.

За кого франшизингот е вистинска бизнис опција?

Сите оние кои не сакаат и не посакуваат да им се наметнат никакви бизнис правила, сите оние кои имаат повеќе смелост и доволно финансиски средства за деловни експерименти и лесно поднесување на деловен неуспех - секако не се “први муштерии“ за некоја франшиза. Затоа сите останати можат да размислат за некоја од многубројните франшизи кои денес се нудат: неспоредливо е полесно, посигурно и поизвесно да се развива претприемничкиот дух под чадор на веќе докажан деловен систем. А секако успехот е она што се смета на крај.


Игор Богојевиќ
Партнер

погледнете ги текстовите

Двете лица на франшизингот /17.01.2020

Кога купуваат франшиза, претприемачите сметаат дека самостојноста ќе ја заменат со полесно и поуспешно отпочнување и водење на бизнисот. Кои се добрите, а кои помалку привлечните страни на овој модел на работење?

Што е Discovery Day? /02.04.2019

Discovery Day ( Ден за запознавање) е вообичаерн термин, но и „обичај“ во многу земји во кои франшизната форма на водење бизнис е многу развиена. Наједноставно, Discovery Day е ден во кој, како заинтересиран кандидат за купување франшиза, за прв пат, „во живо“ се запознавате со франшизниот систем. И обратно!

Европски етички кодекс за франшизи /26.10.2018

Овој Европски етички кодекс е надградена верзија на Кодексот на Европската франшизна федерација (ЕФФ), кој e усвоен во 1972 година, а неговата последна измена е во 2016 година, изменета првпат по 2003 година, откога датира неговата претходна верзија.

Франшизен пакет /17.07.2018

Франшизен пакет е основата на франшизниот систем, бидејќи го содржи комлетниот бизнис пакет кој го нуди сопственикот на франшизата.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

најчитани

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

Со DepilConcept до сопствен бизнис /05.08.2019

Од април 2019 во Србија работи DepilConcept, португалски франшизен систем специјализиран за епилација. Примателите на мастер франшиза за овој пазар откриваат што го издвојува DepilConcept од другите - како концепт и како бизнис.

Можност во чудесниот свет на музеите /07.02.2022

Тие сакаа да понудат уникатно искуство кое ќе ги спои забавата и образованието и ќе привлече посетители од сите возрасти. „Музејот на сетилата“ за кратко време стана неизбежна атракција и ги наведе основачите сега да понудат и франшиза.

популарно во форумот