DOG&STYLE
информација за франшизниот ситем
опис на франшизниот систем
Dog & Style франшиза е добра деловна можност за сите љубители на кучиња и мачки, кои што би се осмелиле да започнат со независно работење исполнето со многу задоволства, добра заработка и поинаков распоред на времето во текот на денот.
Додека, поголемиот дел од останатите трговци со производи и услуги вклучени во доменот на домашни миленичиња нудат само продажба,само салон за подстрижување или пак специјализирана амбуланта, ние ги обединивме сите три дејности во едно. Токму тоа е суштината на нашиот концепт - концепт кој што обезбедува ниска наемнина и намалување на трошоците на работењето, со зголемени приходи, дисперзирани преку овие три канали на продажба.
Две третини од просторот во нашиот концепт завзема трговијата со храна, залиха на други производи и лекови. Станува збор за отворен, но соодветно пополнет и организиран простор, со кружен дел во средина (остров) во самата продавница, кој што овозможува лесно движење и оптимална комуникација со купувачите.
Само една третина од просторот е доволна за мал "grooming“ салон со целокупната опрема (када, маса за уредување), канцеларија и санитарен чвор.
Влегувањето во нашиот франшизен систем ќе ви овозможи лесно започнување со бизнисот, детално организирано уредување и опремување, веќе изградени услови за набавка, добар заеднички маркетинг (со оглед на веќе изградениот препознатлив бренд), но пред се, константна поддршка во работењето, поради што, претходно искуство во оваа дејност не е пресудно.
- брз поврат на вложени средства
- 3 месеци од потпис до отварање
- минимално вложување
сопствени деловни единици
1 (Загреб)
фотографија на деловна единица
информација за примателот на франшиза
поддршка за примателот на франшиза
- Know-how започнување и водење на бизнисот
- Брендинг и книга за стандарди
- Обука, како за делот трговија, така и за услугите поврзани со чешлање (grooming)
- Одлична професионална поддршка – поинтензивно во првите три месеци, како и во текот на наредните месеци (секогаш достапни за можни прашања)
- Разработени услови за дистрибуција, преку пренос на веќе изградени наши односи и попусти остварени со застапници на различни производи
- Архитектонска подготовка на просторот и мебелот, која најоптимално го искористува секој дел од продажното место за секој од трите различни услуги
- Заеднички национален маркетинг
очекувана вкупна инвестиција
- Влезен франшизен надомест: 5.000 ЕУР
- Франшизен надоместок (royalty fee) 4% од приходите
- Очекувана вкупна инвестиција за започнување на работењето: околу 10.000 ЕУР за опремување, вкупно околу 30.000 ЕУР за обртен капитал и полнење со производи
- Очекуван период потребен од потпишување на договорот до отварање на продавница: 3 месеци
- Очекуван BEP (break-even point): околу 3 месеци
- Очекуван ROI (return on investment): од 3 - 5 години
основни барања
- Не е потребно поседување специфично искуство во работење со слични содржини. Доволно е да ги сакате домашните миленичиња и да сте одговорни
- Пожелно работно искуство, пред се во секторот трговија
- Соодветен деловен простор, идеално помеѓу 65-75м2
информација за давателот на франшиза
контакт особа за кандидатите
Ženja Moskaljov
дознај повеќе
погледнете ги текстовите
најчитани
„Гнездо“ не е обична модна продавница, иако може да се каже дека е вистинско „гнездо на домашна креативност“. Покрај промоцијата на домашните дизајнери и зачувувањето на домашното производство, сопствениците на оваа продавница инсистираат на најмал можен отпечаток врз животната средина и одржливост.
Марија Словиќ направи „оаза“ на малите производители во продавницата Domaccini. Кои производи ќе се најдат на рафтовите на нејзиниот дуќан, зависи пред се, од квалитетот на производите, затоа што квалитетот и чесноста се основните фактори на успехот.
Тие сакаа да понудат уникатно искуство кое ќе ги спои забавата и образованието и ќе привлече посетители од сите возрасти. „Музејот на сетилата“ за кратко време стана неизбежна атракција и ги наведе основачите сега да понудат и франшиза.
Да се води „Еспортс арена“ може да биде добра деловна можност, особено ако се купува франшиза од докажан концепт. Што нуди системот Friendly Fire и кои се условите кои што треба да ги исполнат потенцијалните приматели на оваа франшиза, ни открива сопственикот на овој концепт, Давид Косир.
LG Laundry Lounge, синџирот на пералници за алишта со самопослужување, наскоро ќе добие нови франшизни единици во Скопје, Љубљана и Прага. Давателот на франшизата со совет до своите приматели во време на COVID-19 задолжително да се придржуваат кон правилата.
Мрежата на пералници за облека LG Laundry Lounge се шири во Хрватска. Оваа франшизна единица отворена е во Кастав, во близината на Ријека.
Carwiz е rent-a-car франшизa од Хрватска која продолжува со ширењето на мрежата на неколку континенти. Ни откриваат како го создале франшизниот систем и што е потребно за освојување на светските пазари.
ProfitApp International е сопственик на истоимената апликација во чија основа е програмата за лојалност, која ги поврзува компаниите од различни гранки со купувачите. Ова е прва црногорска франшиза која бележи експанзија во регионот.
Иако приватните музеи на Балканот се вистинска реткост, „Музејот на илузии“ отворен пред три години во Загреб веднаш стана хит.
Американската франшиза Mobile Outfitters, специјализирана за услуги за заштита и стилизирање на мобилните телефони со квалитетна фолија, веќе неколку години работи во Хрватска и Србија. Бараат приматели за франшизата и во Македонија.
Во ритамот на животните промени – помалку време, помал животен простор и големи сметки за струја, не е за изненадување кога новите бизнис концепти се издигнуваат, искористувајќи ја ваквата ситуација како поволна прилика која води кон основање нов бренд - сервис за перење.
Првата франшиза на LG Laundry Lounge е отворена во Србија, во населбата Белвил во Белград. Потенцијал за ширење на мрежата постои и во другите градови од Србија како и поширокиот регион.
PROFIT franchise services, дел од групацијата PROFIT system (PROFIT system sp. z o.o.), како издавач на Franchising.mk ве информира дека не собира ниту обработува податоци испратени преку формуларот за контакт (образец за контакт). Сите информации внесени во образецот за контакт се испраќаат по електронска пошта до организаторот на франшизниот систем, како што е наведено во каталогот. Системот што ги прима испратените податоци ќе ги користи за да повратно пружи повеќе информации за сопствениот бизнис. Испраќањето на лични податоци е доброволно, а организаторот на системот кој прима податоци од образецот за контакт е воедно субјектот одговорен за собирање и обработка на лични податоци.