Создавање на нови искуства - оваа франшиза од регионот така го освојува светот!
Carwiz на хрватскиот пазар има 13 подружници. Набргу по основањето, оваа rent-a-car компанија започна со ширење на мрежата и на странските пазари. За само една година франшизниот модел на работење го преставија во Србија, Грција, Мароко, Литванија, Турција, Босна и Херцеговина, Сент Мартин на Карибите, Исланд, Ирска, Полска и Малта. Деновиве започна со работа и франшизната подружница на Флорида во САД:
- Благодарение на годинешното учество на најголемиот светски саем на индустријата за патувања, WTM саемот во Лондон, анализите ни покажаа дека до крајот на годинава ќе пласираме пет нови франшизни партнерства, со што бројот на франшизи ќе порасне на вкупно 20. Во Лондон на WRM саемот, на светот самостојно му се преставивме на уште поголем простор во однос на претходната година, а одржавме и повеќе состаноци и преговори. Интересот за франшизниот модел на работење е голем и доаѓа од сите краишта на светот – вели Крешимир Добриловиќ, основачот и директор во компанијата Carwiz и додава дека се во тек преговорите за повеќе пазари, како Катар, Бугарија, Шпанија, Португалија, Јордан.
Многумина се прашуваат како компанија која работи нешто повеќе од две години и доаѓа од мала земја успеала да влезе на толку светски пазари. Во Carwiz веруваат дека тоа е резултат на комплетниот пакет кој им го нудат на партнерите и клиентите. – Покрај силниот визуелен идентитет, имиџот во кој многу вложуваме и на кој особено внимаваме, сметаме дека на нашиот успех влијае секој дел од работењето. Нашиот слоган е „Создаваме искуства“ бидејќи сме повеќе од превозници од едно до друго место. Ние сме искуство, спомени, односно сето тоа што сме го доживеале на патувањата со најмилите и на што со насмевка се сеќаваме. Имиџот на брендот на кој особено внимаваме, препознатливата виолетова боја која ја истакнуваме, секојдневното давање поддршка и секојдневното работење во давањето услуги придонесува за успехот на Carwiz rent-a-car. Кога кон ова ќе се додаде знаењето и искуството, но и соработниците, тимот кој заедно се стреми кон иста цел, внимателно и секојдневно работење на постигнување на нашата цел, резултатите нема да изостанат – објаснува во разговорот за порталот Franchising, Крешимир Добриловиќ.
Во таквиот систем улогите јасно се поделени. Франшизните менаџери се задолжени за развивање на квалитетниот однос со партнерите, од првиот контакт до воспоставување на соработка.
- Тие им се поддршка и ментори на потенцијалните партнери, а едновремено ги водат и преговорите, им ги објаснуваат условите, ги водат низ процесот се до потпишувањето на договорот. По потпишувањето, влегуваме во таканаречената втора фаза, во која, сега веќе партнери и соработници, франшизните менаџери ги воведуваат во програмите и им даваат секојдневна поддршка како ментори. Со поддршката во работењето им даваме и маркетиншка поддршка со насочување и советување за позиционирањето на брендот на пазарот преку брендирање на подружниците, автомобилите, изработката на материјалите и слично – објаснува тој.
Како што вели, има многу работа. Задоволни се од досегашното функционирање. – Се разбира, простор за напредување има секогаш, но тоа повеќе се козметички измени. Во врска со работењето, секогаш се стремиме кон квалитет. Можеби и затоа тоа се малку подолги процеси за разлика од другите франшизи – додава Добриловиќ.
Вака разгранетата мрежа ја контролира тим составен главно од франшизни менаџери во соработка со директорите за маркетинг и продажба. – Нашиот однос не би го нарекле „контрола на франшизната мрежа“, туку ние сме нивни ментори и партнери. Особено ни е важен добриот однос со партнерите, па франшизните менаџери често прашуваат, ги посетуваат подружниците и партнерите, контролирајќи го квалитетот на брендот, дали се работи според воспоставените правила, ги подобруваат недостатоците доколку ги има, менторираат, преговараат и се грижат за нашиот квалитет. Организационата поставеност го предвидува и менаџерот за квалитет (quality manager) кој се грижи за брендот, но примателите на франшиза главно комуницираат со него преку определениот франшизен менаџер. Нам ни е важно нашите партнери да знаат дека имаат некој на своја страна на кого можат да му се обратат во секој момент, што е особено важно во почетната фаза од работење – истакнува Добриловиќ.
Во Carwiz велат дека секое франшизно работење има свои специфики и дека има предвизици со кои секојдневно се соочуваат. – Нашите предизвици често се однесуваат на законите и прописите во другите држави со што се соочуваат и другите франшизи. Во тој случај, единствено што може да ви помогне се истражувањата, учењето, анализите, добрата подготовка и планирањето. За нас секој нов пазар е предизвик во однос на законската регулатива, но пред почетокот на преговорите и потпишувањето на спогодбата, го истражуваме предвидениот пазар за да бидеме подготвени за предизвиците кои не очекуваат. За сега работиме на европскиот, азискиот и афричкиот пазар кои многу се разликуваат, а најспецифичен е американскиот за кој интензивно се подготвуваме. Секојдневни предизвици во работењето се и културолошките разлики. Но, со секојдневни разговори со франшизните партнери се трудиме да се запознаеме со културата каде дејствуваме и да ги разбереме нивните навики и традиции. Самиот процес има предизвици, интересен е, и најдобро од се, многу едукативен –додава на крајот Добриловиќ.
погледнете ги текстовите
Да се води „Еспортс арена“ може да биде добра деловна можност, особено ако се купува франшиза од докажан концепт. Што нуди системот Friendly Fire и кои се условите кои што треба да ги исполнат потенцијалните приматели на оваа франшиза, ни открива сопственикот на овој концепт, Давид Косир.
LG Laundry Lounge, синџирот на пералници за алишта со самопослужување, наскоро ќе добие нови франшизни единици во Скопје, Љубљана и Прага. Давателот на франшизата со совет до своите приматели во време на COVID-19 задолжително да се придржуваат кон правилата.
Мрежата на пералници за облека LG Laundry Lounge се шири во Хрватска. Оваа франшизна единица отворена е во Кастав, во близината на Ријека.
ProfitApp International е сопственик на истоимената апликација во чија основа е програмата за лојалност, која ги поврзува компаниите од различни гранки со купувачите. Ова е прва црногорска франшиза која бележи експанзија во регионот.
Иако приватните музеи на Балканот се вистинска реткост, „Музејот на илузии“ отворен пред три години во Загреб веднаш стана хит.
најчитани
Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.
Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.
Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?
Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.
Околностите ги натераа Војислав Пековиќ и Александра Милосављевиќ да отворат училиште за ментална аритметика „Малац генијалац“ во Скопје, наместо во Белград. Велат дека, потенцијал за отворање на нови училишта постои речиси во сите градови во Северна Македонија.