Време на криза - размисли и дејствувај
Секој франшизен систем е приказна за себе, а секако и општествено-економската состојба се менува секојдневно и се разликува од земја до земја. Во моментов, никој не може да даде јасни одговори, бидејќи за тоа е потребна детална анализа за секој систем и франшизен договор, но и да се согледаат сите мерки кои секоја држава ги применува, бидејќи тоа е динамичен процес. Давателите и примателите на франшиза често потекнуваат од различни земји, со што дополнително се усложнува состојбата, бидејќи секоја земја нема преземено исти мерки. Меѓутоа, сакам да посочам дека ќе има значителни последици за франшизните системи. Ако се препуштиме на стихијата, без подготовки, колку и да се времени и подложни на подоцнежни промени, тогаш и франшизингот ја губи силата како организиран модел на работење. Пораката која им ја упатувам на давателите на франшиза е да почнат да размислуваат и дејствуваат. Секако дека ќе се воспостават законски клаузули или мерки кои во догледно време ќе дадат одговори на многу прашања за кои ќе зборуваме, но и тоа нема да ги реши сите проблеми кои ќе се случат во секојдневната работа. Дел од одговорите треба сами да ги дадеме – нагласува на почетокот од разговорот Игор Богојевиќ, регионален директор на консултантската куќа за франшизинг PROFIT system.
Првата видлива последица во франшизниот свет забележана последниве недели, е одложувањето на некои големи настани, како што се саемите на франшиза. Кои ќе бидат последиците од епидемијата на COVID-19?
Неодминливи се економските последици. Тоа значи дека ќе ги имаат и компаниите кои работат по системот на франшизинг, кој самиот е многу специфичен. Првите и најголеми проблеми ги гледам во намалувањето на прометот и во синџирите за снабдување, а веднаш по нив се и останатите проблеми кои потекнуваат од суштината на франшизните односи, зараади што би се насочил на, според мене, најважните теми.
Неодминливиот пад на прометот отвора многу прашања, бидејќи тоа е особено важно кај франшизингот, заради односот меѓу давателот и примателот на франшизата и нивните причинско-последични врски. Сите бизниси ќе бележат жртви, бидејќи прометот е помал, но тоа ќе им созададе проблеми особено на франшизите, бидејќи многу од тие системи во своите договори имаат утврдено фиксен надомест. Каков одговор ќе дадат системите за таа договорена обврска, во услови кога бизнисот реално не постои?! Редефинирањето на ваквите односи, барем привремено, се наметнува како прва важна тема.
Во повеќето франшизни договори има строги одредби поврзани со синџирот на набавки, односно се знае од кој добавувач и од која земја се набавува стоката. Во овој момент границите се затвораат и од многу земји не може да се увезува. Но и доставувачите во земјата се соочуваат со исти проблеми и многу од нив нема да функционираат како што предвиделе. Оттука, што ќе се случува со тие одредби? И тука се наметнува потребата за проценка на состојбата и редефинирање на обврските додека трае вонредната состојба. Тоа подразбира интензивна комуникација и обид на давателите да ги преструкуираат и обезбедат синџирите за набавка, секако заедно со франшизните партнери, со одредена флексибилност, но не и стихијно.
Како ќе се спроведува обуката или поддршката за што е потребно собирање или непосредни контакти? Не може давателот да го натера примателот да дојде на такви собири во време на пандемија и вонредна состојба. Некои системи во договорот предвидуваат таква обврска, како маркетиншка алатка која се користи за одржување на семинари за продажба со повеќе луѓе. Таа алатка, секако, нема да може да се применува.
Користењето на online системи за поддршка и комуникација е едно од решенијата. Според моето искуство, голем дел од системите вакви алатки претходно не користеле, а секоја новина бара време. Заради тоа и треба да се подготват.
Сега се поставува и прашањето за одговорност за спроведување на договорените обврски. Сите видови на образовни концепти: работилници, градинки, училишта, но и други услужни дејности каде се работи со клиенти се соочуваат со одбивање или неможност вработените да дојдат на работа. Можеби сметаат дека здравјето може да им биде загрозено или пак биле изложени на вирусот. Голем проблем е ако работодавачот му рече на работникот или предавачот дека мора да дојде на работа. Што доколку самиот работник, оправдано или не, ги разниша договорените односи и самото работење на примателот? За тоа треба да се размислува.
Ќе дадам уште еден пример. Каков одговор ќе имаме доколку, на пример, клиентот има платено месечна членарина, но не сака да доаѓа заради пандемијата, туку сака стекнатото право да го користи подоцна. Каков е одговорот на системот или и тоа прашање ќе биде препуштено на секој одделно? Франшизниот систем треба да има одговор на таквите состојби и како ќе се однесуваат кон тоа.
Очекувањата од организиран систем се големи, и треба да бидат. Препораката е секој франшизен систем да донесе мерки кои се воведуваат во време на пандемија и со таквите мерки да се запознае целата мрежа. Мојот совет е франшизните системи да настојуваат да имаат хомоген одговор и препорака за секоја постапка која ќе се покаже како неопходна во вакви состојби.
На крајот, ќе се навратам на, можеби, најпроблематичната тема. Повеќето од договорите за франшиза имаат клаузула за force majeure (виша сила), но се поставува прашањето како ќе се толкува и до каде досега таа „виша сила“ и како интерно ќе се интерпретира. За некои работи веројатно ќе одлучува владата во секоја земја, бидејќи ниту еден договор не е посилен од законот и многу е веројатно дека на крајот за многу потенцијални спорови ќе одлучуваат судовите. Но, за оваа тема треба многу добро да се размисли: за што е виновна другата страна, а која е вистинската последица од „вишата сила“.
Меѓутоа, покрај законот, се поставува и прашањето за добра деловна пракса. Очекувано е давателите на франшиза, како посилни и поголеми, да го осмислат пакетот со правила за однесување бидејќи ги знаат спецификите на своето работење, а при тоа, тавите правила да бидат во согласност со новонастанатата легислатива или толкување, во секоја земја одделно.
Што би можела да направат давателите на франшиза, бидејќи, од ова што го кажувате е јасно дека и тие сносат дел од одговорноста?
Додека комуницирате со примателите на франшиза, треба да се идентификуваат потенцијалните проблеми кои можат да се случат најмалку во следните три месеци или подолго. Ако зборуваме за франшизингот, кој се труди секој сегмент од работењето да го воспостави до најситен детаљ, од бојата на ѕидовите, опремата, до хигиената, давателите мораат да дадат упатства како ќе изгледа работењето во овие услови. Сериозните франшизни системи, ако сакаат да ја оправдаат дадената квалификација, мораат да размислуваат за тоа и на примателите да им достават насоки, како што тоа сега го прават Владите.
И како заклучок да кажеме дека нема целосни и јасни одговори за секое прашање, бидејќи секој франшизен систем, а во оваа состојба дури и секој одделен франшизен договор, е посебен. Споменав само некои од прашањата кои се отворија или ќе бидат отворени. Се разбира дека ќе настојуваме со отворањето на тие одделни теми и укажувајќи на добрата практика, барем малку да го олесниме овој процес.
погледнете ги текстовите
– Туристичкиот сектор закрепнува, а со тоа расте и интересот за франшизата на CityPa – вели Жељко Гобац, основач на CityPal платформата, преку кој туристите се запознаваат со најдобрите локални препораки
„Поддршката која што ја добиваме и на која што ќе може секогаш да сметаме, е клучна за франшизната соработка и светскиот успех на Maple Bear“, истакнува Љиљана Николова, како причина поради која што се одлучила за користење на франшизата на овој образовен систем.
„Секој кој што ја препознава убавината на нашата едукативна мисија е квалификуван за примател на франшизата Young Engineers“, вели основачот на овој американски едукативен концепт, Амир Асор
Како се прилагодуваше начинот на работењето во услови на пандемијата и на каква поддршка можеа да сметаат бројните приматели на франшизи, одговара Радослав Кулеша, коосновач на училиштето за програмирање за деца, Coding Giants.
„Добро осмислениот финансиски модел им ја гарантира на давателите на франшиза атрактивноста на нивната франшизна понуда“- истакнува Карол Кечмарек, франшизен консултант на компанијата PROFIT system.
најчитани
Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.
Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.
Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?
Бугарскиот бренд Brutale кој се карактеризира со елегантни машки костуми шиени по мерка, тргнува во експанзија во Европа. Приматели на франшиза бараат и меѓу претприемачите од овој Македонија.
Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.