За нов почеток – училиште за програмирање

Во Полска, компанијата Coding Giants има 60 сопствени училишта и 48 со кои раководат приматели на франшизата. Покрај развојот на домашниот пазар, насочени се и на ширење на меѓународен план – приматели на франшиза бараат и во земјите од регионов.
Четврток
15.10.2020
Какви очекувања може да имаат претприемачите од регионов кои ќе ја изберат франшизата на полското училиште за програмирање Coding Giants? Приказната на Иза Порадовска од Полска може да биде интересен пример
 

Иза Порадовска и нејзиниот сопруг во  јули 2019 година станале приматели на франшиза на полското училиште за програмирање Coding Giants. На почетокот не ни помислувале дека набрзо по отворањето на едно училиште, ќе отворат и второ, а една година подоцна ќе размислуваат и за уште две.

- Кога сфативме дека училиштата за програмирање наменети за деца се многу барани, започнавме со разгледување на франшизните понуди и барање на систем кој најмногу ќе ни одговара – раскажува Порадовска за тоа како дошле до одлуката за отпочнување сопствен бизнис.
Мојот сопруг е несуден програмер. Пред повеќе од десет години се откажал од студиите за програмирање за да може да се вработи. Жали за таквата одлука. Но денеска, после десет години  работа во корпорации, се врати на програмирањето и подучувањето на деца и млади, заради што се чувствува како да се вратил на вистинскиот пат.  Меѓутоа и двајцата од секогаш сме сметале дека работата со деца инспирира и збогатува – вели Иза Порадовска.

Пред да започне и да размислува за претприемништво и училиште за програмирање, Иза работела во компанија за дистрибуција на училишен и канцелариски материјал. Иако била задоволна од својата работа,  вели дека по породилното отсуство, заради новите обврски и приоритети во семејството, не можела да се врати на старата работа. – Работата ми беше добра, не можев да се жалам. Работев во средина која ми даваше целосна слобода. Но, по враќањето од породилно имав чувство дека и јас и компанијата се сменивме. Покрај тоа, сопругот долго време  зборуваше дека сака да започнеме сопствен бизнис – објаснува Порадовска.

Додека ги разгледувале понудите на франшизните системи, вниманието им го привлекол Coding Giants бидејќи од идните партнери, приматели на франшиза, не се барало особено знаење или искуство од сферата на информатичката технологија, иако, како што вели Порадовска, тоа би било посакувано. Клучни, всушност биле, менаџерските способности.  – Сфативме дека како приматели на оваа франшиза би имале и постојана помош од давателите во секоја фаза од соработката – истакнува Порадовска.

Потпишале договор за франшиза и во текот на обуката го научиле потребното  за водење на училиштето за програмирање. Дури и за тоа каков деловен простор треба да бараат. – Со сопругот одлучивме  самите да изнајдеме соодветен простор. Инаку, Coding Giants нуди две можности: независно да отворите училиште во сопствен простор или да изнајмите простор во рамките на друга институција, најчесто во основно, средно или училиште за странски јазици. Ние сакавме да имаме сопствен простор од самиот почеток. Прелиминарните пресметки покажаа дека таа опција би ни била поповолна – наведува Иза Порадовска, додавајќи дека се препорачува простор со површина од најмалку 30 м2.

Според проценките, почетната инвестиција за започнување и опремување на едно училиште изнесува околу 6000 евра. Со овој износ се покрива цената за франшизната лиценца (која во секој одделен случај зависи од големината на градот или подрачјето кое го покрива), трошоци за уредување на просторот и набавка на IT опрема. Треба да се истакне дека ова важи и за претприемчите од овој регион, доколку се одлучат за земање на франшизата Coding Giants. На заинтересираните им се нуди можност да земат single unit  франшиза (примателот има право да отвори само едно училиште), но и мастер франшиза (кога примателот развива мрежа на училишта на поголема територија или во целата држава).  Меѓутоа, како што порачуваат од седиштето на Coding Giants, првите приматели на single unit  франшизата од земјите во регионов: Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија би добиле и посебен попуст бидејќи би имале и обврска да ги преведат едукативните и оперативни материјали. Материјали, кои подоцна би ги користеле и други приматели на франшизата од овие земји.

Иза Порадовска, навистина, како примател на франшизата од Полска, за ова имала големи олеснувања. Меѓутоа, за сите партнери,  дури и за тие од странски пазари, големо олеснување ќе биде можноста целата потребна опрема да ја добијат од давателот на франшизата. – Комјутерите ни пристигнаа со сите потребни и подготвени програми, што ни беше од голема помош – истакнува Порадовска. Покрај програмите кои се користат за учење, Иза напоменува дека добиле и наменски изработен CRM софтвер кој целиот процес на водење на училиштето и работењето го направил поефикасен и полесен.

- Поголеми вложувања имавме во маркетингот. Веќе имавме искуство во маркетинг и продажба, па знаевме колку е значајна и што ни обезбедува промоцијата. Дека бевме во право покажаа резултатите веќе во првиот уписен рок – вели Порадовска.

Најголема поддршка добива од  бројот на деца и млади заинтересирани  да ја совладаат вештината на програмирањето. Училиштата  Coding Giants, како што вели, имаат и уште една добра одлика, а тоа е редовното следење на пазарот за информатичка технологија, побаривачката, актуелностите и врз тие основи ја приспособуваат понудата на своите курсеви. Порадовска истакнува дека тоа е и една од причините зошто постојано имаат голем број посетители, но и „повратници“ – ученици кои после  основните курсеви продолжуваат со напредни или други курсеви за програмирање.

- Програмирањето е вештина за иднината, а децата сакаат да направат нешто свое. Меѓутоа, самото дете треба да одлучи дали сака да се запише. Доколку родителот го запише детето, спротивно од неговата воља и интерес, авантурата наречена програмирање нема долго да трае. Во нашето училиште наставата трае 90 минути, групите се сочинети од 8 до 12 ученици. Предавачите самите ги баравме. Мојот сопруг има долгогодишно искуство во вработување работници, што ни овозможи самите да можеме да извршиме избор на квалификувани предавачи. Успеавме да направиме многу добар тим. Моментно имаме шест предавачи во двете училишта. Тоа пред се се луѓе кои сакаат своето знаење да го споделат со други – додава Иза Порадовска.

Вели и дека не се плаши од конкуренцијата на пазарот, бидејќи уверена е во квалитетот на понудените курсеви. – За кусо време отворивме две училишта, бидејќи вистински верувавме во овој концепт. Но бевме и свесни дека мораме да го прошириме обемот на работење затоа што не сакаме училиштата за програмирање да ни бидат дополнителна работа, туку бизнис од кој убаво ќе живееме – нагласува Иза Порадовска.

Моментно во Полска, компанијата Coding Giants има 60 сопствени училишта и 48 со кои раководат приматели на франшизата. Покрај развојот на домашниот пазар, насочени се и на шерење на меѓународен план. Првите договори за мастер франшиза веќе се потпишани за пазарите во Чешка и Словачка, а франшизни партнери бараат и во земјите од регионов.


Франшиза – пат кон претприемништво / Иза Порадовска после породилното отсуство се откажала од старото работно место. Наместо тоа, одлучила да земе франшиза и да отвори училиште за програмирање Coding Giants.

погледнете ги текстовите

Сигурна поддршка во франшизното семејство /22.09.2021

Околностите ги натераа Војислав Пековиќ и Александра Милосављевиќ да отворат училиште за ментална аритметика „Малац генијалац“ во Скопје, наместо во Белград. Велат дека, потенцијал за отворање на нови училишта постои речиси во сите градови во Северна Македонија.

Градиме подобра иднина /04.08.2021

„Секој кој што ја препознава убавината на нашата едукативна мисија е квалификуван за примател на франшизата Young Engineers“, вели основачот на овој американски едукативен концепт, Амир Асор

Вмрежување на Европа /23.04.2021

Полското училиште за програмирање за возрасни Coders Lab е отворено во две нови европски земји, а моментално се активни и нови дополнителни поволности за потенцијалните партнери од регионот.

Без застој во образовниот сектор /19.03.2021

Франшизите од секторот за едукација на децата, продолжија да ги шират своите мрежи, дури и за време на пандемијата. Неколку системи веќе потпишаа франшизни договори и започнаа со деловна активност во земјите и од овој регион.

Оnline наставата успешна /05.09.2020

Полскиот франшизен систем на училишта за програмирање, Coding Giants , има намера да отвори училишта во земјите од регионов. Што научија во време на пандемијата со коронавирусот и како тоа може да биде предност за идните приматели на франшиза?

најчитани

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

Франшиза по мерка, за оние со стил! /26.11.2019

Бугарскиот бренд Brutale кој се карактеризира со елегантни машки костуми шиени по мерка, тргнува во експанзија во Европа. Приматели на франшиза бараат и меѓу претприемачите од овој Македонија.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

популарно во форумот