Без застој во образовниот сектор

Образованието е инвестиција во иднината на децата

Канадскиот образовен систем Maple Bear, кој ги носи најдобрите практики на канадската билингвална настава и методологија за подучување, на почетокот на оваа година го потпиша првиот франшизен договор со примател на франшиза од Србија. Согласно достапните информации од седиштето на Maple Bear за Централна и Источна Европа, планирано е партнерот за франшизата од Србија, да започне со деловна активност во текот на септември 2021 година, со отворање на градинка во Белград.

Да потсетиме дека, со купување на една лиценца од Maple Bear, примателот на франшизата добива право за отварање на сите „формати“ на образовни институции - од градинка до средно училиште. Според воспоставената пракса на системот, на примателите на франшизата Maple Bear, им се препорачува да започнат со отварање на предучилишна установа, а потоа во подоцнежните фази на развојот, отворање и на основни и средни училишта.

Покрај градинката, што оваа година ќе се отвори во Белград, Maple Bear во регионот на Централна и Источна Европа веќе има отворено неколку образовни институции во: Бугарија, Романија и Албанија. На глобално ниво, Maple Bear е присутен во повеќе од 20 земји, со повеќе од 400 образовни институции, посетувани од над 40.000 студенти.

*

Уште три нови центри за франшиза се приклучија на хрватскиот франшизен систем Tinker Labs, кој се базира на иновативна воннаставна програма за проучување на наука, технологија, инженерство, уметност и математика (STEAM). Така, покрај училиштата во Осиек, Славонски Брод, Загреб, Риека, Вараждин и Нашице, беа отворени и едукативни центри за деца во Чаковец, Сплит и Ѓаково.

На меѓународно ниво, Tinker Labs од оваа година имаат примател на мастер франшиза во Србија, кој ќе го пренесува и имплементира концептот и ќе ја развива мрежата на училишта на овој пазар.

*

На почетокот на оваа година, училиштето за програмирање за деца од Полска, Coding Giants, доби партнер за франшиза во Хрватска. Сопственикот на мастер франшиза, првото онлајн училиште на овој пазар, го отвори на крајот на месец февруари 2021 година.

*

Покрај работењето во сите земји од поранешна Југославија, франшизниот систем „Училиште за брзо читање и мудро учење“ од Србија, од оваа година, преку примател на мастер франшизата, влегува и на унгарскиот пазар.

Наташа Богојевиќ
Автор
Наташа Богојевиќ
Уредник