Првиот чекор

CL.png

Откако си го обезбедија водечкото место на домашниот пазар, училиштето за програмирање Coders Lab од Полска на почетокот од 2019 година потпиша франшизен договор со Романската компанија "ЕJobs", најголемата онлајн платформа за вработување.

Како примател на франшиза, "ЕJobs" добива можност да ја прошири својата постоечка деловна понуда со специјализирани IT курсеви со примена на знаењето (know-how)  на Coders Lab, стои во соопштението на Полската компанија.

Марќин Чожевски кој е основач и извршен директор на Coders Lab  истакнува дека оваа компанија со својата понуда на курсеви за информатика (IT курсеви)значително помага во решавањето на проблемите кои се забележливи не само на полскиот пазар на трудот. – Неусогласеноста на структурата меѓу потребите  на работодавачот и бројот на IT стручњаци присутна е во повеќето земји во Европа. Тоа се однесува и на Романија каде што сега ја започнавме соработката со силен партнер. Не се сомневаме дека EJobs  ќе воспостави синергија помеѓу постоечкото работење и нашите понуди за курсеви -  вели Чожевски.

Од друга страна, пак, со земањето на франшизата од Coders Lab ќе и се овозможи  на компанијата EJobs  да развие нова дејност.  – Дваесет години бевме водечка компанија на пазарот на вработување. Образованието е следниот голем чекор  во градењето не само на нашиот бизнис туку и на индустријата.  Верувам дека вложувањето  во образованието е потребно пред се заради превирањата во секторот човечки ресурси. Во моментов IT стручњаците се меѓу трите најбарани занимања. А компаниите се уште немаат доволен број кандидати кои можат да ги пополнат сите IT работни места. Токму Coders Lab ќе овозможи да се пополни таа празнина и ќе им овозможи и на кандидатите и на компаниите да победат во натпреварот кој се води меѓу работодавачите и идните вработени. Пазарот лесно може да прифати и до 20.000 IT стручњаци, со што патот им е отворен на сите оние кои сакаат да градат  кариера во оваа област - истакнува извршниот директор на EJobs  Богдан Бадеа.

Како што е предвидено со франшизната соработка, EJobs ќе има ексклузивно право да отвора и развива синџир на буткампови (училишта за програмирање) на подрачјето на Романија. Ќе биде задолжен за изнаоѓање на предавачи, организирање на курсеви, маркетинг и продажба, а од друга страна IT експертите од седиштето на Coders Lab во Полска ќе работат на развојот и ажурирањето на наставниот материјал. На почетокот Coders Lab во Романија ќе нуди два курса (JavaScript developer: React  и  Back-end developer: PHP), а понудата со текот на времето ќе се проширува. Првите буткампови на Coders Lab треба да започнат со работа пролетта 2019.

Давателот на франшиза продолжува да бара партнери и во другите европски земји, па и во Северна Македонија. – За сега сме насочени кон земјите од средна и југоисточна Европа, но голем потенцијал гледаме и во земјите со висока стапка на невработеност,  како што се Шпанија и Италија. Нашиот концепт на франшиза посебно им одговара на компаниите  кои веќе се занимаваат со едукација како што се стручните училишта, училиштата за странски јазици или приватните училишта. Од друга страна, како што потврдува и оваа соработка со EJobs , Coders Lab може да биде опција и за компаниите за вработување или управување со човечки ресурси – смета Марќин Чожевски.

Покрај постојаното ажурирање на наставниот материјал, примателите на Coders Lab франшизата добиваат и пакет со алатки кои ќе им помогнат во секојдневната работа – тоа го вклучува и Learning Management System  со чија помош лесно и ефикасно се организира и следи распоредот на предавања, предавачите, профилот на корисници, исполнетоста на просториите и курсевите, популарноста на наставникот, извештаите за профитабилноста и слично.

 

 

 

 

NatasaBogojevic.jpg
Автор
Наташа Богојевиќ
Уредник