Брзото читење го освојува регионот
Франшизниот концепт „Училиште за брзо читање и мудро учење“ наменет главно за деца кои сакаат да научат брзо читање и техники на учење и помнење, пристига на пазарот во Хрватска.
Хрвоје и Хелена Ткалчиќ решиле да се впуштат во претприемачките води, па затоа во Велике Горице во Хрватска отвориле „Центар за подучување ХЕЛЕНА“ кој ќе нуди специфични образовни програми наменети за деца. Еден од програмите кои ги одбрале е и „Училиште за брзо читање и мудро учење“ со кој потпишале договор за мастер франшиза.
- Барајќи такви и слични програми за нашите деца во Велика Горица, не успеавме да пронајдеме ништо слично. Тоа ни даде идеа и не мотивираше да отвориме сопствена компанија, односно Центар за подучување во кој би вклучиле повеќе програми наменети за децата и со чија помош тие би го учеле тоа што класичните училишни програми не им го овозможуваат: зголемување на нивото на фокусираност, концентрација и самодоверба, совладување на техниките за брзо читање, ефикасно учење и успешна презентација на наученото. Тоа се важни вештини со кои така едуцираните деца во голема мерка би се разликувале од своите врсници - објаснува Хрвоје Ткалчиќ.
Иако не им недостасува идеа, за почеток одлучиле да земат две франшизи. Едната од нив е „Училиште за брзо читање и мудро учење“. – Ќе развиваме и сопствени програми. Имаме многу идеи. Но, ни се чинеше дека франшизингот е добар избор за некој кој започнува со претприемништво. Напоредно со тоа, ја следевме работата на сопствениците на концептот „Училиште за брзо читање и мудро учење“ Мирослав Самарџиќ и Часлав Манчиќ. Видовме дека концептот е разработен до најситни детали заради што и сме уверени дека ќе постигне успех и на Хрватскиот пазар – вели Ткалчиќ.
Велика Горица, напоменува тој, е поволна средина за претприемништво. Тоа е шести по големина град во Хрватска, во близината е на Загреб, има многу мали претприемачи, но и млади семејства, што секако одговара на концептите од областа на образованието.
Хрвоје и Хелена Ткалчиќ наскоро ќе започнат со бесплатни работилници преку кои децата и нивните родители ќе ги запознаат со програмата на „Училиште за брзо читање и мудро учење“. Со полн капацитет, училиштето ќе започне со работа од новата учебна година.
Мирослав Самарџиќ, кој е еден од идејните творци на „Училиште за брзо читање и мудро учење“ вели дека е многу задоволен од ширењето на овој франшизен систем, а особено е горд за неговото ширење во земјите од регионот. Имено, покрај мастер договорот потпишан за територијата на Хрватска, на почетокот од февруари започна со работа и училиште во Источно Сараево (се работи за single-unit франшиза), а договор е потпишан и со одделен примател во Црна Гора. Тоа училиште со работа ќе започне во април.
- Секојдневно добиваме прашања за франшиза од Србија и регионот. Задоволни сме од интересот и постигнатото. Во БиХ и Црна Гора потпишавме одделни франшизи бидејќи сметавме дека тоа ни се подостапни пазари, а такви беа и барањата на примателите на франшиза. Што се однесува до пазарот во Хрватска, сепак се работи за пазар на Еврпската унија и мислам дека сами без примател на мастер франшиза не би можеле да направиме значајни резултати - објаснува Мирослав Самарџиќ.
Примателот на франшиза добива целосно знаење поврзано со развојот на ова училиште како материјали, вработување на едукатори, маркетинг, опремување на училниците. Материјалите во „Училиште за брзо читање и мудро учење“ тематски се прилагодени на децата. За време на часовите на развивње на техники на учење, тие носат и свои лекции. Целта е децата да научат како со што помалку напор да постигнат подобри резултати. Кога станува збор за брзо учење, за време на целата програма, сите текстови кои се читаат се приближно со иста тежина за да се следи напредувањето. На две недели се мери напредокот во брзо читање и нивото на разбирање.
Неопходни инфраструктурни услови се училници опремени со клупи и столици, компјутер, печатач, телевизор или проектор. Во помалите градови доволна е една училница, а во поголемите две. Добро е ако тие се наоѓаат во подрачје каде децата веќе доаѓаа и каде има слични активности.
Во Србија моментно работат 11 „Училишта за брзо читање и мудро учење“, во БиХ и Црна Гора, како што веќе споменавме, по една.
Погледнете во каталогот
Други концепти од секторот Образование
International Kids Academy
Дневен престој за деца
Maple Bear
Школа за странски јазици
YES INTERNATIONAL
Школа за странски јазици
Young Engineers
Дневен престој за деца
Малац Генијалац
Образовна програма за деца
Научна кујничка
Образовна програма за деца
Најнови вести
Прикажи сè
Научна кујничка – наука низ игра
Научната кујничка ги спојува науката и играта преку експерименти и работилници за деца, додека на франшизерите им нуди стабилен и перспективен бизн...
Ширењето на знаењето без граници
„Школата за брзо читање и мудро учење“ претставува еден од ретките домашни франшизни системи кој со години успешно се носи со сите предизвици и пос...
NYC BAGEL франшиза која мириса на успех
Њујоршки багел со сараевска душа: како еден брачен пар започна успешен бизнис и сега нуди франшиза за сите што сакаат автентичен бренд во својот град.
Силен бренд и посветеност на работата
„Малец Генијалец“ е бренд познат низ целиот регион. На пазарот во Северна Македонија сѐ уште постои потенцијал за проширување на франшизната мрежа.